Автор Тема: Нов хечбек  (Прочитано 24096 пати)

Отсутен ogledalo

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 615
Одг: Нов хечбек
« Одговори #75 на: 15 Март 2018, 12:34:23 pm »

Турбаш е бмв то.
1.5 - 3 цилиндри - турбо.

Јас ова го земам пред голф. И покрај тоа што не ми е нешто убава оваа единицава.

Не можам ова да го сварам за возило со таа значка и такво реноме.

Далеку од тоа дека е лош примероков.
A dali znete deka BMW ima I dizel 1.5 - 3 cilindri motor koj go vgraduva vo istiov model, 116d I 118d?

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Нов хечбек
« Одговори #76 на: 15 Март 2018, 12:36:14 pm »
Абе и пред неколку години кога излезе Форд екобуст 1.0 три цилиндри на никоj не му идеше па еве веќе полека полека и тие си го најдоа своето место на пазарот.

Отсутен eko13

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 70
Одг: Нов хечбек
« Одговори #77 на: 15 Март 2018, 12:37:11 pm »
Mu go ubutavme BMW-to na covekot.
Uste da ne e prodadeno dobro ke e, od 9 Fevruar e oglasot.

Еве го истото од 27ми Октомври

https://www.pazar3.mk/%D0%9E%D0%B3%D0%BB%D0%B0%D1%81/%D0%A1%D0%B5-%D0%BF%D1%80%D0%BE%D0%B4%D0%B0%D0%B2%D0%B0/%D0%A1%D0%BA%D0%BE%D0%BFj%D0%B5/%D0%93%D0%B0%D0%B7%D0%B8-%D0%91%D0%B0%D0%B1%D0%B0/%D0%92%D0%9E%D0%97%D0%98%D0%9B%D0%90/%D0%90%D0%B2%D1%82%D0%BE%D0%BC%D0%BE%D0%B1%D0%B8%D0%BB%D0%B8/BMW/1-%D1%81%D0%B5%D1%80%D0%B8%D0%B8/116/BMW-116i-najnov-model-novo/2778656

Најдобро е што и во Февруар стои дека има поминато 4.000км...освен ако не му дреме на паркинг


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Нов хечбек
« Одговори #78 на: 15 Март 2018, 12:39:45 pm »
Абе и пред неколку години кога излезе Форд екобуст 1.0 три цилиндри на никоj не му идеше па еве веќе полека полека и тие си го најдоа своето место на пазарот.

Ford, VW, Opel, Skoda, Seat... != BMW, Mercedes, Audi.

На пример, далеку од лош е 2.3 Екобуст во Мустанг, ама мене лично, едноставно не ми е тоа тоа... Мустанг треба да си биде со V8 под хауба, и толку, крај на приказната.
Исто како „саундтракот“ од моторот/издувот да го лажираш низ аудио системот. Катастрофа. Беда.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6478
Одг: Нов хечбек
« Одговори #79 на: 15 Март 2018, 12:50:25 pm »
Па неможам да се согласам, не ја гледам паралелата на Мустанг кое што е култно ауто и БМВ како целина каде што има преку 10 различни модели. И тие доста се имаат искомерцијализирано, пред се почнаа одамна со Х3 Х5 Х7 и во поновата историја со вадење на серија 2,4,6 итн.

Ауди А3 има 3 цилиндри 1.0.

Сепак правиме муабет за БМВ 1 а не БМВ 5.

Отсутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3774
Одг: Нов хечбек
« Одговори #80 на: 15 Март 2018, 12:57:21 pm »

Турбаш е бмв то.
1.5 - 3 цилиндри - турбо.

Јас ова го земам пред голф. И покрај тоа што не ми е нешто убава оваа единицава.

Не можам ова да го сварам за возило со таа значка и такво реноме.

Далеку од тоа дека е лош примероков.
A dali znete deka BMW ima I dizel 1.5 - 3 cilindri motor koj go vgraduva vo istiov model, 116d I 118d?

Само 116д е со три цилиндри, 118/120/125д го имаа истиот 2.0 со 4ри цилиндри.

Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Одг: Нов хечбек
« Одговори #81 на: 15 Март 2018, 13:01:36 pm »
Па неможам да се согласам, не ја гледам паралелата на Мустанг кое што е култно ауто и БМВ како целина каде што има преку 10 различни модели. И тие доста се имаат искомерцијализирано, пред се почнаа одамна со Х3 Х5 Х7 и во поновата историја со вадење на серија 2,4,6 итн.

Ауди А3 има 3 цилиндри 1.0.

Сепак правиме муабет за БМВ 1 а не БМВ 5.

Е ако де, не мора да се согласиш. Моето размислување е такво, и јас стојам зад тоа.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Нов хечбек
« Одговори #82 на: 15 Март 2018, 13:10:41 pm »
Интересно е како дискусијата за турбо бензинците се трансформираше од "ебати малолитражните турбо бензинци" во дискусија кој од понудените турбо бензинци е подобар.

Сега откако дизел технологијата е речиси мртва, полека дебатата се насочува кон тоа што е иднината и кое што ќе еволуира.

Во последните 8 години, 1.4 ТСИ моторот кај ВФ премина од "расиплив и фаличен со чкарт ланче" во 1.5 ТСИ кој е врвно ремек дело на авто индустријата. Во исто време директниот дизел конкутент 2.0 ТДИ не доби ништо револуционерно. Добро освен сандук, крст и поп.

Очигледна е тенденцијата на развојот кој е насочен кон турбо бензинците и нивно модернизирање и усовршување.

Во исто време и Форд со ЕкоБуст моторите прави фантастичен напредок и модернизација, и очекувано е останатите производители да ги следат.

Поентата на моите реченици од погоре е, дека табуата и предрасудите за турбо бензински мотори се само фарса, затоа што секој кој ќе проба модерен турбо бензинец многу лесно ќе се убеди себе си дека воопшто не е лошо да се поседува таков автомобил. Затоа предност би им дал на 1.0ТСИ и ЕкоБуст 1.0 во поло/фиеста и 1.5ТСИ и 1.5Екобуст во Голф-Леон Фокус.

И најчесто табуата ги поставуваат луѓе кои што не прифаќаат ништо ново, затворени се во сопствен свет на погрешни убедувања и се обидуваат да наметнат и останатите да го следат нивното мислење. Кое според мене е целосно погрешно.

Затоа пред да купите возило, пробајте ги сите опции кои што ви се на располагање, бензински и дизел мотори, повозете тест модели од сите возила и купете го тоа возило кое ќе ви предизвика пеперутки во стомак и "осмех на лицу". Не слушајте туѓо мислење, тоа не е ништо поважно и по точно од тоа што вие ќе ги имате како чувство додека возите возило кое што ќе ве прави среќен.

Без да бидам пристрасен доколку јас би бирал хеч сега во моментов мојот избор би се движел помеѓу овие возила, кои што лично ги имам возено и ги препорачувам:


Форд фокус 1.0 Екобуст 125кс со PowerShift Менувач

Форд Фокус 1.5 Екобуст со мануелен менувач


Голф 7 1.0 ТСИ со ДСГ менувач
Голф 7, 1.5 ТСИ со ДСГ Менувач или Мануелен менувач


Не дека другите возила не чинат од оваа категорија како на пример Сеат Леон, Хјундаи и30, Шкода Октавија....

Мојот став е дека флегшип модели од класата на хечбек за Форд и Фолксваген се Фокус и Голф. Тука и двата производители вложуваат многу напор да ги отстранат аномалиите со текот на годините.  Затоа според мене овие два модели се најрафинираниот и најцелосниот производ што може да се добие на пазарот.

Дизел моторите не ги ставам во никаква споредба, мојот личен став е дека на долгорочен план не треба да се инвестира во возило со дизел мотор, освен ако не станува збор за автопатска крстарица како Ауди А6, Мерцедес Е класа кои би поминувале 30.000 километри годишно минимум на отворен пат.







Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Нов хечбек
« Одговори #83 на: 15 Март 2018, 13:19:32 pm »
Turbo benzincive se real deal. Koj vozi znae. Bez razlika na marka/model i tn ... Ako uste malku im podobrat ekonomija, dizelot zasekogas ke e zakopan

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нов хечбек
« Одговори #84 на: 15 Март 2018, 13:24:57 pm »
Убава дикусија се води овде: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,5699.msg1025654.html#msg1025654

И при земање на бензински мотор со директно вбризгување треба да се прати да е со комбинирано вбризгување и дупло дизни. За да се избегне ова.

Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Нов хечбек
« Одговори #85 на: 15 Март 2018, 13:28:56 pm »
Интересно е како дискусијата за турбо бензинците се трансформираше од "ебати малолитражните турбо бензинци" во дискусија кој од понудените турбо бензинци е подобар.

...

И најчесто табуата ги поставуваат луѓе кои што не прифаќаат ништо ново, затворени се во сопствен свет на погрешни убедувања и се обидуваат да наметнат и останатите да го следат нивното мислење. Кое според мене е целосно погрешно.

Се согласувам со целиот пост, ама највеќе со ова.

Импресивно е колку многу напредок, за колку малку време направија малите турбо-бензинчиња. Кога прв пат возевме Focus 1.0 Ecoboost пред скоро 4 години истите муабети се вртеле. Луѓето имаат скепса према моторчињава, а 95% од нив не ги ни пробале, не па да имаат некакво конкретно искуство.

Се согласувам дека EcoBoost и TSI моторите се доведени до стадиум каде се доверливи, моќни и економични. Со задоволство ги препорачувам - по моја препорака неколку другари купила Focus 1.0 Ecoboost и си уживаат во количињата, особено за парите.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43710
  • Il Moderatore
Одг: Нов хечбек
« Одговори #86 на: 15 Март 2018, 13:29:07 pm »
Убава дикусија се води овде: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,5699.msg1025654.html#msg1025654

И при земање на бензински мотор со директно вбризгување треба да се прати да е со комбинирано вбризгување и дупло дизни. За да се избегне ова.
Не мора. BMW нема проблем со карбон билдап, Алфа нема проблем со карбон билдап, не знам како се на пежо THP моторите, ама не сум слушнал и таму дека претставува проблем... мислам дека генерално е надминат проблемот со карбон билдап на новиве Di бензинци...

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Нов хечбек
« Одговори #87 на: 15 Март 2018, 13:29:53 pm »
Убава дикусија се води овде: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,5699.msg1025654.html#msg1025654

И при земање на бензински мотор со директно вбризгување треба да се прати да е со комбинирано вбризгување и дупло дизни. За да се избегне ова.

Новите итерации од Турбо Бензици од 2016 наваму овој проблем веќе го имаат редуцирано то даа мерка што е занемарлив како проблем. Поголем проблем е кај дизел моторите отколку кај турбо бензинците од понова генерација.

Таман си се моторите до Директно вбризгување. Двојното вбизгување го форсираат оние проиводители кои што ги мрзи посериозно да се замараат со проблемот туку само пикаат дизни плус за да имаат повеќе работа во одржување.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Нов хечбек
« Одговори #88 на: 15 Март 2018, 13:35:29 pm »
Убава дикусија се води овде: http://forum.carclub.mk/index.php/topic,5699.msg1025654.html#msg1025654

И при земање на бензински мотор со директно вбризгување треба да се прати да е со комбинирано вбризгување и дупло дизни. За да се избегне ова.
Не мора. BMW нема проблем со карбон билдап, Алфа нема проблем со карбон билдап, не знам како се на пежо THP моторите, ама не сум слушнал и таму дека претставува проблем... мислам дека генерално е надминат проблемот со карбон билдап на новиве Di бензинци...
Ако се со двојно вбризгување нема, затоа треба да се пази.
Еве за BMW http://www.munichmotorsport.com/wordpress/?page_id=601
A и за фиат незнам зошто би немало.

Лошо е да се каже на некој што сака нова кола од салон да не припази на овие работи. Јас рецимо би сакал да знам кога би купувал кола вакви работи. Поубаво е да кажеме, еве овие мотори треба да се бираат отколку дека не треба да се пази.

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14288
  • Пудингот на шоферството
Одг: Нов хечбек
« Одговори #89 на: 15 Март 2018, 13:39:16 pm »
1.0 екоб или тси е подобар од 1.4мпи.И овие муабети на фалење се само ради тоа шо уште се нудат анемични мпи мотори.Кога би споредувале 1.0тб со 2.0тб,кој би го погледнал солупеното 1.0тб...
Исти муабети се воделе порано меѓу 1.4 мпи и 2.0мпи...
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D