Модем со вграден ви фи беше и претходниот, и сега овој што го монтираа. Додека беше близу, не беше сјајно, ама далеку подобро него сега.
Иначе сигналот од модемот го добивам преку мрежен кабел пошто пред 2 год кога близу го наместија нивниот модем со вградено ви фи, немав антена и морав со кабел и така си остана. Не ми смета. Кога ова ми го посочија пред некој ден ВИП, дека ви фи било, се губел сигналот, и кога им кажав дека го добивам со мрежен кабел сигналот, настана ''молк од 5 секунди''.
Брзината исто не е константна, те 10, те 18, 25, па пак 10 и така натаму, варира. Што се однесува до каналите, моментално ВИП нуди доста канали. Пример мојот договор од Близу е 1200 денари, додека истите канали ВИП ги нуди во пакетот од 999 денари.
Саше, ке можеш во ПП да ми пратиш линк од програмчето да го инсталирам ?