Автор Тема: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL  (Прочитано 33525 пати)

Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« на: 18 Јуни 2018, 12:45:04 pm »
Како што е редот, време е да се паркира новото возило во гаражата.Одолговлекував бидејќи се надевав дека ќе направам поубави слики од колата, ама како што гледам тоа ќе потрaе :)

Станува збор за Skoda Octavia vRS 2.0 TSI FL (Facelift) со следниве спецификации:

Power  230 hp/4700-6200 rpm
Engine displacement  1984 cm3
Torque  350 Nm/1500-4600 rpm
Maximum speed  250 km/h
Acceleration 0 - 100 km/h  6.7 sec

Fuel tank volume  50 l
Length  4689 mm
Width  1814 mm
Height  1448 mm
Wheelbase  2680 mm

На страната на Шкодa (https://www.skoda.com.mk/octavia/octavia-rs) може да се види стандардната опрема со која што доаѓа RS-от, што за мене е повеќе од доволно, но сепак ги нарачав дополнително следниве "ситници" за да биде комплет за мене:

-Gemini Anthracite 18" бандажи
-Црна металик боја
-Заштита на моторот од лоши патишта (пластика под моторот)
-Предни паркинг сензори
-Перформанс мод селект (не ми е јасно како се продава RS без ова, ама ајде)
-4 годишна фабричка гаранција, или 120,000км
-Метален потпирач за левата нога што одговара со спортските педали (глупост што го нема стандард, посебно со оглед на ниската цена)... за ова благодарност до @InSides
-RS Black Design Pack (црни лајсни околу предната решетка и страничните прозорци)
-Ситници како џамбо централен наслон со 2 USB порти за задните седишта, подлога со две лица (текстил/гума) за во багажник и уште некоја ситница.
-Дополнително јас додадов сигурносни штрафови за тркалата

На кратко и долго - Зашто баш Октавија RS? :)

Откако падна конечната одлука дека ќе се купи ново возило (дооолга приказна која вклучува Мечки V6, 159-ки 3.2 / 1.75 TBI итн.), основното прашање беше, а кое возило исполнува барем дел од работите што мене ми се важни и би сакал да ги имам:

-Барем 200 коња
-Некакви спортски предиспозиции, барем да ме залаже :)
-Рачен менувач
-Погон на задни тркала (иако ова знаев дека за тие пари нема да го добијам)
-Доволно простор за да се возат 4 возрасни личности, багажен простор за детска количка,куфери и сите пропратни тракатанци, бидејќи возилото ќе се вози скоро секој викенд Бт-Ск, а често и до Солун,Германија итн.
-Строго седан/хечбек форма.Караван може само RS6 во друг живот.

После сите посети на салони, од BMW до Аутомобиле-СК (да не ме одјебеа за Џулиета Велоче сериозно ќе ја размислев, без разлика на големината), изборот се сведе на Октавија RS или Инсигнија 2.0 турбо.Сепак Инсигнијата во изведба со подобри бандажи и останата опрема што ја сакав, излегуваше значително поскапа од Октавијата (разбирливо, друга класа), но најголем проблем беше што колата ќе требаше да се вози секој ден низ тесни улички во Битола, немањето на тест возило во тој период, како и огромната аверзија што ја имам кон автоматски менувачи, посебно во вакви возила што треба да ми прават ќеиф.

И така дојде денот кога отидов во Јосифов на тест возење со Шкодата на Пеце (RS 2.0 ТДИ) и бев прилично задоволен од возењето и колата како целосен пакет, но нешто не беше тоа тоа :) И тука настапи човекот на кој што сум му многу благодарен за помошта за време на целиот процес на дилеми/купување итн, односно @InSides , кој што дојде во Битола со фамилијата за да го пробам неговиот RS.Во тој момент беше јасно што беше "тоа тоа" што ми фалеше кај Јосифов, си фалеше TSI мотор под хауба :)

После средбата, следеше краток разговор со жената, кој што заврши со следното - Игор, ти прави ќеиф колата? ...Мене ми е преубава, тебе ако ти се допаѓа купувај ја - и ја порачав :)

Досегашни импресии:

Пред да го нарачам RS-от постоеа 3 работи за кои што не бев сигурен како ќе бидат, односно:

-Фаровите од фејслифтот, на обичните Октавии ги мразев како изгледаат и ми беше во мисла како ќе излезат во живо на RS
-Подвозјето и како ќе се однесува по нашите патишта
-230 коња на преден погон, посебно после 4 години возење на заден погон

После 1 недела и поминати 1100км, можам да кажам дека ја обожавам колава.Фаровите во комбинација со ЛЕД светлата, RS маската/браникот (плус црните лајсни) и црната боја мене ми изгледаат навистина агресивно и ми прават ќеиф.Многу подобро изгледаат во живо отколку на слики.Возните карактеристики, посебно подвозјето за мене е одлично балансирано, доволно тврдо и стегнато за да не се изгуби контрола кога ќе се притисне колата во кривини, а прифатливо комфортно и меко кога се круза на автопат во 6-та на 2600 обртаи.Нерамнините на патот се дампираат одлично и не се пренесува ударот низ колата.Не сум се возел на задно седиште да кажам како е, до сега главниот сопатник не се побунил, најверојатно и мултилинкот позади игра улога.Багажниот простор од 590 литри е одличен, во комбинација со 5-та врата, навистина било благодет (иако никогаш не ми било гајле за багажен простор, до сега :) )

Не знам електрониките колку имаат улога при агресивното возење, но сум изненаден како се однесува колата со 230 коња на преден погон во кривини, се движи скоро како по шини, немам сеуште толку храброст, а и потреба, да ја донесам до крајните граници.Забрзува ненормално брзо, а што уште повеќе ми прави мерак е што се закопува во место кога ќе се притисне кочницата и како реагира и на најмал притисок.Исто така ова ми е прва кола со ЛЕД светла, така да малце е да се каже дека сум воодушевен колкава разлика правело добро осветлување навечер, посебно како што возам често надвор од град.

На автопат ми е досадно да ја возам, не сум љубител на големи брзини на прав пат, но ја користам секоја можност да здувам од дома и да фатам некое патче со кривини каде што нема сообраќај, таму уживам и јас и колата :) Посебен мерак ми прават прогресивното управување и спортскиот режим на воланот, како и краткиот/прецизен менувач.Не знам дали ова е стандардно кај VAG, но немам ништо против.

Досегашното мислење за колава ми е дека е фамилијарна кола со спортски гени, што е доволно за мој вкус.Не е хардкор спортско возило и сум среќен заради тоа.

Модификации кои што се планирани се следниве:

-Буквално ништо, планот е да се вози и ужива.Само керамика ќе добие и тоа е тоа.

Негативности во овој момент што можам да ги кажам се:

-50 литри резервоар (разбирливо зашто ова ми е проблем со 230 коња :) )
-Хауба со потпирач или како и да се вика, наместо амортизер

За оние што ги интересира потрошувачката, за овие 1100км, просечна потрошувачка е 9.1л/100км, но мислам дека не е баш најрелеванта сеуште.Викендов Ск-Бт беше 7.2л/100км, Бт-Ск 6.8л/100км, а утрово до работа (15км отворен пат) 6.4л/100км.Кога се вози агресивно си троши, кога се вози нормално за мене е прифатливо.

Како што може да се заклучи, со RS-ов добив многу повеќе од што очекував и тоа како ми легнува за срце :)

И доста филозофирање, во прилог неколку аматерски слики од различни периоди, после керамиката ќе има нови слики:




















« Последно менување: 18 Јуни 2018, 13:14:26 pm igor_xxxx »

Присутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #1 на: 18 Јуни 2018, 12:51:18 pm »
Честито, со здравје да се вози  :)

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #2 на: 18 Јуни 2018, 12:59:51 pm »
Честито нова кола, со здравје да се вози!

Одличен пакет си избрал, нема нешто што би ти зафалило. Единствена замерка би бил малиот резервар. Не е мало возило кое што ќе поминува по малку километри за да му стават 50л резервоар. Седиштата не ги искоментира воопшто (или ми промакна во големиот пост). Добри се, имаат доволна странична и лумбарна поддршка?

Како се препораките на производителот за развозување на колава? Реално ќе те тера да ја "стегаш" а додека е нов моторот мислам дека не е препорачливо.

Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17504
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #3 на: 18 Јуни 2018, 13:01:21 pm »
Уште ненадминато возило во поглед вложено/добиено. Одличен spec, за чудо и мене не ми е гадна предницата кога се околу фаровите е црно.

Долго да уживате во колава и со здравје да ја возиш!

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #4 на: 18 Јуни 2018, 13:03:43 pm »
Кукла! Да те служи долго и да бидеш задоволен! Највеќе мерак прават седиштата и светлата :)

Ова со резервоаров се сложувам, мене ми е проблем со минијатурно моторче а не па 2.0 тси, али тоа е што е.


Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #5 на: 18 Јуни 2018, 13:07:23 pm »
Со здравје и уживанција возењето.

Ми прави мерак кога некој знае што сака од колата.

Кој вели дека Шкода не ја бива?
Кај некои луѓе при самото спомнување на одредени брендови предизвикува подценување, а возат кршеви.


Присутен Luki Junior

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5047
  • The Spartan General
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #6 на: 18 Јуни 2018, 13:12:56 pm »
Многу е убава. Со здравје да си се возите во неа. Јас немав храброст да купам нова кола со многу кс и турбо бензин. Некој ден, половна.  :D
Fehlende Pferde Sterken sind mit Wahnsinn ersetzt.

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #7 на: 18 Јуни 2018, 13:20:29 pm »
Со здравје да си ја возиш :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #8 на: 18 Јуни 2018, 13:26:24 pm »
So zdravje da ja vozis. Sega go imas svetiot gral na forumov 😀

Присутен Ipkisija Meskosa

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8692
  • Пичлеме
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #9 на: 18 Јуни 2018, 13:30:51 pm »
Одлично изгледа, во секој поглед. И мене не ми се допаѓаат фаровите на обичните Октавии, ама со оваа не е така, плус како што кажваш дека во живо уште подобро изгледаат...
Браво за изборот, со здравје да си прајш ќеф :)

Отсутен Djokica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 884
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #10 на: 18 Јуни 2018, 13:36:16 pm »
Честито, со здравје да се вози, и многу безгрижни километри. Колиште 😁

Отсутен George

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 75
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #11 на: 18 Јуни 2018, 13:39:34 pm »
Супер избор ми се свижа :Д колку кошта едно вакво опремено возило со истиот мотор ?

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #12 на: 18 Јуни 2018, 13:47:12 pm »
Игоре, честитки и од мене, милион да и направиш. Коа ќе доаѓаш накај СК не е лошо да ѕврцнеш, да ме провозиш едно кругче :P

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11741
  • Архитект
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #13 на: 18 Јуни 2018, 13:56:48 pm »
Битолчанец а? Убо.
Да си зрав и жив.
:)

Со здравје да се вози. Убо количе си зел.
Лани се моташе караван со оваа фаца кај мене. Тогаш заклучив дека воопшто не се лоши фаровите во таа комбинација. Таа беше некоја плава светла, одлична боја.
И мене исто така ми е чудно како можи да има 50л резервоар, ама то е шо ќе прајш.

Отсутен t0m1cA

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3478
Одг: Skoda Octavia RS 2.0 TSI FL
« Одговори #14 на: 18 Јуни 2018, 13:58:48 pm »
БОООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООООО!!!  :-* :-* :-*