Гласање

Ви се допаѓа или не ви се допаѓа и тоа колку?

Врвен дизајн во авто-индустријата и уметноста - елеганција во движење и хармонија во мирување
2 (3.7%)
Неговиот добар дизајн е битна причина поради која би се одлучил(a) за i30
1 (1.9%)
Изгледа просечно но сосема прифатливо
20 (37%)
Нема препознатливи линии, а оние кои ги има се украдени од други возила и се лошо распоредени
22 (40.7%)
Грдосија гледана од сите можни агли и аспекти. Би го возел(а) само ако морам
8 (14.8%)
Најодвратно возило во класата. Да даваа 100 мил. евра за најодвратен дизајн, победникот ќе беше помалку грд
1 (1.9%)

Вкупно гласови: 54

Автор Тема: Изгледот на Hyundai i30  (Прочитано 14618 пати)

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8531
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #15 на: 14 Ноември 2011, 15:08:44 pm »
Да е нешто што е видено и убаво за око, а не да се земат тие препознатливи линии од други возила и да се претворат во нешто невкусно и непрепознатливо.
Едино ако хјундаи не направиле нешто ново и невидено никаде па да падне све ова во вода.

А до тебе едно прашање. Мора игла во сено да бараш секогаш? :D

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7244
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #16 на: 14 Ноември 2011, 15:10:40 pm »
Да ја скријат значката на и30-кава, тешко некој дека ке каже дека е Хјундаи ....

Пробај истото со BMW, и ке ти стане јасно ...

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #17 на: 14 Ноември 2011, 15:14:34 pm »
Мене ми е безлично, со примеси на грдо. Ceed на пример ми е многу попривлечен.

Не гласав дека ми е одвратно од сите агли и дека би го возел ако морам, не ми е до толку, затоа ја избрав малце по благата варијанта.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #18 на: 14 Ноември 2011, 15:21:05 pm »
Мене ми е безлично, со примеси на грдо. Ceed на пример ми е многу попривлечен.

Не гласав дека ми е одвратно од сите агли и дека би го возел ако морам, не ми е до толку, затоа ја избрав малце по благата варијанта.
Да. Rio на пример е подношљиво, во добра верзија... А и иста цена е со и30, или блиску. Подобар избор според мене е Рио, како и да е има многу голем број на коли кои би ги земал пред овие две.

Отсутен MickeY MousE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • *** Disney ***
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #19 на: 14 Ноември 2011, 15:21:41 pm »
и30-кава за првпат се појавува на пазарот во 2007 година како нов модел.
Значи таа не потекнува нити од Акцент, нити од Гетц нити од било што претходно.
Скроз нов модел излегува на пазарот.
И сега некој прашува зошто тој модел, ако го извадиме знакчето од маската немало да го препознаеме?
Па било кој модел, нов, ако му го извадиме знакчето нема да го препознаеме.
Што значи нов модел? Тоа не значи Нов Голф 6, кој претходно има 5 генерации во текот на пола век!
И сега проблем било тој нов модел, кој е стар само 4 години, што имал детали кои личеле на другите?
Што правиме со оние т.н. староседелци во класата, било да е тоа Астра, Леон, Пежо, Цитроен и штознам кој таму, што имаат линии кои личат на некои веќе видени? Нели се тие поголеми криминалци во случајов?

Уште не можам да се изначудам.. Немал препознатливи линии.. А кутриот нема претходник.. Нема ни мајка ни татко.. А бараме да личи на некого..

Едит- овај и30 одамна има фејслифт.. Не се ни нуди веќе..

Едит2


Ако ова е најгрдо во класата, тогаш некој стварно има проблем со самиот себеси пред се.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8531
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #20 на: 14 Ноември 2011, 15:26:12 pm »
Оно е земено и крадено од други коли што не е ништо чудно, ама за мое око не е убаво направено тоа, пробале да направат нешто различно и усрале работа. За да направиш нешто различно треба да почнеш од почеток а не да измениш нешто веќе постоечко и даочекуваш да бидеш различен.

Ипак неможеш да приговараш тука, за вкус се работи, на некој му се свиѓа на некој не...

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #21 на: 14 Ноември 2011, 15:26:48 pm »
Нема препознатливи линии, а оние кои ги има се украдени од други возила и се лошо распоредени

Што значи една кола да има препознатливи линии?
(Прашањето се однесува на сите кои гласале за него т.с. дека нема)
Тешко дека може да разбере некој кој гласал за првата опција, но ќе се обидам:
1980:

1990:

2000:

2010:
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14242
  • Пудингот на шоферството
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #22 на: 14 Ноември 2011, 15:27:09 pm »
Лошо е кога ке дознаеш дека го имаш најлошиот вкус  ;D ;D ;D ;D
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен MickeY MousE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • *** Disney ***
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #23 на: 14 Ноември 2011, 15:28:22 pm »
гОЈДО прочитај го мојот пост уште еднаш..
Пред да постираш генерации..

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8531
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #24 на: 14 Ноември 2011, 15:29:05 pm »
Никој не рекол дека е најгрдо. За најлошата опција нема гласови...

Отсутен MickeY MousE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • *** Disney ***
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #25 на: 14 Ноември 2011, 15:30:07 pm »
На тој кој му се обраќам има преку 20 поста каде вика дека е најгрдо.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54953
  • Махер
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #26 на: 14 Ноември 2011, 15:31:34 pm »
Никој не рекол дека е најгрдо. За најлошата опција нема гласови...
Баш тоа! Најубаво е објаснето пред многу години од еден автомобилски новинар, кој сите ќе го препознаеме и денес. Тоа што тогаш важело за Нисан Сани, денсе важи за Хјундаи. До збор.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #27 на: 14 Ноември 2011, 15:33:15 pm »
Мики без да читам знам дека лања си напишал. Ај најди слика од задница на БМВ 1 и спореди со и30. Потоа најди Саксо МК2 и спореди ја предницата со предницата на и30. Ко што гледаш и30 е копиле на кое не му се знае кој му е татко, а мајка му корејска се изнаредила со сите.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен MickeY MousE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • *** Disney ***
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #28 на: 14 Ноември 2011, 15:37:07 pm »
Ако тебе ти личи на Саксо од напред, ако тебе ти е грдо во целост, не значи дека на цел форум треба да му биде грдо?!
Или општо на сите?
Од кога почна ти да знаеш што се тоа лајна? Не знаеш ни да ги напишиш..
Сега ќе почнеме на форумов и вкусови да му наметнуваме на луѓево..
Боже сачувај..

Едит - проблем е што колата нуди најмногу за цената во класата. Или нудеше од времето кога се продаваше, кога прв пат излезе. Кога Голф одеше со мотокултиватор.
Арно ама, гледам имала друга маана. Немал мајка и татко.
Па и тоа не му беше пречка да се продаде во огромен број.
Ни тоа не беше пречка, шефовите на ФВ да седнат во него.
За разлика од нашето Македонче. Кое не излегло од кола од 90-тите години, а суди за некои други нови модели.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #29 на: 14 Ноември 2011, 15:38:34 pm »
Затоа има гласање, секој си кажува свое мислење :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.