Автор Тема: Интернет  (Прочитано 207055 пати)

Отсутен Tomce

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 798
    • ibiz.mk
Одг: Интернет
« Одговори #1230 на: 12 Септември 2025, 08:24:45 am »
Фала @FiLo
Ај да видам дали ке има некоја разлика,моментално сум на 100мбитна
За домашна употреба е топ

Отсутен FiLo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7328
Одг: Интернет
« Одговори #1231 на: 12 Септември 2025, 08:46:17 am »
Во секојдневно користење и сурфање не приметив ни јас разлика. Јас сум со 200/100 брзина.
Ако симнуваш филмови торенти, тогаш ќе осетиш разлика, наместо со 10 мб/с (бидејки си со 100 брзина), ќе ти симнува со 100 мб/с (гигабитна брзина)

Јас повеќе приметувам мала латенција кога јавната ИП ми започнува со 46.ххх.ххх.ххх, наспроти 77.ххх.ххх.ххх
Со 77ца напред некако инстантно е отворањето на веб страните, за разлика кога ќе повлече ИП од 46ка напред.
« Последно менување: 12 Септември 2025, 08:51:59 am FiLo »

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 391
Одг: Интернет
« Одговори #1232 на: 10 Ноември 2026, 12:13:40 pm »
Имам TP-Link Archer AX23 (Wi-Fi 6), стар помалку од еден месец, поврзан преку LAN кабел со A1 модем.

Проблемот е што Wi-Fi мрежата останува поврзана, но интернетот повремено закочува, прекинува или на телефоните се појавува извичник (Connected without internet). Ова се случува на сите телефони, особено кога се поврзани 5–6 уреди истовремено и има поголемо оптоварување на мрежата.

Интересно е што кога ќе се префрлам на Wi-Fi мрежата од самиот A1 модем, интернетот работи нормално ама еве го и тој од модемот паѓа

Досега ги проверив и средив сите WAN и Wi-Fi поставки, ги проверив каналите, OFDMA е овозможено, а направив и Ping тестови кои не покажуваат загуба на пакети. Исто така, го сменив режимот на работа од Wireless Router Mode во Access Point Mode. По ова интернетот делува постабилен и побрз, но проблемот сè уште повремено се појавува. На улица исто губи

Дали некој имал сличен проблем со Archer AX23? Дали станува збор за firmware проблем, некоја поставка или можеби неисправен рутер?

Бидејќи рутерот е нов, ме интересира дали да барам замена под гаранција или постои друго решение.
« Последно менување: 10 Ноември 2026, 12:23:51 pm was »

Присутен nestor04

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7302
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Интернет
« Одговори #1233 на: 10 Ноември 2026, 12:27:33 pm »
Истиот го имам на Телекабел поврзан, никаков проблем.

Присутен Power to the people

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7511
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Интернет
« Одговори #1234 на: 10 Ноември 2026, 12:34:39 pm »
Јас имам ист таков скоро година дена, ама немам колку тебе уреди, телевизор на кабел и 2-4 уреди макс на ви-фи, и не се сеќавам да сум имал таков случај.

Ама ми е пуштен и оставен само на 2.4GHz, послаб беше сигналот на 5GHz преку ѕидови.

Отсутен was

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 391
Одг: Интернет
« Одговори #1235 на: 13 Ноември 2026, 17:19:32 pm »
Го проверив телевизорот. Најверојатно проблемот е поврзан со него.

Кога телевизорот е поврзан на Wi-Fi, по 10–15 минути работа, без разлика дали гледам телевизија или YouTube, интернетот паѓа на сите уреди. Штом го исклучам Wi-Fi-то на телевизорот, интернетот веднаш се враќа и потоа работи стабилно на сите уреди.

Претходно телевизорот беше удрен од гром, по што му беше заменета матичната плоча. Сепак, и по замената продолжи да прави проблеми при гледање YouTube, самостојно се враќаше во почетното мени со апликациите, особено кога го намалував звукот.