Автор Тема: Интернет  (Прочитано 155040 пати)

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17676
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Интернет
« Одговори #1080 на: 06 Април 2017, 14:24:47 pm »
Интересно ова со арена каналиве, ако некој го има и сака да го шерува би завршил голема работа
Инсталирај си Моbdro и глеј што сакаш ...

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Интернет
« Одговори #1081 на: 23 Април 2017, 23:15:51 pm »
Пак јас со интернетот си имам мака. Значи симптомите се исти, ќе ми појави црвен Х доле кај мрежната, и потоа после 2-3 секунди максимум, ретко до 5 секунди го добива повторно. Може да ми работи 10-12 часа без проблем и потоа наеднаш да почне да прави проблеми, па пак да работи ок и така цело време во круг.
На пример ако не седам неколку часа на компјутер, ке му пуштам со интернет мониторинг програмче да ја прати конекцијата, и после неколку часа ке проверам, 0 дисконекции, пуштам Хром и толку, почнуваат проблемите.

Имам пробано повеке работи. Најтазе што пробував е да го поврзам истовремено и стариот компјутер што го користев до пред некоја година. Му го ставив програмчето за пратење на конекција, го пратев пингот преку command promt, и статусот на мрежната во Networks. На мојов компјутер пага конекцијата со таков црвен Х, а на стариот компјутер не. (во моментите кога ми снемува конекција на новиов компјутер, во command promt ми појавува инфо General Failure)
Притоа им ги заменив и каблите, истото се случува, на мојот ја губи, на стариот не.
Исто така пошто обновив договор со Вип, имам сега на располагање видеотека со новиот ресивер кој мора да биде поврзан со интернет за да имам пристап, и таму не се случува ништо, било што да имам пуштено од видеотека си работи (на пример ако го отштекам кабелот од ресиверот или го изгасам модемов, на телевизорот ми се појавува порака дека има проблем со интернет врската, ама во случаите кога само на компјутер ми се губи конекција, ваква порака на телевизор не се појавува)

Пробав и со постара верзија на драјвер за мрежната, истото е.

Пробав и со неколку работи што ги прочитав по интернетов, па така на пример ова некој вели дека треба да е disabled, но и тоа не го решава проблемот


Исто така и со самостојно одбирање на брзини со кои ке работи мрежната, и на 100 full duplex и на 100 half duplex го ставав, истото се случува.


Еве ги и вредностите на сигналите за модемот, мада нема ни тоа врска, и кога се во границите од -2 до 2, е исто, така да и на -5 и на +8 истото се случува постојано.


Во статусот на мрежната, си пишува дека работи нормално.

Веке немам понатаму идеи што и како да проверувам. Моментално и друг кабел земав (претходниот ми беше правен од чичкоми, мада си има он фирма за електроника, не му е прв пат да поврзува кабли, во колку све не фирми има работено), али и понатаму е истото, значи не е до кабелот дефинитивно.

Можно е да е проблемот во мрежната ? Иако во properties покажува дека нема никаков проблем ?
Ако е од инфо, виндоусот и све останато ми е инсталирано на ССД кингстон 300в 60 гб, мада не верувам дека од хард диск или ССД би имало некаков проблем.

Присутен Boshe

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5315
  • Пиши лаже
Одг: Интернет
« Одговори #1082 на: 23 Април 2017, 23:18:38 pm »
Јас најпрво би пробал со друга мрежна, случајно да не почнал да те зеза драјверот. Или, избриши го драјверот со Driver Sweeper па инсталирај наново, ама во сејф мод.
Remember to keep yourself alive, there is nothing more important than that

Отсутен amater

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 159
Одг: Интернет
« Одговори #1083 на: 23 Април 2017, 23:26:20 pm »
а само chrome ја кутка конекцијата или било кој browser?

отвори command prompt и куцај ipconfig -all
дај скриншот

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Интернет
« Одговори #1084 на: 23 Април 2017, 23:43:56 pm »
Па не сум проверил со друг броусер.

Отсутен amater

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 159
Одг: Интернет
« Одговори #1085 на: 23 Април 2017, 23:57:11 pm »
зошто имаш подесено, претпоставувам рачно, dns сервери? ако оди преку рутер, рутерот (gateway) ќе ти биди dns сервер, а он понатаму преку dns од провајдер ќе оди.
да не има исто и фиксна мрежна ip подесено?
пробај и ipv6 да изгасиш од ethernet properties. види дали тоа ќе смени нешто.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Интернет
« Одговори #1086 на: 24 Април 2017, 00:06:15 am »
Не менува ништо тоа ipv6, истото се случува и кога е исклучено и кога е пуштено.
Иначе модемот е со вграден ви фи рутер, од вип што ги даваат, позади има 4 порти, со LAN кабел ми доага сигналот до компјутер, а јас немам ништо во однос на серверите менувано, во тој аспект немам менувано ништо.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17780
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Интернет
« Одговори #1087 на: 24 Април 2017, 00:52:40 am »
Многу сличен проблем ми правеше Asus рутер кој со месеци седеше во кутија зошто мислев дека е фаличен. Откако ми рикна и заменскиот рутер, приморан да го најдам проблемот, почнав еден по еден сетинг да му мењам додека не стигнав до следниот:
 
UPnP (Universal plug'n'play).

Фабрички подесено на Enabled, ми ги дисконектираше сите вајрлес поврзани компјутери (лаптопи и статични со ВиФи стикче) на неколку секунди. Откако го исклучив тоа, се нема десено ниту едно такво дисконектирање. Побарај таков сетинг во рутерот, можда има. :)

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Интернет
« Одговори #1088 на: 24 Април 2017, 01:00:54 am »
Го најдов, одштиклирано е, не е пуштено воопшто оваа опција.

Проблемот е што кога го тестирав паралелно со стариот компјутер, само на овој ми губеше конекција, на стариот не, ниту во cmd не го регистрираше на стариот компјутер, додека на овој и со програмот и во cmd регистрираше прекини.

Отсутен amater

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 159
Одг: Интернет
« Одговори #1089 на: 24 Април 2017, 01:27:44 am »
Го најдов, одштиклирано е, не е пуштено воопшто оваа опција.

Проблемот е што кога го тестирав паралелно со стариот компјутер, само на овој ми губеше конекција, на стариот не, ниту во cmd не го регистрираше на стариот компјутер, додека на овој и со програмот и во cmd регистрираше прекини.
на пинг губеше пакети?

нешто антивирус плус други интернет програми да не имаш на овој компјутер?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Интернет
« Одговори #1090 на: 24 Април 2017, 01:47:26 am »
Моментално имам антивирус Аваст, мада истото е и ако го деинсталирам. Пред некој месец го форматирав, со тазе инсталација и драјвери, истото се случуваше и тогаш.
Од екстензии на хром имам само овие


А под други интернет програми што подразбираш ?

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Интернет
« Одговори #1091 на: 24 Април 2017, 04:03:48 am »
Ако нешто врши ова сега што го пробав, во cmd пробав пинг на сите IP адреси што ми ги дава, и на оние двете од DNS серверите, на Default Gateway, на IPV4 и на Subnet Mask.
Само на субнет маск, тоа е онаа адреса со 255.255 итн, само на таа ми даде Ping transmit failed, packet send 4, received 0, lost 4, на другиве беше ок.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3298
Одг: Интернет
« Одговори #1092 на: 24 Април 2017, 06:20:32 am »
Мрежната картица на компјутерот ти е отидена.

Според ова горе што го имаш напишано, мене ми мириса на фалична лан картица. 99%

Пробај со друга картица, мислам дека нема да имаш ниту еден од проблемите што ги наведе.

Отсутен FiLo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6830
Одг: Интернет
« Одговори #1093 на: 24 Април 2017, 07:03:23 am »
Онборд мрежна користам. Слотот е малку безвезен за мрежна на матичнава, од кратките слотови е, најефтина 700 ден, ама сакам да сум сигурен дека е до неа.
Е ваква мрежна треба да ставам: http://www.anhoch.com/product/32511/gigabit-ethernet-pci-e-card-gembird-nic-gx1

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30065
    • CARclub.mk
Одг: Интернет
« Одговори #1094 на: 24 Април 2017, 07:07:42 am »
Пробај со USB мрежна.