Автор Тема: Сервис - замена на семеринзи на вентили  (Прочитано 12361 пати)

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #45 на: 30 Јуни 2019, 14:15:23 pm »
Види, реалноста во Македонија ти е таа. Ако сакаш било кој мајстор да направи нешто додека ти му диктираш што да прави, да направил претходно таква процедура на ист таков мотор (прилично редок во мк), да ти чита на глас од упатството што ти си му го дал (за да бидеш сигурен дека го прочитал), и притоа да не биде овластен сервис пошто „не ги бива“, тогаш многу веројатно дека од мајсторите ќе добиеш одговор: „ене ти ја вратата“, или „ако толку знаеш што треба, земи направи си го сам“.
Мајстори што ќе ти ја средат колата има. И ќе извадат гумици, и ќе наместат нови и нема глава да растураат и тајминог после тоа ќе ти го наместат како што треба, ама тоа ти што го бараш покрај тоа, за мене е разбирливо дека наидува на малку сеирџисување и подбивање на  форум. :)
И секако, не мораш на секој комнетар да враќаш, може да одговориш само на оние што мислиш дека се вредни за одговор :)
Ќе те корегирам малку.
Не барам на ваков мотор да има работено.
Никаде не реков дека јас сакам да суфлирам. Напротив - кажав што очекувам, а тоа е да отчита вредности карактеристични за овој мотор.
Нема потреба од наддавање :) Не ги храни троловите.
А да - овластениот сервис се лопови пред се. Тие сакаат утре пак да се вратам таму со истиот или по можност - нов квар. Затоа сменаа лагер на крива главина и го преполнаа автоматикот со масло.
Btw некој на форумов мора да биде задолжен да чисти мрчење и чамче муабети. Вие што сте тука подолго време си ги знаете троловите и мрчаторите, ама некои нередовни и нови не знаат со кој си имаат работа. Со редовно чистење се ќе биде под контрола.
Made in Japan ☮

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #46 на: 30 Јуни 2019, 14:18:22 pm »
Муабетов е стар 16 години, мајстор Перо (немам тел.) гаражата му гледа кон Веро Џамбо, ул Шина Стојанова.
Не знам дали сеуште работи мајсторот, работеше само поручек, не се брзаше, работеше методично и педантно, алатот не му беше расфрлан односно по употреба и ако веќе не му беше потребен го враќаше на свое место. Југото го одржував кај него и нормално потоа и Типото.
Тој ми посочи дека дихтунгот за поклопец на глава за Типото што му го однесов не ми е најквалитетен и дека ќе држи кратко време, сепак му реков да го монтира.
Се покажа дека е во право.
Се вратив кај Илија да си го одржувам Типото, (еден период југото го одржував кај него пред да стане овластен за фиат).
Таму го сменив дихтунгот (дупло поскап) и си издржа наредни 5-6 години додека не ја продадов колата :)
Перо ни го одржуваше "тристачот" добри 15 години. Кога ќе штелуваше он вентили, трошеше 9л/100км. Иначе по 13 лапаше.

Sent from my Redmi Note 7
Ете, може да се заклучи дека Перо не е анегдота ;D
И Симката на татко ми му ја имавме доверено за промена на ланче, гумици на вентили и нивно штелување.
Среќа таа кола не се расипува лесно а и не се вози толку често за да бркаме мајстор :)
Некои работи си ги правиме сами со татко ми, барем до кај што знаеме и можеме :)

Отсутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5044
  • The Spartan General
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #47 на: 30 Јуни 2019, 14:21:45 pm »
Не е само еден 2.0 VVTI. Верувај, за другиот мислиш. 6 цилиндерски е овој.
Иначе - ги има симптомите на семеринзи на вентили кои за менување. Нема симтпоми на карики за менување.

Ти го прочитав и првиот пост и знам за кој мотор станува збор. И тој како си набива километража си станува маслојад. Ако симптомите се сино-сив чад на ладен старт или гас после стоење во место и вадење сиво-сино облаче позади, не поминуваш само со промена на семеринзи на вентили.
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #48 на: 30 Јуни 2019, 14:37:54 pm »
Не е само еден 2.0 VVTI. Верувај, за другиот мислиш. 6 цилиндерски е овој.
Иначе - ги има симптомите на семеринзи на вентили кои за менување. Нема симтпоми на карики за менување.

Ти го прочитав и првиот пост и знам за кој мотор станува збор. И тој како си набива километража си станува маслојад. Ако симптомите се сино-сив чад на ладен старт или гас после стоење во место и вадење сиво-сино облаче позади, не поминуваш само со промена на семеринзи на вентили.
Баце, од кај го знајш моторов? Наброј ми ги автомобилите низ Скопје кои го носат овај мотор.
Маслојад со 300мл на 3000км - маслојад. Имаш ти појма од автомобили? Или си во заблуда дека имаш ги лажеш другарчињата во мало кај тебе? За се си постои мерење со инструменти.
« Последно менување: 30 Јуни 2019, 14:43:36 pm is200 »
Made in Japan ☮

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #49 на: 30 Јуни 2019, 14:42:38 pm »
Му пречи “терсене табиет” се обраќа со Баце.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #50 на: 30 Јуни 2019, 14:43:59 pm »
Му пречи “терсене табиет” се обраќа со Баце.


Sent from my iPhone using Tapatalk
Само на бациња му се обраќам со баце, баце ;)
Made in Japan ☮

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #51 на: 30 Јуни 2019, 15:27:41 pm »
Како прво другар твоето ноншалатно однесување и на некој начин навредување од околу не ти е на место.
Сеа еве баце да ти каже нешто 300мл масло можеби би било нормално на секоја промена на масло да потроши, ама на 3000км мислам дека не е нормално.
Друга работа е што веројатно те погоди тоа што Луки ти го сервираше дефектот на тацна па го прашуваш од кај го знаеш моторов, пошто не очекуваше таков прецизен одговор и чисто за инфо не живее во Скопје.
Јас со мојот пост погоре не терам на зафрканција туку ти кажувам како стојат работите кога е во прашање потрошувачка на масло, ама нејсе јас не читам литература и лупам глупости од ракав.
Како и да е, од се срце ти посакувам да го решиш проблемот, мајстор имам што може да го изврши зафатот, ама ќе ти каже да ја напуштиш гаражата штом ја оставиш колата, зошто не сака бајачи, не верува во надри лекари.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #52 на: 30 Јуни 2019, 15:45:18 pm »
Не проаѓаш со семеринзи али ајт. Менувај се комплет, а тоа подразбира вадење глава.
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #53 на: 30 Јуни 2019, 17:07:06 pm »
Сега кога ќе ви дојде бацето да ви каже дека немате појма

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #54 на: 30 Јуни 2019, 17:15:40 pm »
Баце не се разбира од коли, он повеќе бела техника расправа....

Али ти си брат експерт, секоја ти чест, се гледа дека имаш милион работни саати помунато на јутјуб и пдф мануали.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #55 на: 30 Јуни 2019, 18:10:22 pm »
Се чудам како опстојува форумов. Која симбиоза е на проста заостаната примитивна багра и сосема нормални луѓе кои имаат знаење и сакаат да помогнат. Ама баш е слика на нашето општество! Затоа сме каде што сме, последни во се.
За мој автомобил ми кажуваат како да се поставам. Да сум доверел доверба на некој кој не го познавам, а сите знаат какви се далбати има со сервиси во државава. Ми кажуваат дијагноза на форум, без мерење, без да имаат можност да го повозат автомобилот, чисто од инает и љубомора. Јас ќе се снајдам, ама абдалите ќе си останат абдали.
Фала на сите кои ја разбираат ситуацијата и ја разбираат мојата загриженост и барања. Останатите кои сакате да ме убедите дека не сум во право за ова што го барам - имајте и вие убав ден. Everyone's entitled to his opinion.  ;)
Made in Japan ☮

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6747
  • Бенве сие бенве
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #56 на: 30 Јуни 2019, 18:55:04 pm »
Ја се чудам како не запли кола и право јапан на мајстор...


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #57 на: 30 Јуни 2019, 19:00:16 pm »
Не бе шеф не ти кажуваме да ја носиш кај некој мајстор што не го познаваш, таман работа, ќе се зближиш прво со човекот, месец, два, три, да видиш што чоек е прво...

Абе утре срце ќе те мавне, не дај боже, да не ќе бираш година дена кој операција да ти прави, или ќе гледаш да  спасиш живот што побрзо... ама па ова мотор е не е срце.... покомплицирано е.


Ја се чудам како не запли кола и право јапан на мајстор...


Sent from my iPhone using Tapatalk

Не бе каков Јапан, тие Јапан да се разбираа немаше да го напраат вака да се расипува па после да мора балканец да го оправа.

Отсутен Tesla

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1441
  • Eбач на батерии :D
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #58 на: 30 Јуни 2019, 19:30:37 pm »


 ;D ;D ;D
Д'г ж'т в'к п'н б'и - Долг жолт волк полн болви.

Zenu dupe krasi a tortu orasi.

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7076
Одг: Сервис - замена на семеринзи на вентили
« Одговори #59 на: 30 Јуни 2019, 20:28:52 pm »
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

 ;D ;D ;D
Америка: Се расипува, го носиш на мајстор

Русија: Се расипува, сам го поправаш.

Македонија: Се расипува, го носиш на мајстор и му кажуваш како да го поправи.