Автор Тема: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL  (Прочитано 33546 пати)

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #45 на: 19 Јуни 2018, 20:29:03 pm »
Дупете вие, ама мене сеуште не ми е јасно како можеа ваков дизајн да направат и да го нудат у флегшип

Отсутен miksi

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1413
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #46 на: 19 Јуни 2018, 20:59:13 pm »
Со здравје да си ја возиш. Многу добра кола. Извини што ќе искоментирам за менувачот ама едноставно не ве разбирам...  ;)

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #47 на: 20 Јуни 2018, 08:17:13 am »
Со здравје да си ја возиш. Многу добра кола. Извини што ќе искоментирам за менувачот ама едноставно не ве разбирам...  ;)

Фала :)

Околу менувачот... знам дека DSG-то е фантастичен менувач, технички најверојатно далеку подобро од мануелен и веројатно и прилега на ваква кола да има и "модерен" менувач - но проблемот е што лично мене менувањето на брзините ми претставува огромно задоволство, и ми го зголемува чувството дека сум поврзан со колата и патот.Го обожавам моментот кога по кривулест пат на отворено ја држам колата во една брзина во повисоки обртаи, спремен во секој момент да излезам од кривината со полна гас притоа менувајќи втора-трета-четврта, па на наредна кривина назад, па малце rev matching итн... сето ова знам дека DSG-то ќе го направи далеку подобро и побрзо, но не ми ја нуди истата инволвираност во возењето како кога тоа го правам со мануелен.

Како што кажа Дени, ова можеби се смета за малтретирање, ама јас сакам да се малтретирам и затоа ја земав оваа кола како што е :)

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54991
  • Махер
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #48 на: 20 Јуни 2018, 08:21:39 am »
Како е вожњата во споредба со старата кола? Тврдо/меко, тивко/гласно, бубрезите здрави/болни, нерамнини, дупки, тротоари?

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #49 на: 20 Јуни 2018, 08:44:24 am »
Како е вожњата во споредба со старата кола? Тврдо/меко, тивко/гласно, бубрезите здрави/болни, нерамнини, дупки, тротоари?

Тешко е малце да направам паралела помеѓу нов RS и 20 години стара Мечка, ама ај ќе пробам.Вожњата е дефинитивно повеќе стегната, дупки и слично низ град се осеќаат повеќе, но помалце се чувствува ударот во кабината, не знам колку има смисла ова ама јас таков впечаток имам.Генерално, подобро е возењето низ град со RS-от во поглед на справување со нерамнини и слично.

Тротоари и ивичњаци сеуште избегнувам, ама не се пријатно искуство и тука 18ките не се баш најдобар избор.Посебно сеуште пазам додека ја навикнам колата на предниот спојлер и лип-от што штрчи :)

До сега најлошото искуство со возење на RS-от ми беше патот Бт-Пп пред некој ден.Накај Пп возев со RS-от, а назад со Мечката, и морам да кажам дека за лабава вожња во поглед на упивање на честите нерамнини на патот, повеќе ми годеше Мерцедесот, но само за овој параметар... стабилноста и чувството на залепеност за патот и целокупната вожња е далеку подобра со RS-от.Овој проблем го немав било каде до Скопје, само на тој потег од патот.

Генерално тивко е во кабината, на отворено нема голема бучава при нормални брзини (и нешто над дозволено), но сепак не е на ниво на E класа за крузање :)

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #50 на: 20 Јуни 2018, 08:50:52 am »
Цитат
но помалце се чувствува ударот во кабината

Ова е најголемата причина зошто ВАГ е пред сите останати од нивната класа. Не правам муабет за премиум овде.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #51 на: 21 Јуни 2018, 14:29:25 pm »
Или, да поразговараме како се однесува колата? :)

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #52 на: 21 Јуни 2018, 15:17:32 pm »
Малце пред време со сликата, ама да смениме тема (гарант и за ова се имам заебано :D )



Модификации кои што се планирани се следниве:

-Буквално ништо, планот е да се вози и ужива.Само керамика ќе добие и тоа е тоа.



Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #53 на: 21 Јуни 2018, 15:24:15 pm »
Црна кола - на ѓаолот бељата. Без керамика, две бељи :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #54 на: 21 Јуни 2018, 15:45:59 pm »
Па и со керамика може беља да е. Не е булетпруф, има предности, ама има и недостатоци. Пардон и од мене

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #55 на: 21 Јуни 2018, 16:06:04 pm »
Па и со керамика може беља да е. Не е булетпруф, има предности, ама има и недостатоци. Пардон и од мене
Кои се предностите (освен подебел новчаник)? Искрено прашувам, пошто не сум открил сеуште...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #56 на: 21 Јуни 2018, 16:16:54 pm »
Па и со керамика може беља да е. Не е булетпруф, има предности, ама има и недостатоци. Пардон и од мене
Кои се предностите (освен подебел новчаник)? Искрено прашувам, пошто не сум открил сеуште...
Отприлика 500 еу е најфул керамика што опфаќа и стакла и браници и бандажи и тн ... Нормално може и поспако од тоа и поефтино, дали еден слој керамика или 2, 3 и тн ... ама руле оф тумб е дека со 500 еу ке завршиш одлична работа ако сакаш керамика.
Предности: За разлика од восок/сеалант кој трае 3-6 месеци, ова ќе трае 2-3-4 години (зависи која фирма ја ставаш). Поголема отпорност има на хемикалии, вода, остатоци од сол, бубачки и тн, отколку кај регуларен восок, ама поголемата отпорност не значи и дека е неуништиво. Сјај ќе има, ама сјајот доаѓа од полираното најголем дел, мада и керамика придонесува. Полесно ќе се пере, помалку ќе се задржува нечистотијата.
Негативности: И керамика можеш да изгребеш, свирс да и направиш и тн. За да ја симнеш керамиката, повторно треба со полирање, пошо восок можеш и со сјај за тањири да симнеш, ама ова не, значи дополнително време и трошок и на крај, цената на керамиката т.е. дали вреди банг фор бак
А за ДСГ, нормално дека како новирани од autocar.co.uk ќе сме, пошо таму сме го прочитале тоа :)))) Ретко кој има автоматик да каже искуство

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #57 на: 21 Јуни 2018, 20:12:40 pm »
Малце од малце, подзачизтено.

Муабетите за Manual vs Auto префрлени тука -> http://forum.carclub.mk/index.php/topic,2982.240.html

Отсутен Darkovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1273
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #58 на: 21 Јуни 2018, 21:23:05 pm »
Убаво ауто, со здравје да си го возиш. Ме интересира при критериумиве твој дали размисли за Фокус СТ?

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #59 на: 21 Јуни 2018, 21:27:13 pm »
Убаво ауто, со здравје да си го возиш. Ме интересира при критериумиве твој дали размисли за Фокус СТ?

Дефинитивно, прашував и за цени и понуда во МиДа, но добив одговор дека за стариот (тогаш актуелен) модел не примаат веќе порачки, а за новиот тек на крајот на годината ќе почнело производство или порачки да примаат, нешто така беше.

Иначе добро ќе легнеше и еден жолт СТ :)