Наназад неколку месеци едно комшиско куче почна да ми ја лае колата кога сум на враќање накај дома, 5,6 метри пред да влезам во двор. Не знам што сорта е, мало е по раст и доста е старо, наводно не гледал веќе добро.
Уличката е нагорна и се движам споро во прва брзина и понекогаш слушав покрај лаењето и удари во задниот браник. Си викав будало куче, од бес си ја мава главата во браник.
При перење на колата забележував извесни плитки оштетувања на бојата и ги припишував на штети од паркинзи.
Некни забележав неколку нови подлабоки гребаници и чудни по облик. Се чудев од што би можеле да бидат.
Денес ми текна дека всушност тие ударите во браник што ги слушав биле обиди да ми го гризе браникот.
Мистеријата со фамозните грепки е разрешена
Sent from my Redmi Note 7 using Tapatalk