да речеме 200-300 мегабита има смисла за домашна употреба. Ама гигабит? Повеќе маркетинг трик за некој што би се залетал да си ги потроши парите отколку разумен потег на Т-хоум. Башка не ти даваат статичка IP.
"640K ought to be enough for anybody." - наводно Бил Гејтс, некаде во 80-тите години.
Значи, ни јас не реков дека ми треба гигабит интернет конекција. САКАМ гигабит интернет конекција, и не, не е за да се пувам пред комшиите (иако со гигабитна конекција би имал право да го праам тоа) туку заради тоа што сакам работите да работат брзо.
Ако до пред 5 години кога се дизајнираше сајт се внимаваше на големини на фајлови, големина на слики, видеа, ово-оно, сега тоа веќе станува ирелевантно бидејќи луѓето имаат брзи конекции. Како што Интернетот ќе станува се поприсатен и поприсатен CDN, брзите конекции ќе бидат потребни. Во Грција имав 384к конекција и бев пресреќен. Првиот always-on интернет што го имав во Скопје беше 128к, па 1мбит, па 2мбит, па 10, па 20, па сега (наводно, демек, реално скоро никад) 50 мбит. Сакаме да гледаме 1080р фул-ха-де на 5 различни телевизори дома, да имаме брз интернет за порниќи и јутуб и уште мал милион други ствари? За тоа си повлеквит побрза конекција.
Е сега, кино вс гледање дома. Генерално, најдоброто доживување е киното, да, али киното нуди далеку од најчистата слика (барем кај нас, немам искуство со IMAX). Филмовите што сум ги гледал во кино, ги гледам и дома (кога ќе се појави квалитетен 720р односно сега веќе 1080р рилис) за да ги гледам најчисто што можам. За мене кино е искуството, али за квалитет на гледање домашните услови се непобедливи.
Цената е абнормално висока, се слагам. Како и секоја нова технологија која за прв пат ќе се појави во Македонија, цената е абнормално висока. Ви текнува колку плаќавме на времето за кабловски интернет, или за ADSL? Сте прашале колку кошта закупена линија преку Телеком со загарантирана брзина од рецимо 40мбит?
Муабетот е дека како што денес се смееме на 56к, за 2-3 години ќе се смеат на нашиве мочани конекции од по 10-15 мбит. Јас со сигурност ќе чекам цените да отидат надоле, али во првиот момент кога гигабитна конекција ќе кошта 1000че месечно (а ќе се деси, за година-две-три) јас ќе ставам и нема да размишљам.
Edit: Google Fiber кошта 70 даларс, односно околу 3000 денари месечно, за гигабитна конекција. Ќе стигнат тие услови и кај нас, eventually.