Автор Тема: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016  (Прочитано 60601 пати)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #105 на: 13 Ноември 2019, 17:31:58 pm »
Додека дремев на семафор ја упецав бројкава

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Отсутен head

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 178
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #106 на: 14 Ноември 2019, 10:22:31 am »
Додека дремев на семафор ја упецав бројкава(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)

Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


А и си го накрцал резервоарот до капаче ;-)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #107 на: 14 Ноември 2019, 10:31:32 am »
Секогаш се доточува до горе :)

Здраво е за општото здравје на колата :)

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #108 на: 14 Ноември 2019, 14:18:16 pm »
Сакаш пукни од мака, кај мене се одвива пасивна и сега за сега немало потреба да се покрене активна, што поради нова кола со тазе дпф, што поради икс други причини, да не ги набројувам.
Тоа што проверував во сервис не беше да се докажувам со тебе, туку да бидам раат и да видам зошто колата не се понаша како кај поединци по форуми, меѓудругото како на оној форум за хјундаи.

Мораш да прифатиш дека сите коли не се исти во поглед на пасивната регенерација, и дека тоа што важи за твојот Сеат не важи за сите коли.
Морам да признам дека и за мојата очекував исто, незнам по кој пат го кажувам ова.

Читај уште еднаш

Passive Regeneration is a process of soot reduction via natural conversion. It occurs when ideal driving conditions apply (60mph for 15 minutes – e.g. motorway driving). The DPF becomes hot enough to burn off some of the trapped particulates naturally between 350-500°C. The carbon soot particles are converted into carbon dioxide by a reaction with nitrogen oxide using the coating of the DPF, which works as a catalyst.

ПС прочитај и за адблуто уште еднаш внимателно.



Абе друже повторно се фати за мене, јас што возам, што јас сум напишал. Тоа што се констатира од едно просто видео на јутуб (хјундаи со црди мотор) е дека не измислиле топла вода од хјундаи и како кај секоја кола со дпф, се случува редовна активна регенерација. Ти нормално можеш да мислиш што сакаш и како сакаш, фактите се тие. Тоа што симптомите при активна регенерација кај тебе не си ги забележал, не значи дека тие не се случуваат на секој 300-400км  :)

Сите автомобили се буквално исти за пасивна регенерација односно се зависи од температура на издувот. При констатно возење на отворено (особено без варијации во брзини) температурата може да биде и пониска од таа при возење во град агресивно на пример. Ова што си го напишал е веројатно најголема генерализација за дефиниција на пасивна регенерација. И убаво и пишува таму, "some of the trapped particulates...." e тоа "some" е многу малце :)

За да се прекинат препукувања извади еден скриншот ставајќи го твојот автомобил на компјутер и што ќе пишува под бр.3 Distance driven after the final successful regeneration:


хинт, сигурно нема да пишува 33.000 км :)

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #109 на: 14 Ноември 2019, 15:45:35 pm »
Па како да не коментирам за тоа што возиш кога си запнал да докажуваш нешто базирано на твоето искуство со Сеатот. Особено откако го купи гаџетот за дпф.

Колку си упорен што на крај ќе попуштам и ќе ти "дадам" ;D

Грешиш за дпф во однос на пасивна регенерација.
Грешиш и со пишувањата за адблу.
Безрезервно веруваш на видео клипче без да размислиш логички како тоа се случила толкава акумулација по 80км, итн
И да не набројувам понатаму.

Еве уште еднаш ќе пишам дека и јас мислев дека ќе биде како што ти кажуваш, како што имав прочитано по форуми, како што ми имаа кажувано сопствениците на 3 нови возила од нивното искуство со честите активни регенерации од кои еден често завршуваше во сервис на присилни регенерации. Не ги ставам тука тие со постарите коли.
Сето тоа во услови на градска вожња на изминати 200/300 км.
Така да и јас како тазе сопственик на кола со дпф се трудев да приметам кога ќе почне таа активна регенерација во градска вожња, се со цел да не ја изгасам колата и да се доведам во ситуација повеќе пати да ја оставам недовршена регенерацијата.
Да напоменам дека неретко се случуваше да поминам и преку 600км во градска вожња со кратки релации без да излезам на автопат.

Еден од симптомите е да покаже зголемена потрошувачка на дисплеј во мод моментална потрошувачка. Секаде е тоа така наведено на форумите, без исклучок.

За останатиот историјат веќе пишував, да не се повторувам.

Каде и да отвориш секаде истото го пишува:

http://www.fiches-auto.fr/articles-auto/fonctionnement-d-une-auto/s-1076-fonctionnement-du-fap.php

https://www.krosfou.fr/blog/15_l-adblue-permet-il-d-eviter-le-colmatage-du-filtre-a-particules-.html

https://www.t6forum.com/threads/dfp-regen-yellow-light-adblue-whats-it-all-about.11704/

https://leasecar.uk/car-leasing-guide/leasing-a-diesel-vehicle-adblue-and-dpf/

https://www.honestjohn.co.uk/faq/diesel-particulate-filters/

https://www.bmcatalysts.co.uk/diesel-particulate-filters/

https://www.ctscorp.com/products/sensors-2/rf-dpf-sensor/diesel-particulate-filter-dpf-knowledge-base/

При споделувањата искуства се придодадоа и неколку поинакви. Имам пријатели кои исто така немаа доживеано покренување активна регенерација со нивните коли во услови на градска вожња.

Заклучокот е дека не се сите коли исти, да не навлегувам во шпекулации за можните причини.

Колата е нова, сега за сега се функционира беспрекорно и не се случила толкава акумулација во дпф за да биде покрената активна регенерација.
Тоа малку што ќе се акумулира се согорува пасивно на автопат со подолготрајно возење при брзини поголеми од 60 милји/100км/ч. Токму како што е опишано на сите сајтови.

ПС немам попаметна работа од тоа да одам во сервисот по само неколку месеци откако бев и да им барам да ја стават колата на дијагностика итн бидејки требало да се докажувам со неистомисленик на форум.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #110 на: 16 Ноември 2019, 16:08:48 pm »
Си доби малку внимание денес.
Ставив зимски гуми, усисано прашина, исперено, испеглано ;D
Одамна не сум стави некоја слика :)



Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk


Отсутен Bravo

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1728
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #111 на: 17 Ноември 2019, 09:04:39 am »
Супер изгледа

Sent from my VTR-L09 using Tapatalk


Присутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5857
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #112 на: 17 Ноември 2019, 12:05:36 pm »
Одлично било хјундаиво 😊

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Присутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #113 на: 17 Ноември 2019, 20:01:07 pm »
Плус одлична боја!

Отсутен зоки-златен

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7066
  • хаУс мајстор
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #114 на: 17 Ноември 2019, 20:09:11 pm »
Мене ми доаѓа некаде од внатре, кога гледам ваква боја да земам шмирглите и да му влезам на Пасатот :D

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #115 на: 17 Ноември 2019, 20:58:38 pm »
Патешествија имав и со изборот на боја :)

Имав можност да бирам боја бидејки на лагер имаа само еден дизел со црна боја, не ја сакав ни под разно.
Првобитно сакав Блу Аква, но ми рекоа дека прекинале со производство со таа боја.
Гледајки во каталогот на бои не можев да се одлучам. Црвената беше многу убава, но сите коли ми беа црвени и реков доста.
Сребрена боја никогаш не ми фати око.
Некако ми фати око Сахара, но кодовите за нарачка не се совпаѓаа со кодовите од каталогот. Имало промена некаква околу нијансите.
Се брзав нешто, почна сафра да ме фаќа, искоментирав нешто као зошто ја укинале Блу Аква, што убаво си имав веќе одлучено. Со месеци бирав коли, таман се одлучив и заглавив на боја ;D
На тоа ми рекоа дека можам да порачам поинаква сина боја наречена Ара Блу, но ја немаат во каталог да видам каква е.
Ми пуштаа слики од интернет, ама сите имаа различни нијанси.
На крај им текна дека имаат на плацот еден Тусон  со таа боја и дека може во живо да ја видам.

Така падна одлуката за Ара Блу боја :)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #116 на: 17 Ноември 2019, 21:50:05 pm »
Не знам дали е спомнато низ темава, ама бојата е одлична ;D

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #117 на: 18 Ноември 2019, 00:33:19 am »
Ne da eee.
Narednata zdravje.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #118 на: 22 Ноември 2019, 19:29:37 pm »
Денес, возејки низ градов во еден момент осетив тромавост  на тргнување во прва, ксто и во втора, за трета брзина немаше каде да стиснам низ гужвите.
По некое време се врати во нормала.
Немав баш време но скокнав до сервис, успат и за i10ката да прашам за штиф штрафови и мутери на тркала дали имаат.

Ја ставија на дијагностика и не видоа никаква грешка, освен тпмс бидејки бандажите со зимски гуми немаат сензори.
Им реков ајде да видам информации за дпф што ќе каже.
Е овојпат стоеше информација: 19км од последна регенерација.
Сега ги знам симптомите :)

@vlatko.klp, во право беше, сум бил доведен во заблуда.

Од последното танкирање поминати 250км градска со кратки релации, со претходното танкирање мислам имав 600км, значи вкупно 850км само градска. Ова ми е рекорд, така излезе, долго не мрднав никаде надвор од Скопје.
Повторно развив дискусија со момците во сервисот: што, кога, како...
Имаше малку дигање рамења, штета што нема можност да се види кога и колку вкупно регенерации се направени досега, освен последната.

Сепак, директорот на сервисот ми препорача да не читам и гледам многу на интернет се и сешто, но исто така дека ако е се во ред со колата не би требало да прави активни регенерации на секои 200/300км.
Се даде претпоставка дека така ми се погодувало да по 500/600км градска, излезам на аавтопат и таму да се покрене активната регенерација, при што нема шанси да приметам дека се одвива.

ПС тие страниците за дпф што ги имав цитирано и милионите други што постојат, може слободно да си ги пикнат у гс тие што си ги креирале.
« Последно менување: 22 Ноември 2019, 19:37:34 pm Mikius »

Присутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6480
Одг: HYUNDAI I30 1.4CRDI 2016
« Одговори #119 на: 23 Ноември 2019, 14:14:51 pm »
Мило ми е што на крај све излезе како што треба. И повторно не би се согласил со констатацијата на директорот што ти рекол дека не треба да прави регенерации на секои 200/300 ако ја возиш исклучиво градска. Па ако е и ладно времето и плус 3-4км на едно палење, ништо чудно тоа да биде и некогаш на помалку од 200км и сетоа тоа треба да биде така! За жал, многу мајстори сеуште не ја познаваат доволно тематиката околу дпф, како функцонира и што е нормално а што не е нормално оперирање на дпф филтер. Јебига.

А ти имаш поминато 33.000км со колата така да нема многу што да му ја мислиш колку често има регенерација во секој случај.