Автор Тема: Интернет  (Прочитано 177258 пати)

Отсутен Dodo

  • Бемвекријачко Пе*ерче
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2827
Одг: Интернет
« Одговори #750 на: 30 Октомври 2013, 09:08:37 am »
Убаво срочено velestrumf! Гигабит за дома во никој случај не е потреба, а пресметкава за кино е навистина на место.
Искача дека само ние и Kansas (Google Fiber) имаме гигабит за по дома :D :D :D

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Интернет
« Одговори #751 на: 30 Октомври 2013, 09:09:26 am »
Треба да е 1500 месечно? Имате помали пакети бре луѓе.

Отсутен onak

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 15993
  • сељаторе ин ил селандроре!!
    • КАНО еко системи
Одг: Интернет
« Одговори #752 на: 30 Октомври 2013, 09:09:48 am »
имам идеја како да профитирам од таков интернет. уствари не е моја идеја туку имам видено тип од кумановскине села како профитира со такви количини на интернет.. им шитка на комшиите.
www.kano.com.mk
www.parno.com.mk
www.kanosistemi.com.mk
www.evtinogreenje.com.mk
https://www.facebook.com/kano.eko.sistemi
кликни на било кој, нема да утнеш, сите водат на исто место, во исто време

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 30618
    • CARclub.mk
Одг: Интернет
« Одговори #753 на: 30 Октомври 2013, 09:33:03 am »
да речеме 200-300 мегабита има смисла за домашна употреба. Ама гигабит? Повеќе маркетинг трик за некој што би се залетал да си ги потроши парите отколку разумен потег на Т-хоум. Башка не ти даваат статичка IP.

"640K ought to be enough for anybody." - наводно Бил Гејтс, некаде во 80-тите години.

Значи, ни јас не реков дека ми треба гигабит интернет конекција. САКАМ гигабит интернет конекција, и не, не е за да се пувам пред комшиите (иако со гигабитна конекција би имал право да го праам тоа) туку заради тоа што сакам работите да работат брзо.

Ако до пред 5 години кога се дизајнираше сајт се внимаваше на големини на фајлови, големина на слики, видеа, ово-оно, сега тоа веќе станува ирелевантно бидејќи луѓето имаат брзи конекции. Како што Интернетот ќе станува се поприсатен и поприсатен CDN, брзите конекции ќе бидат потребни. Во Грција имав 384к конекција и бев пресреќен. Првиот always-on интернет што го имав во Скопје беше 128к, па 1мбит, па 2мбит, па 10, па 20, па сега (наводно, демек, реално скоро никад) 50 мбит. Сакаме да гледаме 1080р фул-ха-де на 5 различни телевизори дома, да имаме брз интернет за порниќи и јутуб и уште мал милион други ствари? За тоа си повлеквит побрза конекција.

Е сега, кино вс гледање дома. Генерално, најдоброто доживување е киното, да, али киното нуди далеку од најчистата слика (барем кај нас, немам искуство со IMAX). Филмовите што сум ги гледал во кино, ги гледам и дома (кога ќе се појави квалитетен 720р односно сега веќе 1080р рилис) за да ги гледам најчисто што можам. За мене кино е искуството, али за квалитет на гледање домашните услови се непобедливи.

Цената е абнормално висока, се слагам. Како и секоја нова технологија која за прв пат ќе се појави во Македонија, цената е абнормално висока. Ви текнува колку плаќавме на времето за кабловски интернет, или за ADSL? Сте прашале колку кошта закупена линија преку Телеком со загарантирана брзина од рецимо 40мбит?

Муабетот е дека како што денес се смееме на 56к, за 2-3 години ќе се смеат на нашиве мочани конекции од по 10-15 мбит. Јас со сигурност ќе чекам цените да отидат надоле, али во првиот момент кога гигабитна конекција ќе кошта 1000че месечно (а ќе се деси, за година-две-три) јас ќе ставам и нема да размишљам.

Edit: Google Fiber кошта 70 даларс, односно околу 3000 денари месечно, за гигабитна конекција. Ќе стигнат тие услови и кај нас, eventually.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Интернет
« Одговори #754 на: 30 Октомври 2013, 09:49:43 am »
10mbps ке е подеднакво онолку смешно за кратко, колку што сега ни е 10Мбпс смешно за мрежна конекција.

Отсутен deanMKD

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1330
Одг: Интернет
« Одговори #755 на: 01 Ноември 2013, 12:07:01 pm »
Добра реклама за Т-Хоме. Ниту имаат инфраструктура да испорачаат оптика со 1 гигабит, ниту пак брзината што ке ја добиеш како краен корисник ке биде 1 гигабит... Ова иако како текст звучи ОК, во пракса, нема да доживее којзнае колкав успех. :)

Отсутен DimitarMK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1959
Одг: Интернет
« Одговори #756 на: 01 Ноември 2013, 12:16:49 pm »
Па и не би рекол баш дека немаат инфраструктура. Доста вложија во тоа.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Интернет
« Одговори #757 на: 01 Ноември 2013, 12:17:24 pm »
Едно стаклено влакно има проток од 2 гигабита. Треба да ти дозволат само да ги користиш.

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Интернет
« Одговори #758 на: 01 Ноември 2013, 12:20:37 pm »
Едно оптичко влакно во моментов пренесува 8gbps на сервериве горе, таман работа да има проток од само 2gbps. Да не мислеше на 2Tbps?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Интернет
« Одговори #759 на: 01 Ноември 2013, 12:35:22 pm »
Да, се помешав. 2 гигабита се премалку за оптичко влакно.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 44959
  • Il Moderatore
Одг: Интернет
« Одговори #760 на: 01 Ноември 2013, 21:34:32 pm »

Убаво што понудија гигабитен интернет, ама таа цена на чинење нема смисла, ако се земат предвид околностите во кои живееме.

Има смисла, ако трошоците за истиот се споделат со цело село ;)
Alfa Romeo 159TBi
Alfa Romeo 166 2.5 V6 24v
VW e-up!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Интернет
« Одговори #761 на: 01 Ноември 2013, 22:06:36 pm »
5 луѓе по 1000.  Btw дали некој има проблеми со оптиката на т-ебале? Има висок пинг и низок даунлоуд рејт. Не можам да играм на раат по 200 пинг имам..

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 55239
  • Махер
Одг: Интернет
« Одговори #762 на: 02 Ноември 2013, 00:17:00 am »
Си нанка интернетот од Телеком. 6 пинг, и 55Мбпс во моментов. Два пати се јавив тогаш со торентите кога имав проблем, еве го сега е во ред. Било што да не ти чини, ОДМА јави се. Они не сањаат дека некој има проблем. :)

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20380
Одг: Интернет
« Одговори #763 на: 02 Ноември 2013, 01:05:12 am »
Ќе пробам утре пак. Ако имам пинг кога играм ќе се јавам. Фала :).

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 18029
Одг: Интернет
« Одговори #764 на: 05 Ноември 2013, 00:35:12 am »


На сред торент ми седна конекција, и откако се врати се дешаваше ова.
На сред јадење у душник храна да им заглави.