Автор Тема: Легендарниот Мерцедес 190(Ц класа) W201  (Прочитано 4019 пати)

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14242
  • Пудингот на шоферството
Легендарниот Мерцедес 190(Ц класа) W201
« на: 24 Февруари 2012, 01:48:17 am »
МБ 190 е најпродаваната моделска линија од Штудгарт,а целата приказна за успехот на компактната лимузина почнува во 1982г со претставувањето на Бејби Бенз линијата W201 со која традиционалноста на МБ добива сосема нова димензија...

Почетоците на компакт класата (како што во МБ ја означуваат) почнуваат уште  во 60-тите,кога инженерот Лудвиг Краус добил за задача да развие проект под кодно име W118.Тоа било за прв пат во Штудгарт интензивно да се размислува за четирицилиндричен мотор со преден погон...Концептот е реализиран дури во 1968г,а е представен како Ауди 100,заради тоа што во 1964г МБ го продава Авто Унион на Фолксваген за 300 милиони германски марки заедно со се инженерот  ;D

Но приказната околу компактен автомобил повторно се актуелизира во 70-тите под силен притисок на нафтената криза(Американскиот закон Corporate Average Fuel Economy) и желбата на МБ што повеќе да се прошири на Американскиот пазар,па така требало да ја прошири својата гама...

1974г проектот го добива службениот код(име) W201...Моторот напред,преносот на задните тркала,беше императив за поголем простор,попречно поставениот мотор им дозволува на конструкторите да комбинираат повеќе различни мотори и менувачи...Истотака од голема важност беше да се задржат сите вредности на поголемите Мерцедеси,ама спаковани во компакт...
1978г почнуваат првите тестови со 25 примероци...Секој тестен примерок чини најмалку 400.000 марки,а на еден предпрототип и еден прототип е потрошено дури 4.000.000 марки...Повеќе од 5.000 изминати километри биле потребни за сите делови да бидат дотерани и подесени до перфекција...

Целиот проект чинел 2.5 милијарди марки(од кои пола е потрошено на модернизирање на погоните на Borgward во Бремен)...
1982г Бејби Бенз е конечно представен и со него започнува ерата на компактните Мерцедеси.Дизајнот успешно е реализиран од Бруно Сако со оглед на тоа дека дотогаш ниту тој ниту било кој од МБ немаат искуство во производството на компактни автомобили...

МБ 190 имал целосно ново подвозје со иновативна милтилинк независна оска,без нагазна рачна кочница(како сите останати МБ модели дотогаш)...
За само 3 години произведени се 500.000 четирицилиндарски бензинци 190 и 190Е со зафатнина од 1997ссм3 и снага од 90кс(190) односно 122кс(190Е)...Во појакиот модел е вградено вбризгување од типот KE-Jetronic(Bosch)...
Во идните 10години произведени се околу 15 различни варијанти од W201,а врв на понудата биле Evolution2 и 2.5TD и 122кс...
Фактот  дека секој втор купувач на 190-та е нов член на ‘фамилијата‘ МБ како и податокот дека до 1993г се произведени околу 1.879.630(190-ки) е најдобар доказ дека овој модел на Мерцедес успешно си ја заврши својата мисија....


[датотека избришана од администраторот]
« Последно менување: 24 Февруари 2012, 02:05:22 am MecheTo »
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Легендарниот Мерцедес 190(Ц класа) W201
« Одговори #1 на: 24 Февруари 2012, 02:31:13 am »
190 W201,W124,W140 S.Се дефинитивно најдобрите Мерцедеси.

Отсутен cuoresportivo159

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4194
Одг: Легендарниот Мерцедес 190(Ц класа) W201
« Одговори #2 на: 24 Февруари 2012, 14:04:55 pm »
Mene neznam tocno zosto, mi stoi vo pamet deka vo Mercedes,bas ovoj e190 go smetaat za promasaj.....
Ima li nekoj drug so slusnal,cital nesto slicno.....

A za mene najdobar mercedes na site vreminja e W126. Pa posle moze da se stavat w124 i w140

Alfa Romeo 166 is one of only three cars that have "that special thing" !!! 
-J.Clarkson

Отсутен DareBmw

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4305
  • К’мет
Одг: Легендарниот Мерцедес 190(Ц класа) W201
« Одговори #3 на: 24 Февруари 2012, 20:04:13 pm »
Да да w126 го забораив.

Отсутен DENDE-LANCERED

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5518
  • LANCER EVO (GreeN EditioN)
    • http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html
Одг: Легендарниот Мерцедес 190(Ц класа) W201
« Одговори #4 на: 25 Февруари 2012, 00:54:35 am »
Ovoj mi bese omilen na vremeto.
Pojava kola.
Nezno klikni na; http://forum.carclub.mk/index.php/topic,101.0.html      If you want to have a free ride!

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14242
  • Пудингот на шоферството
Одг: Легендарниот Мерцедес 190(Ц класа) W201
« Одговори #5 на: 25 Февруари 2012, 02:14:33 am »
А и неговиот предходник,W116 мислам му беше ознаката,или меѓу народот познат како Ал Капоне

[датотека избришана од администраторот]
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен NUME

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5726
Одг: Легендарниот Мерцедес 190(Ц класа) W201
« Одговори #6 на: 25 Февруари 2012, 02:19:00 am »
240d :)

Отсутен nefer

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 643
Одг: Легендарниот Мерцедес 190(Ц класа) W201
« Одговори #7 на: 14 Декември 2012, 16:25:10 pm »
nesum imal nikogaš mercedes, a nema ni da imam... a gledam i vo Albanija, zemja na mercedesite se poveće drugi koli, posebno mali koli..
.. http://www.dnevnik.com.mk/default.asp?ItemID=C043D097FE9A164BA611762D93CC5737

Во вториот случај на автопатот Велес – Скопје, кај месноста Кула, опожарен е нов мерцедес, штотуку набавен  ;D. На угорнината се запалила инсталацијата, така што е уништена машината на автомобилот. Со брза реакција на пожарникарите огнот беше изгаснат.

Отсутен Carpathian Lord

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 13859
Одг: Легендарниот Мерцедес 190(Ц класа) W201
« Одговори #8 на: 14 Декември 2012, 16:41:49 pm »

Отсутен atimofejev

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71

Отсутен atimofejev

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 71
Одг: Легендарниот Мерцедес 190(Ц класа) W201
« Одговори #10 на: 30 Април 2018, 15:17:31 pm »
Со коe 30 години старо возило би тргнале на пат околу светот?

https://www.mercedes-benz.com/en/mercedes-benz/lifestyle/adventure/around-the-world-in-a-190-d/


Отсутен MartinAlfista

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17452
  • Alfa Romeo Corruption 1.4 Turbo
Одг: Легендарниот Мерцедес 190(Ц класа) W201
« Одговори #11 на: 30 Април 2018, 16:02:21 pm »
Размислено ми е ова :)

Mercedes Benz W124 300D Wagon. Expedition style, Thule држач за точаци на кука, корпа на кров за резервни делови и тркала, шаториматори, лајт бар напред и позади на корпата.

Екстензивна реставрација на подвозје со Mercedes Classic OEM компоненти, нови потрошни материјали ОЕМ квалитет, дизел во резервоар и фаќање патот без компас и идеја.

Инвестиција вредна 10.000-12.000 евра заедно со колата.