Нема жалење, тоа е. Си имаат второ милениче покрај дени.
Мило ми е што си задоволен со анкетата на најгрдиот во класата.
Напредуваш. Дај нова тема. Смисли нешто.
Те толерирам стварно долго време. Провоцираш, се однесуваш арогантно и не прифаќаш добронамерна сугестија од никого.
Јавно ќе кажам. Никој, ама баш никој
не е милениче на форумов, и на никого не му се попушта (или на сите им се попушта еднакво, свеедно). Се бришат постови од сите членови, и се опоменуваат сите членови, без разлика на било што. Сум ги опоменал и најблиските другари кои ги имам на форумов, сум ги опоменал и луѓето што ги немам запознаено во живот.
Јавно ќе те опоменам за однесувањето. Ако имаш некаква примедба за администрацијата (дали е насочена кон мене, или кон било кој друг), слободно кажи ја, па ќе се разбереме. Ако не ти одговара форумов, слободно најди друг. Ако не приметуваш, од толку многу регистрирани членови, ти си единствениот (или еден од два) кој константно е негативен, и истовремено е на некоја крстоносна војна да одбрани некои брендови/вредности, а од друга страна има толкава негативност кон запознавање со останатите членови и било каква нормална комуникација. Првите постови кои ги напиша кога дојде на форумов ти беа напад врз други членови. Погледни во огледало, погледни ги своите постапки, и размисли дали можеби и ти некаде грешиш.
И ми смета тоа што лажеш дека немаш кола.
Имај прекрасна вечер/ден. Размисли дали се однесуваш убаво.