Гласање

Ви се допаѓа или не ви се допаѓа и тоа колку?

Врвен дизајн во авто-индустријата и уметноста - елеганција во движење и хармонија во мирување
2 (3.7%)
Неговиот добар дизајн е битна причина поради која би се одлучил(a) за i30
1 (1.9%)
Изгледа просечно но сосема прифатливо
20 (37%)
Нема препознатливи линии, а оние кои ги има се украдени од други возила и се лошо распоредени
22 (40.7%)
Грдосија гледана од сите можни агли и аспекти. Би го возел(а) само ако морам
8 (14.8%)
Најодвратно возило во класата. Да даваа 100 мил. евра за најодвратен дизајн, победникот ќе беше помалку грд
1 (1.9%)

Вкупно гласови: 54

Автор Тема: Изгледот на Hyundai i30  (Прочитано 14756 пати)

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #30 на: 14 Ноември 2011, 15:41:28 pm »
Затоа има гласање, секој си кажува свое мислење :)

Да, ама некој слепо пробува да го смени мислењето на мнозинството ...
gOJDETO фино покажа на што мислев ...

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #31 на: 14 Ноември 2011, 15:43:13 pm »
Збориме за изглед! Не забегувајте на друга страна.

Отсутен MickeY MousE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • *** Disney ***
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #32 на: 14 Ноември 2011, 15:43:24 pm »
Томи, гОЈДЕТО не знај на која страна тера.
Ставил анкета за вкус.
Со негови опции, како сака тој.
Не дека ми пречи анкетата.
Али еве, сега да најдам слободно време, да ставам и јас анкети за сите коли на членовите на форумов.
Со опции како сакам јас.
Грдо, Малку Грдо или Многу Грдо.
На што ќе личи форумов?

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #33 на: 14 Ноември 2011, 15:46:59 pm »
Јас не гледам дека опциите се грдо, малку грдо или многу грдо. Баш ги покриваат сите можности. Од најубав, убав, просечен, до неубав и грд. Лично не би го купил.

Е сега.. И јас мислам дека темава не е потребна, но во духот на слободата на изразување, нема да ја затворам и тргнам. Со тоа што, ќе ги замолам сите да се воздржат од лични навреди.

Моето мислење е дека i30 е подпросечен по дизајн. „Позајмените“ дизајнерски елементи кај i30 се очигледни (исто како и кај i20), но овие две возила ќе бидат заменети во блиска иднина, па нема да бидат воопшто релевантни. Воглавно, новата дизајнерска насока на Хјундаи ми се допаѓа.

Отсутен MickeY MousE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • *** Disney ***
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #34 на: 14 Ноември 2011, 15:51:04 pm »
Опциите треба да бидат Одличен, Просечен, Потпросечен, Грд.

И јас не реков дека во оваа анкета има само грди опции.

Ама како што викаш, во духот на слободата и говорот, секој може да си прави анкета.

Па кога ќе има некоја тема со анкета за некој модел, каде во духот на слободата некој одбрал да биде грда, грда и грда, исто и таа не смее да биде избришена.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #35 на: 14 Ноември 2011, 15:56:36 pm »
Тераш инат колку да тераш инат?

Опциите се тие - Одличен, Добар, Просечен, Подпросечен, Грд, Најгрд - само малку поколоритно напишани. Резултатите од анкетата кажуваат дека мнозинството од членовите сметаат дека е просечен или подпросечен. Не ја гледам причината за твојата толкава насрнатост кон анкетата.

Отсутен MickeY MousE

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 147
  • *** Disney ***
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #36 на: 14 Ноември 2011, 16:03:20 pm »
Реков дека немам проблем со опциите. Имам проблем општо со темата. И ваквите теми. Не за и30. За било која кола.
Веднаш после отворањето имаш реагирање од членови, чии мислења веќе ги нема, како Стратро, марјанот, дека темава не е потребна.
Исто нагласуваш и ти дека не е потребна, ама ќе си ја оставел за духот и разбирањето на форумот.
Е па вакви теми ти го уриваат духот на форумот.
Али твој форум нели, ти си одлучуваш.

Дојде еден Шевролет Круз. Конечно.
Јас ти гарантирам дека никогаш нема да дојде нити еден член кој ќе вози и30.
Нити стариот, нити новиот. Во гаража нема да видиш. Заради духот и љубовта кон некои членови.

Што сакате правете си. Мое е да си кажам. Кој разбра разбра.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #37 на: 14 Ноември 2011, 16:08:54 pm »
Како што се отворила анкета за i30, може да се отвори анкета за било кој автомобил. Не гледам ама баш никаков проблем во тоа.

Мислењата кои ги споменуваш беа тргнати заради тоа што беа ОТ, и сакав да се задржи дискусијата конкретно на дизајнот на i30, не на тоа дали е потребна темата или не. Некој смета дека е, некој смета дека не е. Има многу теми кои сметам дека не се потребни (или барем не во оној формат во кој се поставени).

Фино од тебе што се грижиш за форумот, навистина го ценам тоа, а го ценат и останатите администратори. Поддршката на членовите, ентузијазмот за пријателство и дружење и желбата за понатамошни настани и собири покажува дали форумот е правилно воден или не. Јас нема да коментирам.

Лично, се надевам дека ќе има членови со најразлични возила, и не гледам зошто вакви теми би одвратиле некој да се регистрира. Баш напротив, би очекувал некој да се регистрира за да го брани своето возило.

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #38 на: 14 Ноември 2011, 16:11:08 pm »
BMW серија 1 - 2004 година:


i30 2008 година:



Saxo 2000:


i30 2008:


Се работи за коинциденција, нели?
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #39 на: 14 Ноември 2011, 16:14:33 pm »
Искрено, не ми личи толку многу на Saxo, но на некого можда и ќе му личи. Од напред ми е дури недефинирана i30-ката, како да е некој привремен модел или промашен дизајнерски јазик. А од назад, многу личи на првата Серија 1.

Отсутен Chlink

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8532
  • alfa 156 1.8 t.s & alfa 159 2.4 jtdm
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #40 на: 14 Ноември 2011, 16:20:30 pm »
Со бемвето од позади се 90% исти, неми етоабитно кој од кого зимал ама и двете ми се бљак, мојот глас поради задницата и подоле би идел ама ај. А задницата секогаш е скоро најпресудна кај мене...

Отсутен Lancerka

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 303
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #41 на: 14 Ноември 2011, 18:07:43 pm »
.
« Последно менување: 29 Март 2013, 03:41:27 am Lancerka »

Отсутен LosiPatista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 12136
  • Duh sa TDI-jom
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #42 на: 14 Ноември 2011, 23:15:47 pm »
@Gojde
Ajde napravi sporedba na dizajnot na stariot I30 so stariot konfekcioner Focus i starata Ceca (ili novata seedno)


Torsion Beam - The Only Axle You Will Ever Need

Отсутен gOJDO

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7689
  • Хорска Секција
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #43 на: 15 Ноември 2011, 00:50:56 am »
Не ми иде некако. Ако ти е мерак, отвори една таква тема па ќе се произнесам подетално.
Ум шо идит отпосле не јет ум!

Отсутен Tommy

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7274
Одг: Изгледот на Hyundai i30
« Одговори #44 на: 15 Ноември 2011, 03:11:17 am »
Томи, гОЈДЕТО не знај на која страна тера.
Ставил анкета за вкус.
Со негови опции, како сака тој.
Не дека ми пречи анкетата.
Али еве, сега да најдам слободно време, да ставам и јас анкети за сите коли на членовите на форумов.
Со опции како сакам јас.
Грдо, Малку Грдо или Многу Грдо.

На што ќе личи форумов?

Реков дека немам проблем со опциите. Имам проблем општо со темата. И ваквите теми. Не за и30. За било која кола.
Веднаш после отворањето имаш реагирање од членови, чии мислења веќе ги нема, како Стратро, марјанот, дека темава не е потребна.
Исто нагласуваш и ти дека не е потребна, ама ќе си ја оставел за духот и разбирањето на форумот.
Е па вакви теми ти го уриваат духот на форумот.
Али твој форум нели, ти си одлучуваш.

Дојде еден Шевролет Круз. Конечно.
Јас ти гарантирам дека никогаш нема да дојде нити еден член кој ќе вози и30.
Нити стариот, нити новиот. Во гаража нема да видиш. Заради духот и љубовта кон некои членови.

Што сакате правете си. Мое е да си кажам. Кој разбра разбра.

Имаш проблем со опциите, па немаш проблем со опциите ..... Па на крај Зеро ти е крив што постои темава ...