Автор Тема: Valve stem seals - Замена - сервис  (Прочитано 9981 пати)

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Valve stem seals - Замена - сервис
« на: 15 Август 2018, 23:10:23 pm »
Другари,

Ми треба сугестија за механичар кој има знаење и искуство со вакви зафати. Потребно е да чита сервисни упатства достапни на интернет кои ќе му ги обезбедам и да ја заврши работата наместо мене. Јас немам ниту време, а уште побитно - услови (гаража, алати ). Кога би имал услови не би дозволил ниту еден механичар да работи на мој автомобил, ама тоа е што е, жалосно е што до сега не сум наишол на едуциран механичар. Најчесто калфите знаат повеќе од главните "механичари". Но, најбитно - никој не се надоградува, сите работат по принципот - знам бидејќи отворано. Проблемот е што не сите автомобили се исти, кај некои има ситници кои кај други не се присутни. Па така, некој кој ги менувал плочките од кочниците напред на мојот автомобил заборавил да ги стави пружините кои ги одделуваат плочките (бидејќи на повеќето автомобили нема). Не сакам да се случи такво нешто со посложен склоп како моторот на пример.

Ако некој знае интелегентен механичар кој не е тврдоглава самобендисана мрзлива будала, молам да ми остави контакт. Значи барам едуциран, нормален механичар кој е со сите, а не овластен сервис. Немате претстава на какви недоквакани механичари имам наидено, да не знаат сервис на кочен систем да направат. Не знаат ни threadlocker што е, користат ист лубрикант за сите склопови( несоодветен за ниту еден!), немаат компаратор, немаат моментен клуч, немаат благе везе со механика, АМА - имаат гаража и дигалка. Да не редам повеќе причини зошто барам помош.
Made in Japan ☮

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #1 на: 16 Август 2018, 00:46:02 am »
Барем да кажеше за што кола се работи...

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #2 на: 16 Август 2018, 02:19:57 am »
Барем да кажеше за што кола се работи...
Иако сметам дека е ирелевантно, се работи за линиски 6 цилиндерски бензинец со одличен пристап до сите можни сервисни делови. Не сум видел досега толку голем мотор со толку добар пристап. Претходно имав мал бензинец со 4 цилиндри и разбирливо, имаше многу добар пристап, но на овој мотор е уште подобар пристапот. Неверојатен јапонски инженеринг. Само за жал овде 95% се аматери т.н. механичари, што велат старите - најслабите ученици одеа за механичари. И разбирливо - до пред одредено време автомобилите беа правени така да и немеханичар со основни алати и услови можеше сам да си го сервисира автомобилот без користење на прирачници или посетување на обука. Но, одамна тие не се веќе способни да направат и основен сервис и вообичаено посегнуваат по чеканот кога не можат да одвртат нешто...Катастрофа.

Сметам дека е ирелевантно за кој модел се работи бидејќи за секој автомобил има детални упатства како се сервисира и кои алати се потребни. Се е достапно и бесплатно. Просто да се чуди човек кога не посегнуваат по ниту еден прирачник и сите брендови ги третираат еднакво и секогаш кога ќе одиш да сервисираш едно ќе ти направат проблем нов со некој друг дел. Конкретно јас отидов со нови предни амортизери, нови буфери, се ново од суспензија напред, бог знае што направија, сега слушам секакви звуци од предницата кои претходно не постоеја. Сега морам еден по еден сам да ги откривам и да ги отстранувам. А кога ја однесов беше само за замена на амортизери и две чаури. Им дадов нов делови и успеаја да упропастат нешто. Затоа со мирна мисла ќе кажам дека 95% од т.н. механичари во држава се тиквари недоквакани и антиинтелегентни.

Во потрага сум по некој од тие 5%  :)  (5? можеби сум премногу оптимист)
Made in Japan ☮

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #3 на: 16 Август 2018, 04:59:35 am »
Би можел да побараш помош од специјализиран сервис за твојата кола во Грција. Не мора овластен, да биде специјализиран. Ене кај е, добри и обучени мајстори имаат. Кај нас има мајстори што прават ремонти, менување на гумици и воџици на вентили, не би им било проблем, но ако веќе имаш специфични барања од мајсторите, подобра опција ти е Грција.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #4 на: 16 Август 2018, 05:42:57 am »
Би можел да побараш помош од специјализиран сервис за твојата кола во Грција. Не мора овластен, да биде специјализиран. Ене кај е, добри и обучени мајстори имаат. Кај нас има мајстори што прават ремонти, менување на гумици и воџици на вентили, не би им било проблем, но ако веќе имаш специфични барања од мајсторите, подобра опција ти е Грција.
Со задоволство би го однел автомобилот во Грција, но, не знам ниту еден таков сервис. Што поблиску тоа подобро. Ако знаеш некој би било супер.
Made in Japan ☮

Отсутен nikola_bb

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4970
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #5 на: 16 Август 2018, 08:19:04 am »
На лице место ќе менуваш гумици? Или ќе растураш?
Инаку се сложувам за констатацијата за мајсторите, мада земи и во обзир колку е работната рака. Зборот ми е затоа и нема квалитет све ојлевци и дојлевци работат.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #6 на: 16 Август 2018, 08:47:17 am »
Апсолутно си во право. И оние кои ги бие глас дека се едни од најдобрите, ако им дадеш сугестија за што и како, одма мислиш дека си ги истепал. Самобендисаност. Као у стилу, јас сум еден од најдобрите, што па ти како корисник ке ми кажеш? Јас толку коли имам растурено... А бе уште толку да растуриш и да склопиш ако си папан, папан ке останеш.

Со среќа во потрагата.
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен IdeuX

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 762
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #7 на: 16 Август 2018, 09:34:09 am »
...

Па тебе не ти било работа да завршиш туку да филозофираш. На наједноставното прашање за што кола се работи, ти дрндаш дека е ирелевантно и дека сите се копуци. Планирав да ти препорачам пријател мајстор што квалитетно ќе ја заврши работата, али гледам дека ќе ми се скара ако му пратам некој ко тебе. Знаеш, мајсториве и тука и во околина едвај чекаат некој ваков што за определена работа ќе му диши у врат, ќе му го оценува секој потег, па уште и ќе го учи со прирачници. Ако знаеш што треба, ако не треба специфичен алат и ако било многу пристапно, биди фраер и сработи си ја сам колата.

А пошто Симо ти ја препорача Грција, слободно оди со прирачниците таму да видиш како ќе те истретираат.

Иначе најверојатно се работи за Lexus IS 200 1G-FE мотор. Јак штик.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #8 на: 16 Август 2018, 09:56:49 am »
Колку и да си во птаво што ги испосра механичарите, прво треба да се изјасниш за што модел, мотор се работи, што мислиш дека е проблемот и дали и како може да се поправи.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #9 на: 16 Август 2018, 10:10:52 am »
Se iznacitav i nemozam da svatam dali baras da ti resat problem ili da kritikuvas majstori. Gi izruga gi izruga na site strani serviserite i pak ne kaza tocno sto maka si imas. Si go ispofali motorot demek e vrvno dostignuvanje ama pak problemot ne go kaza. Zosto si zimal takva kola sto e cudo prirode. Zemi si nekoe dostignuvanje karburator sistem i miren kje bides i so mehanicari i so elektricari primer yugo koral 55.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #10 на: 16 Август 2018, 13:58:40 pm »
Јас ќе ти обезбедам современа гаража со екстра алат без пари, ти менувај по твој тертип. Ако не успееш и заглавиш ќе имаш бекап од стручно лице ама ќе мора да платиш десетоструко. Одговара ли?

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #11 на: 16 Август 2018, 14:15:55 pm »
...

Па тебе не ти било работа да завршиш туку да филозофираш. На наједноставното прашање за што кола се работи, ти дрндаш дека е ирелевантно и дека сите се копуци. Планирав да ти препорачам пријател мајстор што квалитетно ќе ја заврши работата, али гледам дека ќе ми се скара ако му пратам некој ко тебе. Знаеш, мајсториве и тука и во околина едвај чекаат некој ваков што за определена работа ќе му диши у врат, ќе му го оценува секој потег, па уште и ќе го учи со прирачници. Ако знаеш што треба, ако не треба специфичен алат и ако било многу пристапно, биди фраер и сработи си ја сам колата.

А пошто Симо ти ја препорача Грција, слободно оди со прирачниците таму да видиш како ќе те истретираат.

Иначе најверојатно се работи за Lexus IS 200 1G-FE мотор. Јак штик.

Слободно можеш да го толкуваш тоа што го кажав како што сакаш. Некои ја сфатија поентата, но ти не.
Нормално дека ќе му оценувам се кога тоа ми е струка. Тоа се вика професионална деформација,а не филозофирање. Ако пријателот ти е самбендисан не ни сакам да одам. Барам механичар со кој ќе бидеме на иста фреквенција, некој кој отвора склопен цртеж од нештото на коешто работи.

btw за моторот реков дека е ремек дело во поглед на пристапноста на сервисните делови. Ни тоа не си го сфатил, веројатно со вжештена глава си го читал текстот.

Made in Japan ☮

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #12 на: 16 Август 2018, 14:18:24 pm »
Колку и да си во птаво што ги испосра механичарите, прво треба да се изјасниш за што модел, мотор се работи, што мислиш дека е проблемот и дали и како може да се поправи.

Морав да кажам каде не сакам да ме уптатите. Тоа можеш да го наречеш како што сакаш, но тоа е реалноста. Да беше реалноста обратна немаше ништо да кажам, немаше ниту тема да отворам.
Друго - бидејќи цело време зборувам во прво лице, за себе и својот автомобил, а никнејмот ми е is200, барем колку за IdeuX можеше да се потрудиш ќе знаеше за што мотор се работи. Ама па воопшто не е релевантно и убаво кажав зошто.
Made in Japan ☮

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #13 на: 16 Август 2018, 14:22:16 pm »
Se iznacitav i nemozam da svatam dali baras da ti resat problem ili da kritikuvas majstori. Gi izruga gi izruga na site strani serviserite i pak ne kaza tocno sto maka si imas. Si go ispofali motorot demek e vrvno dostignuvanje ama pak problemot ne go kaza. Zosto si zimal takva kola sto e cudo prirode. Zemi si nekoe dostignuvanje karburator sistem i miren kje bides i so mehanicari i so elektricari primer yugo koral 55.
Од инженерски аспект, знаеш ли ти дека тој модел што го спомна беше конструиран да може секој сам во домашни услови да го поправа со најобичен стандарден алат? Тоа е еден убав пример за тоа што го кажав јас.
Од друга страна - ти и уште неколку тролови во темава не сте тука за меѓусебно помагање туку за чамче муабет. Де таму листајте на фејсбук, поинтересни теми има, вака, ко за вас.
Made in Japan ☮

Отсутен is200

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 244
Одг: Valve stem seals - Замена - сервис
« Одговори #14 на: 16 Август 2018, 14:26:29 pm »
Јас ќе ти обезбедам современа гаража со екстра алат без пари, ти менувај по твој тертип. Ако не успееш и заглавиш ќе имаш бекап од стручно лице ама ќе мора да платиш десетоструко. Одговара ли?
Договорено! Долго време барам гаража никој не издава, баш би било супер.
Само едно прашање - зошто 10х ? Дали со ова сакаш да ги потврдиш моите критики? :) Сакаш да кажеш дека останатите 95% , под услов тој да е во тие 5%, треба да ја намалат цената 10х, па така конечно некој механичар што има појма да наплати реална цена. Мислам дека те разбрав. ;)
Made in Japan ☮