Пишувајки во темата за мобилни оператори, се потсетив на овој проблем со црвениот Х што ми се појавуваше кај мрежната картица.
Проблемот ми е решен уште од летоска и тоа решение се состоеше во промена на рутерот. Значи рутерот од вип беше проблематичен.
Сменет е со ист таков пошто немаат други рутери вип и еве 7 месеци веќе немам црвени Х-ови.
А иначе тоа го докажав на некој начин со тоа што поставив свич, односно мрежниот кабел што доаѓа од руерот го поврзав во свич, и потоа од свич до компјутер со уште еден кабел го добивав сигналот. На вака поврзано ако беше проблем во мрежната требаше и понатаму да појавува Х, а ако е проблем до рутерот, ондак триаголник со извичник. Но додека беше поврзано вака со свич, не се појавуваа Х-ови и така едвај се убедив дека проблемот е рутер-ПЦ, а не рутер-нивни сервери.