Автор Тема: Fiat 500 1.2 Lounge  (Прочитано 17994 пати)

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Fiat 500 1.2 Lounge
« на: 13 Мај 2018, 22:18:05 pm »
Конечно најдов малку слободно време да го паркирам возилово во гаража.

Како што кажува насловот, Фиат 500, со 1.2 бензински мотор. Произведено во 2011 година.
Нема некоја филозофија околу погонот, обичен мулти поинт систем за вбризгување со мануелен 5 степен менувач.

Колата е донесена од Швајцарија, со уредна сервисна историја (не го донесов јас лично, јас само го купив од човекот што го донел).

Во моја сопственост е од 96403 километри.

Има Lounge ниво на опрема, што и да значи тоа.

Од дополнителна опрема има:
- автоматска клима
- електрика на стакла
- Алуминиумски фелни
- Еден куп Хром елементи на каросерија
- ЕSР
- АВS
- Панорамски покрив
- Серво волан со City опција
- Некое Windows Blue and Me нешто што се поврзува на телефон ама појма немам како се користи
- УСБ конекција за меморија и чарџање телефон


Возилото е бела перла боја, и е во одлична каросериска состојба.

На 96.800 му направив редовен сервис во Аутомобиле СК и заменив масло и комплет филтри.

Следно е планиран голем сервис со каиши, водна пумпа и сите течности.

Претходниот сопственик му има сменето летва, задни спирали и амортизери. Сите делови се ОЕМ Фиат, и сменети во овластен сервис кај што го одржувал возилото во Швајцарија.

Задниот трап му е подгризан од сол и вода, која веројатно е поагресивна на патиштата во Швајцарија и трапот си го платил данокот. Ќе треба да се истругаат кородираните елементи и да се премачкаат со боја. Не е ништо страшно и може да се вози и така, ама мене ми смета.

Можеби ќе лапне фолии на стакла, и нови патосници.

Десниот фар нема капаче од внатрештата страна.

Тоа би било се.

Не сум поседувал Фиат никогаш претхондо, но сум возел многу Фиати, па ќе видиме како ќе се равива приказната.

Еве и некоја фотографија. Сликани се на денот кога го донесов во Скопје по претходни перипетии околу документи и таблици.

Навлаката на воланот летна уште првите 2 километри позади во гепек. Не ја имам јас ставено.


















Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7062
  • хаУс мајстор
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #1 на: 13 Мај 2018, 22:41:15 pm »
У билетара да го паркираш :D
Со здравје да се вози!

Отсутен n1kola

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6841
  • French diamond
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #2 на: 13 Мај 2018, 22:44:36 pm »
Фичо бе  :D Со здравје да се вози, интересно количе ! Најмногу ме нервира кај Фиат е тоа што дугмината за стаклата ги сместуваат кај менувачот, на повеќето постари фиати е така, а еве гледам и на поновите продолжиле со тој глуп тренд.

едит: Или грешка сум, гледам и на вратата има некој дугмина... кој за што се ?

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #3 на: 13 Мај 2018, 22:48:42 pm »
Фичо бе  :D Со здравје да се вози, интересно количе ! Најмногу ме нервира кај Фиат е тоа што дугмината за стаклата ги сместуваат кај менувачот, на повеќето постари фиати е така, а еве гледам и на поновите продолжиле со тој глуп тренд.

едит: Или грешка сум, гледам и на вратата има некој дугмина... кој за што се ?

Таму се одма до менувачот. Исто како во Фиат Панда.

На вратите има само копчиња за нагодување на ретровизорите.

Отсутен ace-106

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3468
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #4 на: 13 Мај 2018, 22:58:59 pm »
Честито, супер изгледа!

Sent from my SM-G950U1 using Tapatalk


Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #5 на: 13 Мај 2018, 23:01:48 pm »
Malku previse belo vnatre za moj vkus, ama kazhav deka pametno gi birash...
Da si go iznavozite !
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен Дибидус

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1758
  • Veritas Vos Liberabit
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #6 на: 13 Мај 2018, 23:03:39 pm »
Ај нек се угоде  :D
Brains are awesome. I wish everybody had one.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #7 на: 13 Мај 2018, 23:08:46 pm »
Со здравје да се вози.
Кога ќе купиш Стингер, ќе можеш Фичово во гепек да си го спакуваш.

Отсутен kalimero

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1847
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #8 на: 13 Мај 2018, 23:28:21 pm »
Chestitki, da mu se iznauzhivash, insku malku faleshe I jas da vozam vakvo peed par meseci.

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #9 на: 13 Мај 2018, 23:40:34 pm »
Цицка. Красиво!

Арна да му бијт срејчата :)
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Vlatce-Vectra

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5653
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #10 на: 14 Мај 2018, 00:15:36 am »
Odlicno pogotovo boicevo ama i unutra ne e loso bas sakam vakvi svetli enterieri. Sozdravje da go brmcis i mnogu bezgrizni kilometri.
Daj malce info kako se ponasa so toj motor trom li e, potrosnja, komocija za vozac i suvozac.Фичуле :)

Присутен Silvester

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1789
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #11 на: 14 Мај 2018, 00:17:39 am »
Со здравје да се вози! Многу кул количе и интересна боја. Има едно иста боја погоре од Апче, секогаш ми привлекува внимание.

Туку ако го возиш ти ова, верувам дека често ќе ти свиркаат и ќе те пикираат ;D многу педерана има по градов. Чувај се!

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #12 на: 14 Мај 2018, 00:30:34 am »
И за шо го користиш аутово?

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #13 на: 14 Мај 2018, 04:51:39 am »
Chestitki, da mu se iznauzhivash, insku malku faleshe I jas da vozam vakvo peed par meseci.


И јас за малце пред година дена :) Со Симо гледавме едно, ама не го биваше.

Нек је са сречом златкоа :)
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен ghost555

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 140
Одг: Fiat 500 1.2 Lounge
« Одговори #14 на: 14 Мај 2018, 05:35:08 am »
Ова незгодно за паркирање ми изгледа али ти си знаеш. Со среќа да се вози, добро изгледа внатре а и бојата му одговара.