Пак јас со интернетот си имам мака. Значи симптомите се исти, ќе ми појави црвен Х доле кај мрежната, и потоа после 2-3 секунди максимум, ретко до 5 секунди го добива повторно. Може да ми работи 10-12 часа без проблем и потоа наеднаш да почне да прави проблеми, па пак да работи ок и така цело време во круг.
На пример ако не седам неколку часа на компјутер, ке му пуштам со интернет мониторинг програмче да ја прати конекцијата, и после неколку часа ке проверам, 0 дисконекции, пуштам Хром и толку, почнуваат проблемите.
Имам пробано повеке работи. Најтазе што пробував е да го поврзам истовремено и стариот компјутер што го користев до пред некоја година. Му го ставив програмчето за пратење на конекција, го пратев пингот преку command promt, и статусот на мрежната во Networks. На мојов компјутер пага конекцијата со таков црвен Х, а на стариот компјутер не. (во моментите кога ми снемува конекција на новиов компјутер, во command promt ми појавува инфо General Failure)
Притоа им ги заменив и каблите, истото се случува, на мојот ја губи, на стариот не.
Исто така пошто обновив договор со Вип, имам сега на располагање видеотека со новиот ресивер кој мора да биде поврзан со интернет за да имам пристап, и таму не се случува ништо, било што да имам пуштено од видеотека си работи (на пример ако го отштекам кабелот од ресиверот или го изгасам модемов, на телевизорот ми се појавува порака дека има проблем со интернет врската, ама во случаите кога само на компјутер ми се губи конекција, ваква порака на телевизор не се појавува)
Пробав и со постара верзија на драјвер за мрежната, истото е.
Пробав и со неколку работи што ги прочитав по интернетов, па така на пример ова некој вели дека треба да е disabled, но и тоа не го решава проблемот

Исто така и со самостојно одбирање на брзини со кои ке работи мрежната, и на 100 full duplex и на 100 half duplex го ставав, истото се случува.

Еве ги и вредностите на сигналите за модемот, мада нема ни тоа врска, и кога се во границите од -2 до 2, е исто, така да и на -5 и на +8 истото се случува постојано.

Во статусот на мрежната, си пишува дека работи нормално.
Веке немам понатаму идеи што и како да проверувам. Моментално и друг кабел земав (претходниот ми беше правен од чичкоми, мада си има он фирма за електроника, не му е прв пат да поврзува кабли, во колку све не фирми има работено), али и понатаму е истото, значи не е до кабелот дефинитивно.
Можно е да е проблемот во мрежната ? Иако во properties покажува дека нема никаков проблем ?
Ако е од инфо, виндоусот и све останато ми е инсталирано на ССД кингстон 300в 60 гб, мада не верувам дека од хард диск или ССД би имало некаков проблем.