Ајде Томи, бидејќи си еден од членовите кои знам дека можат да разберат, јас за тебе ќе ти ги наредам сите постови, кои се измешани, а не си успеал да ги сфатиш. Знам дека си ги сфати оној што требаше, ама еве јас за мнозинството и особено за оние кои гласале за предлогот кој има најмногу гласови..
Имаш проблем со опциите, па немаш проблем со опциите ..... Па на крај Зеро ти е крив што постои темава ...
Во цитатот мој што си го поставил пред ова да го заклучиш го имаш целосното мислење, ама си заборавил да го болдираш, односно си болдирал тоа што си посакал.
Томи, гОЈДЕТО не знај на која страна тера.
Ставил анкета за вкус.
Со негови опции, како сака тој.
Не дека ми пречи анкетата.Али еве, сега да најдам слободно време, да ставам и јас анкети за сите коли на членовите на форумов.
Со опции како сакам јас.
Грдо, Малку Грдо или Многу Грдо.
На што ќе личи форумов?
Како што гледаш уште во твојот пост, односно она што си го цитирал, нагласив дека не ми пречи анкета воопшто. Туку ми пречи следново:
Опциите се тие - Одличен, Добар, Просечен, Подпросечен, Грд, Најгрд - само малку поколоритно напишани.
И никогаш не реков дека Зеро е крив што постои темава. И самиот тој напиша:
Е сега.. И јас мислам дека темава не е потребна, но во духот на слободата на изразување, нема да ја затворам и тргнам. Со тоа што, ќе ги замолам сите да се воздржат од лични навреди.
Моето мислење е дека i30 е подпросечен по дизајн. „Позајмените“ дизајнерски елементи кај i30 се очигледни (исто како и кај i20), но овие две возила ќе бидат заменети во блиска иднина, па нема да бидат воопшто релевантни. Воглавно, новата дизајнерска насока на Хјундаи ми се допаѓа.
Значи темата за ова возило кои ќе биде заменето во блиска иднина не е потребна.
И секако, она најбитното. Прашањето кое го поставив, за кое гласале најголем број на членови, вклучувајќи го и дотичниот автор:
Што значи една кола да има препознатливи линии?
Додека истиот грижливо се обидувал да собере материјал од неколку генерации од БМВ, за да ни ја долови поентата на препознатливи линии (што е сосема точно, токму тоа се препознатливите линии), одговорот беше веќе напишан од мене, односно дека и30, Сеед, Круз или незнам кој нови коли кои се појавија на пазарот, не може да имаат препознатливи линии како генерациите на останатите коли, бидејќи истите за прв пат се појавиле во 2007 односно 2008 година. Со тоа целата смисла на темата со која ја отворил, за да докаже дека и30 нема препознатливи линии (нормално дека нема), и дека оние кои ги има се грдо поставени (вкусовите не се разговараат, негово право си е да мисли дека е најгрда), паѓа во вода.
Исто паѓаат во вода сите оние гласови дадени за истиот предлог.
Тотално непознавање на автомобилскиот свет.
Откако го виде мојот одговор, а веќе му беше напишан неговиот пост за линиите, човекот паника го фати, па почна да зборува за некои лања
(збор кој јас прв пат го среќавам во македонската литература)
И секако, моето пишување на непотребната тема (секоја чест на оние стабилни членови кои се воздржаа од пишување на истата), ќе го завршам со еден цитат од член на истата тема:
Ипак неможеш да приговараш тука, за вкус се работи, на некој му се свиѓа на некој не...