После продажбата на Октавијата трета генерација, следниот чекор беше многу едноставен, така што направен е апгрејд на Octavia RS FL TSI DSG во Velvet Red боја.

Колата е нарачана од кај нашиот драг клабер Андреј и треба да стигне за отприлика месец дена од сега, па тогаш и официјални слики ќе следат.
Покрај стандардната богата опрема што иде во РС пакетот, додадено е и уште некои ситници кои ми беа битни:
-заден брисач (мене ми е практично и функционално и не ми ја грди воопшто)
-DCC адаптивна суспенција
-Sunset дополнителна акустика/изолација на предни стакла
-бандажи COMET Black Machined 225/45 R18
Тоа би било тоа за сега, слики втора половина на март.

