Автор Тема: Доверливост на постари vs понови автомобили  (Прочитано 11736 пати)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #15 на: 07 Февруари 2018, 15:51:17 pm »
Во екстремни случаи мислам дека километрите не ја јадат толку колата колку годините.....а за второво , треба да почекаме до кај 2030 т и надаље ако тврдиме дека новите коли се по издржливи од старите.

Друго прашање е начинот, времето и трошоците на тестирање на pre producition модели денес и порано.

Зависно од ова , настанатите проблеми на нова кола може да ги отсрани и реши производителот на негова сметка уште пред колата да почне да се продава или сопственикот од свој џеб откако ќе ја купи.

Еве, ако има некој информација дека БМВ до ден денес вака или уште по ригорозно ги тестира новите модели (да се акаат од Јужна Африка, преку Нордшлајфе да се до Норвешка) пред да ги пуштат во продажба, нека пише..

« Последно менување: 07 Февруари 2018, 15:58:17 pm Stratro »

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13937
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #16 на: 07 Февруари 2018, 15:56:33 pm »
Сите кажувате работи што се реално вистинити.

Факт е дека возилата од 1992-3 па навака, се со доста додатна опрема која е лесно расиплива. Има многу компоненти кои затајуваат, електроника чиј заштитен материјал се уништува од самата експонираност на елементите (топлина, влага итн).

Што се однесува до другите механички компоненти, сите возила порано, биле конструрирани да траат и да бидат издржливи заради начелно две причини

- Лоши патишта
- Лош квалитет на горива

Значи моторите беа со релативно ниска компресија (бензинците) за да можат да трпат неквалитетно гориво, бидејќи во тој период горивата не секаде беа со добар квалитет
Подвозјето беше доста издржливо бидејќи огромен дел од патиштата не чинеа. Коцка, калдрма, нерамен асфалт итн. Компромисот беше направен во динамичното возење (т.е. нели викаме - вози како брод). Малку поагресивно во кривина и губите тракција.

Патиштата и горивата во развиениот свет се одлични и оттаму немаат потреба веќе да го прават тој компромис, па ставаат сега турбини на нисколитражни бензинци, ставаат покрута суспенсија.

Што се однесува до шасија, знаете која беше логиката на времето?
- Стави повеќе метал, да има време дур да продири корозијата. Сите стари возила имаа дебели плехови лим токму заради тоа.
Никаква безбедност, тешки и катастрофални за возење.

Да не правиме муабет за постојаното одржување, штеловање вентили, подесување на карбуратор, чистење дизни, вадење на иберлауф од карбуратор оти маслената пареа го гушеше моторот, на само 100 000км.

Мешавината рачно се подесуваше со саух (со ретки исклучоци, особено кај германците), греењето на карбураторот беше со помош на издувните гасови (т.н мека врска) итн.

Возилата лапаа бензин/дизел ко невидени, а немаа никакви перформанси. Никакви!

Е сега имате клима уреди, тач скрини, тивка кабина, одлична прегледност со ксенон светла место 6V свеќи итн.

Е да, поефтини беа за одржување, пасуваа делови од многу други модели, 90% од сервисите ги правевме сами за еден до два саати работа и беа евтини.

Сега имате компјутери, читачи, ресетирачи, ...

На старите возила единствениот „килав клуч“ беше за стегање на главата на моторот. Сега секое штрафче мора да биде во согласност со проиводителот од 27Nm на не знам што.

Долга е приказнава.

На крај да не заборавам, со било кое старо возило после изминати 200-300 километри си отепан!

Со новиве истиот замор ќе го имаш на 600-700км.

Нема споредба, џабе правиме муабет.

Отсутен Ѓорѓи

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1353
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #17 на: 07 Февруари 2018, 15:59:56 pm »
Не велам не, но тие исфорсирани мали моторчиња со многу коњи од 2018, како 1.0тси, некако не ми се верува да поминат повеќе од 500.000, па и да издржи моторот, тие електроники, софтвери, чуда, кога тогаш ќе почнат да прават заебанции. Помалку опрема, помалку нервози.

Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #18 на: 07 Февруари 2018, 16:12:39 pm »
Па да се вратиме сите да возиме нерасипливи возила?

Еве, ако има некој информација дека БМВ до ден денес вака или уште по ригорозно ги тестира новите модели (да се акаат од Јужна Африка, преку Нордшлајфе да се до Норвешка) пред да ги пуштат во продажба, нека пише..

Возила од класата на BMW 8 или било кое возило?


Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #20 на: 07 Февруари 2018, 16:20:40 pm »
Скоро било кое мејнстрим возило се тестира така.

Тоа беше и моја претпоставка, но си велам дека GT возило од класата на наведеното има дури и дополнителен напор.

Од друга страна, mainstream возило ќе се продава на многу повеќе пазари и многу повеќе локации, а со тоа и поголема бројка од premium GT - би очекувал дури и поригорозно да се тестира.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #21 на: 07 Февруари 2018, 16:25:37 pm »


--

Во линкот за тестирање на Cayenne горе има џам видео.

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #22 на: 07 Февруари 2018, 16:25:50 pm »
Но...

https://www.financialsamurai.com/never-buy-a-new-car-or-a-car-in-its-first-year-of-redesign/

(..и ако може дискусијава на соодветено место...фала унапред).

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #23 на: 07 Февруари 2018, 16:29:04 pm »
Ама, чекај, чекај, чекај - ти сакаш да кажеш дека BMW 8 е по-reliable од новиве коли? Дека тестирањето тогаш било поекстензивно и поквалитетно од сега?

Те молам, немој такви работи.

Да, ќе се согласам и јас дека не се купува кола првите година дена од кога ќе искочи. Во реалноста, колку и да е екстензивно тестирањето, не може да ги тестираат колите во сите можни ситуации. Нека поминат 1 милион километри по Намибии, Норвешки и кај и да е - некој ќе шибне дупка на Мост Обединети Нации во Скопје и ќе скрши полуосовина. Тоа значи дека колата не е тестирана? Не, тоа значи дека дупката на Мост Обединети Нации е tough motherfucker.

Ќе префрлиме дискусијата, немет проблем. :)

Отсутен Stratro

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 22218
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #24 на: 07 Февруари 2018, 16:35:56 pm »
Ама, чекај, чекај, чекај - ти сакаш да кажеш дека BMW 8 е по-reliable од новиве коли? Дека тестирањето тогаш било поекстензивно и поквалитетно од сега?



Ништо не кажувам јас..само читам.

Finally, let's look at some of the recall data for the last 20 years. These two graphics from NHTSA break the recalls out into the total quantity of vehicles recalled and the actual number of recall orders themselves.

(They're split into "influenced," which means they were initiated by NHTSA, and "uninfluenced," which means they were ordered by the manufacturer themselves. Add the two columns together to get the totals.)




Отсутен InSides

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 857
  • ...кад звизде шурикени.
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #25 на: 07 Февруари 2018, 16:50:29 pm »
Последен одговор во овој контекст на темава да не ја трујам - ветувам.

Finally, let's look at some of the recall data for the last 20 years. These two graphics from NHTSA break the recalls out into the total quantity of vehicles recalled and the actual number of recall orders themselves.

Број на recalls, без број на вкупни продадени возила е аналогно на пресметка на просечна плата, без екстремните вредности и нивната пропагација.

Сакав да кажам - посоодветна статистика би било движењето на recalls во проценти од продадени возила а не само бројот на recalls (*).

(*) Да бидеме најпрецизни, на оваа треба да се закачи и степенот на зголемување на регулативите низ годините кои ја зафаќаат автомобилската индустрија.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #26 на: 07 Февруари 2018, 18:19:38 pm »

Секој еден што барем некогаш се сретнал со предмет „статистика“ како дел од математика како наука, одма ќе го згужва листот на кои се испринтани графициве и ќе ги фрли во канта еовака:


Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #27 на: 08 Февруари 2018, 08:44:52 am »
Она видеоно, после втората секунда веднаш го исклучив. Тоа им се веруваше на Ауди пред да ги фатат за измамите. Сега веќе а-а

Отсутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54992
  • Махер
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #28 на: 08 Февруари 2018, 09:19:09 am »

Проблемот со новите аута е тоа што се направени намерно да се расипуваат. Вие тука пробувате да го избегнете ова под изговор дека има многу системи и опрема, а ананологно на тоа и повеќе дефекти и проблеми.
И пред се намерно тешко и скапо да се поправаат.
« Последно менување: 08 Февруари 2018, 09:26:34 am Deni »

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #29 на: 08 Февруари 2018, 09:24:27 am »
Проблемот со новите аута е тоа што се направени намерно да се расипуваат. Вие тука пробувате да го избегнете ова под изговор дека има многу системи и опрема, а ананологно на тоа и повеќе дефекти и проблеми.