Автор Тема: Доверливост на постари vs понови автомобили  (Прочитано 11724 пати)

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #60 на: 24 Февруари 2018, 12:16:10 pm »
Убаво објаснето, ама со намера да не убеди дека GDI не е добра работа, дека е создаден во 21 само поради еко нормите. Во пракса не е така. GDI го има уште од времето на ГАЛВИНГ, те. In place of the W194's triple two-barrel Solex carburetors, a groundbreaking Bosch mechanical direct fuel injection was installed, boosting power almost 25% over the Gran Prix car's Технологијата овозможува огромна компресија, одлилчна контрола на впрскување и согорување (зголемена ефикасност), а со тоа многу повеќе Nm и Hp те. многу подобра потрошувачка и еко норми. Зошто токму баш сега почнува секаде да се применува не е поради ЕКО нормите, туку поради можноста ECU-та да ги пресметаат милионите операции во секунда (пуптете си го top gear за Е60 М5 и ќе ви стане јасно). Најголемата мана (PCV системот) се решава со поставување на MPI паралелен систем при што доплолнително се подобруваат перформансите и еко нормите во услови кога тоа гориво е потребно. Или во превод, системот е совршентсво во контрола и согорување на горивото.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #61 на: 24 Февруари 2018, 14:37:24 pm »
И уште една потенцијална предност што ја гледам јас, а тоа е овозможување огромен буст на турбо-бензинците и со тоа огромна снага од мали кубикажи, а притоа да не мора да се тераат „невозможни“ односи од 9:1 или 10:1 AFR за да нема детонации. Па така, сега си имаме прилично штедливи моторчиња кои вадат и по 300+ кс со потрошњи малтене помали од полонез од `73.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #62 на: 24 Февруари 2018, 18:57:50 pm »
Егзактли, контрола на убризгавање ти овозможува работи што се невозможни кај MPI. Knock е елиминиран максимално, моторите тепаат и до 2 бари буст (со ремап) на 9.6 компресија и тоа на нашево шугаво гориво.

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #63 на: 24 Февруари 2018, 21:35:34 pm »
Смешен е муабетов со recall-и затоа што пред 95та американците не се замараат со ништо, гинат луѓе кој ги ебе нека возат колите. Јапонските коли не се толку популарни тој период и остануваат само европските кои сите имаат некакви проблеми само не ги носат на recall пошто кој ве врти капитализам.

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #64 на: 07 Март 2018, 14:48:14 pm »
Квалитетот на денешните автомобили

Цитат
Дали денешниве современи автомобили се поквалитетни од оние во минатото? Безрезервно, одговорот е ДА. Дали денешниве автомобили помалку се расипуваат од старите? Одговорот е ДА. Современиве автомобили се понадежни од старите автомобили. Следува краток коментар.

Без дискусија, современите автомобили се поквалитетни од старите автомобили затоа што се плод на современата техника и технологија, којашто за да се наметне како стандард МОРА да биде поквалитетна од старата технологија. И уште нешто: новата технологија МОРА да е и поевтина и попродуктивна од старата. Перверзија до безсвест е да се споредуваат старите и новите производни технологии. Тоа се два неспоиви света. А зошто денес имаме повеќе повлекување во сервис на новопродадените автомобили од порано? Познато е дека модерниве автомобили “вријат” од информационо-компјутерски системи. Нивна карактеристика е што, доколку има некој случајно провлечен проблем, откажуваат тотално (исцело), ненадејно и најчесто таквиот отказ знае да има погубни последици по безбедноста во сообраќајот (ABS, воздушни перничиња, ESR, електронски акцелератор, темпомат и т.н.). Затоа, и при најмал сомнеж во нивната исправност од страна на фабриката или докази од судски процеси поврзани со проблеми во сообраќајот, се прави нивен безбеден супститут во фабриката и анблок во овластените сервиси се врши нивна замена иако сè уште не откажале во нивната работа и тоа е она што дига узбуна и прашина во печатот. Тоа е цената на компјутерската технологија кога ќе покаже некои знаци на “несигурност” во експлоатацијата. Старите механички системи НИКОГАШ целосно (тотално) не откажуваа (во тој дел фабриките биле многу комотни) и оттука ретки биле повиците од фабриките за превентивна замена на некој склоп или дел. А за можностите кои ги нудат современиве автомобили и нивната комплицираност во однос (споредбено) на старите автомобили е непристојно да се прават споредби, затоа што имаме разлика во класи. Стара е вистината дека колку машината е поедноставна, толку е подложна на помалку проблематично однесување во експлоатацијата, ама пак истовремено е и некорисна за денешниве поимања за тоа што треба да понуди еден автомобил, т.е. таквиот едноставен автомобил не би преживеал на пазарот.

Исто така, бидете убедени дека денешниве автомобили поретко се расипуваат. Денес многукратно повеќе се поминуваат километри со својот автомобил, а ретко (еднаш годишно) се оди на редовен сервис. Во минатото многу помалку се возеше (автомобилот се штедеше!) а ремонт на моторот беше стандард да се прави на 100 000 km што за денешни поимања е смешна километража (денес ремонти на моторите не се прават или тие се прават на милион изминати километри).
И на крајот, денешниве автомобили се многу поефтини од старите автомобили. Денес скоро секој може да си дозволи нов автомобил што пред 40 години такво нешто не можеше да се помисли.

Бидете спокојни. Вашиот нов автомобил СИГУРНО е повеќекратно поквалитетен од автомобилот на вашиот татко. А има и подобра вожња, подобри перформанси и поевтино кошта.

http://emiter.com.mk/poveke_web.php?napis_id=754

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #65 на: 07 Март 2018, 17:35:16 pm »
 Татко ми има  Simca Chrysler 77- ма донесена од Франција со преку 500к км.во 81 Ја оставил на редовен сервис како што правел во ФР (мислам автотурист сервис) и му смениле глава на мотор. Почнало да меша вода и уље. Фатил патот за ФР кога стигнал таму Французите искоментирале како само симка  може да издржи таков потфат. Направен  ремонт и од тогаш сменети само ланче,гумици на вентили + штелување (лани штелување вентили и средуван издувен систем)Предница: пред 15 ина години сменети чаури на вилушка за торзиони шипки,сега е малку спуштена бидејки наводно треба специјален алат кој по сервисите наводно го немаатда се сукаат торзионите и амортизери. 2 пати крпена. Сменет 1 карбуратор и 1 бензинска пумпа. 2 пати ламела, корпа не се сеќавам. Не е во идеална форма но е во возна состојба. Споредено со меган 2005  од 2008 до 2015 120к км 2 пати спони мони,неудобно возачко седиште, затнат одвод под ветробран па поплава напред во кабина,,ремени не се враќаат по користење, светилки на фарови,хидрауличен лагер во мењач(и симката има хидтаулично квачило кое до сега немал проблем), држач на мотор, моторче за брисачи,моторче вентиларор во кабина,крцкава шалтабла...

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10138
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #66 на: 07 Март 2018, 17:39:44 pm »
Мало граматичко невнимание: симката до денес има 500к км,не е донесена со толку. Во тоа време нека имала максимум до 100к км . Се извинувам.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #67 на: 17 Март 2018, 20:09:05 pm »

Одлично видевце. :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29673
    • CARclub.mk
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #68 на: 09 Април 2018, 17:20:33 pm »
Не е баш темава за ова, ама пак одговара.. Правени се муабетиве, некој фино срочил.


Edit:

« Последно менување: 09 Април 2018, 17:46:54 pm zeroSignal »

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20115
Одг: Доверливост на постари vs понови автомобили
« Одговори #69 на: 09 Април 2018, 19:51:11 pm »
Ова првото видео слободно може да биде туторијал за како да направиш видео и ништо да не објасниш во него. Успат како да споредиш баби и жаби и сам да не знаеш зошто тоа го правиш. За на крај да завршиш со уште еден небитен заклучок кој не ти го објаснува насловот на видеото. Буквално ништо не објасни во видеото.