Дечки благодарам на сите за убавите зборови и мисли.
Ви посакувам и вие да си купите тоа што ви лежи на душа и да си го паркирате пред прозор дома.
Колава е купена за да се вози низ Скопје. Секој ден од точка А до точка Б.
Од досегашното искуство со возилово, најчесто го загледуваат млади мајки, теткици во многу рана старост (околу климакс) и чат пат по некој буљаш.
Количето е "симпатично". Интересно е за возење, особено низ скопскиот метеж. Споредено со Цитроен Ц2 што го возев претходно, Фичово е по премиум изработено малку, има добра звучна изолација и еден куп виџети внатре. Цитроенот беше по "картинг" возило и повеќе ми правеше ќеиф. Ова е некако напумпано, кренато, лампион. Фиатот е мноогу по стегнат целосно како возило споредено со Цитроенот. Нема крцкање тропкање и слично.
Несомнено е дека сопругата ќе ми го конфискува набрзо фичово, и дека ќе морам да се служам со нејзиното возило, ама па таа и ми беше стратегијата уште на старт. Веќе се почести фразите од типот "остај ми го фичото" иди ти со другата. Така да, знаејќи го женскиот менталитет, ќе бидне размената.
Стварно незнам како порано иделе до Башка Вода и Дубровник со Фичо и без клима, со 4 души внатре. Ова е ок за низ град, ама за подолга релација ќе мора или со тристач или со пезетка.