Интересно е како дискусијата за турбо бензинците се трансформираше од "ебати малолитражните турбо бензинци" во дискусија кој од понудените турбо бензинци е подобар.
Сега откако дизел технологијата е речиси мртва, полека дебатата се насочува кон тоа што е иднината и кое што ќе еволуира.
Во последните 8 години, 1.4 ТСИ моторот кај ВФ премина од "расиплив и фаличен со чкарт ланче" во 1.5 ТСИ кој е врвно ремек дело на авто индустријата. Во исто време директниот дизел конкутент 2.0 ТДИ не доби ништо револуционерно. Добро освен сандук, крст и поп.
Очигледна е тенденцијата на развојот кој е насочен кон турбо бензинците и нивно модернизирање и усовршување.
Во исто време и Форд со ЕкоБуст моторите прави фантастичен напредок и модернизација, и очекувано е останатите производители да ги следат.
Поентата на моите реченици од погоре е, дека табуата и предрасудите за турбо бензински мотори се само фарса, затоа што секој кој ќе проба модерен турбо бензинец многу лесно ќе се убеди себе си дека воопшто не е лошо да се поседува таков автомобил. Затоа предност би им дал на 1.0ТСИ и ЕкоБуст 1.0 во поло/фиеста и 1.5ТСИ и 1.5Екобуст во Голф-Леон Фокус.
И најчесто табуата ги поставуваат луѓе кои што не прифаќаат ништо ново, затворени се во сопствен свет на погрешни убедувања и се обидуваат да наметнат и останатите да го следат нивното мислење. Кое според мене е целосно погрешно.
Затоа пред да купите возило, пробајте ги сите опции кои што ви се на располагање, бензински и дизел мотори, повозете тест модели од сите возила и купете го тоа возило кое ќе ви предизвика пеперутки во стомак и "осмех на лицу". Не слушајте туѓо мислење, тоа не е ништо поважно и по точно од тоа што вие ќе ги имате како чувство додека возите возило кое што ќе ве прави среќен.
Без да бидам пристрасен доколку јас би бирал хеч сега во моментов мојот избор би се движел помеѓу овие возила, кои што лично ги имам возено и ги препорачувам:
Форд фокус 1.0 Екобуст 125кс со PowerShift Менувач
Форд Фокус 1.5 Екобуст со мануелен менувач
Голф 7 1.0 ТСИ со ДСГ менувач
Голф 7, 1.5 ТСИ со ДСГ Менувач или Мануелен менувач
Не дека другите возила не чинат од оваа категорија како на пример Сеат Леон, Хјундаи и30, Шкода Октавија....
Мојот став е дека флегшип модели од класата на хечбек за Форд и Фолксваген се Фокус и Голф. Тука и двата производители вложуваат многу напор да ги отстранат аномалиите со текот на годините. Затоа според мене овие два модели се најрафинираниот и најцелосниот производ што може да се добие на пазарот.
Дизел моторите не ги ставам во никаква споредба, мојот личен став е дека на долгорочен план не треба да се инвестира во возило со дизел мотор, освен ако не станува збор за автопатска крстарица како Ауди А6, Мерцедес Е класа кои би поминувале 30.000 километри годишно минимум на отворен пат.