Автор Тема: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT  (Прочитано 12383 пати)

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #15 на: 04 Февруари 2018, 11:39:32 am »
....
И Латас викаше дека е објективен новинар :D :D

Кога го спомна Латас, некни и тој беше на истиот лет до Келн што ме заеба за да изнајмувам Поло. И тоа помина на пасошката контрола за ЕУ граѓани. Прашањето е дали има бугарски или хрватски пасош. ;D ;D

пс. Знам дека си духовит.  :D
Абе нели му е земен пасошот?

Sent from ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!
                   RRETH JETËS NË MAQEDONI!!!


Отсутен velestrumf

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20663
Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #16 на: 04 Февруари 2018, 12:14:43 pm »
Моето од 2003 имаше дискови назад, ова со добошите мислев дека само кај опел го има

Clio-то на комшиката (последна генерација) е со добоши.

Веројатно у поопремени и/или посилни изведби, има дискови и кај помаливе коли.
The numbers thing, the how-fast-can-we-drag-race-a-bunch-of-cars, is the realm of people who think more is better, not better is better. - Matt Hardigree, Jalopnik.

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #17 на: 04 Февруари 2018, 12:24:15 pm »
Нели е потребно да има дискови за да функционира ESP?

Отсутен DarthJe5us

  • Авиону, сломићу ти крила..
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 20114
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #18 на: 04 Февруари 2018, 16:23:41 pm »
Хејтер :P
Да беше БМВ и да имаше маани и на него ќе му ги напишев.

@SaleSk Имаше свински коленици на акција, ама не си купив.  :D Инаку полото воопшто не е лошо. Но не е и најдобро. И да, одлична би била за службена кола за во држави како Македонија.

@DarthJe5us Ограничувач беше, ама не го пробав. Во град и онака возам релативно бавно, а на отворено најчесто нема ограничување.


Чудно, до сега не сум видел такво на волан. Обично низ менијата некаде се пали :D

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #19 на: 04 Февруари 2018, 20:28:59 pm »
Одлична рецензија.

Откако ја прочитав рецензијата, отворено се прашувам:

1. Зашто покрај 1.0ТСИ мотор, ВФ одлучува во понуда да пушти 1.0 атмосферец со 75 коња?
За мене е целосно неоправдано и сосема погрешен потег, и ако одговорот е "поефтина е колата ако е со атмосферец" тогаш тоа е тотална глупост.

Секое добро, производ кое се произведува во огромни серии, има ниска продажна вредност со цел масовното, сериско производство да биде рентабилно.

Ако ВФ продаде Х возила со 1.0 атмо и У возила со 1.0ТСИ, тогаш вкупната продажба Х+У може да биде во полза на ТСИ моторот, ако едноставно 1.0 атмосферецот не го нудиш воопшто.

Дополнителен импулс во продажбата ќе биде тоа што сите што ќе купат 1.0ТСИ што инаку би купиле атмосферец, нема да бидат надркани затоа што колата и моторот им се ѓубре.

Па намсесто да продадеш Х атмосферци, ќе продадеш Х+У ТСИ мотори со тоа што таквата продажба со сигурност би била повисока за 20% затоа што едноставно цената ќе го овозможи тоа бидејќи истата ќе биде пониска заради поголемата серија на производство.

Однапред знам, а и секој од вас знае дека изговорот "1.0 атмо трпи плин", е тотална глупост, затоа што ако ставиш на 1.0 атмо плин, и го впрегнеш во 1 тон кола, резултатот е опасен за учество во собраќај.

Имам возено 1.0 Екобуст во Форд Фиеста и Форд Фокус. Споредено со 1.4 атмо што го имам во истата Фиеста, разликата е фрапантно неспоредлива.

Ако веќе авто индустријата пробива да ги сегментира понудите, најпрактично ќе биде во случајов со полово да понуди:

1.4 атмо со фабрички плин, 1.0ТСИ со 75, 105 коња, 1.6ТДИ со 90 коња, и ГТИ модел кој што ќе биде ѕверски спакуван.

Ете ти производ што ќе се троши, ете ти избор за секого. Производството е поефтино, понудата е подиректна, потрошувачите по задоволни.

« Последно менување: 04 Февруари 2018, 20:34:11 pm zlatkoa »

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #20 на: 04 Февруари 2018, 20:32:50 pm »
Има некој во фабриката таму во менаџментот шо зема плата за тоа неколку години па одлучил да го има и 1.0 атмо.И чим одобриле,имаат некоја филозофија,математика...Можи аманет муе остаен.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #21 на: 04 Февруари 2018, 21:49:39 pm »
Ако овој 1.0 е 75кс ја јабуки да јадам. Се кладам дека не е повеќе од 55 коња.

Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #22 на: 04 Февруари 2018, 21:51:44 pm »
Ако овој 1.0 е 75кс ја јабуки да јадам. Се кладам дека не е повеќе од 55 коња.

Ајдарет пола кило, и Јонатан пола кило.

http://www.carclub.mk/2017/12/20/test-volkswagen-polo-1-0-75-comfortline-maliot-gradski-avtomobil-porasna/




Отсутен Tischläufer

  • Le Diesel
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 34097
  • Таков е животот... јебига
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #23 на: 04 Февруари 2018, 21:55:54 pm »
Многу лоша понуда.

Ќе одам у сабота да го проверам тврдењево за 75-те коња. Гледам видеа, ако оа има 75 коња тогаш Твинго 1.2 16v има повеќе од 100 коња.

И ова гомно е 13к? Абе ајде на спиење, не ме јеби.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #24 на: 04 Февруари 2018, 21:57:51 pm »
12Nm повеќе има твингото и 100кг помалку, затоа така ти личи. Не е до коњските сили, до вртежниот момент е.

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29665
    • CARclub.mk
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #25 на: 04 Февруари 2018, 21:58:07 pm »
Многу лоша понуда.

Ќе одам у сабота да го проверам тврдењево за 75-те коња. Гледам видеа, ако оа има 75 коња тогаш Твинго 1.2 16v има повеќе од 100 коња.

И ова гомно е 13к? Абе ајде на спиење, не ме јеби.

Како ќе го провериш тврдењето?

---



Од тука:


Отсутен zlatkoa

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3257
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #26 на: 04 Февруари 2018, 21:59:49 pm »
Многу лоша понуда.

Ќе одам у сабота да го проверам тврдењево за 75-те коња. Гледам видеа, ако оа има 75 коња тогаш Твинго 1.2 16v има повеќе од 100 коња.

И ова гомно е 13к? Абе ајде на спиење, не ме јеби.

Милецне, се согласувам со тебе, и ја делам и јас истата фрустрација.

Возам Цитроен Ц2 1.1 со 60-65 коња, со 4 цилиндри, и е ужасно досаден мотор за возње на отворено. За низ Скопје е фантастичен.

Ама 1.0 атмо во Поло, кое што е 4 кубика голема кола и скоро 1 тон, е глупост. И тоа со 3 цилиндри.

1.0 ТСИ е сосема друга приказна, па макар и да е најслабиот, турбината вреди пари.

Отсутен masterficx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 482
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #27 на: 04 Февруари 2018, 22:08:11 pm »
Убаво е. И внатре и надвор. Ми изгледа на доста просторно. Не ми се доапаѓа моментот со вибрациите поради 3 цилиндри ама ако е со така убава потрошувачка низ град ќе се правам дека нема вибрации. Доколку сум во можност не би го одбрал како возило за на отворен пат пошо сега имам кола која што на 120 врти 3100~ вртежи во краен степен на пренос и некако мислам дека тоа е високо. Сметам дека возило за на пат треба да има мотор и пренос што овозможуваат просечна од 120км/ч при пониски вртежи. За во град би го избрал мижеечки пред другите доколку можам да си го дозволам. Голем респект за споделените информации иако си бил во една прилика/неприлика. А, се слагам со @Salesk за констатацијата за добошите позади.
Cheap + Reliable = Not Fast
Fast + Cheap = Not Reliable
Reliable + Fast = Not Cheap

Отсутен marmlad

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #28 на: 05 Февруари 2018, 09:44:58 am »
Мала корекција за Луки, "It makes 95 PS and 175 Nm for a 0 to 100 km/h time of 10.8 seconds." Појакиот има 200Nm, 115hp и 6 брзини.

Присутен Deni

  • Photo & Light
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 54985
  • Махер
Одг: Rent-a-test: Volkswagen Polo 1.0 TSI MT
« Одговори #29 на: 05 Февруари 2018, 09:51:09 am »
Мала корекција за Луки, "It makes 95 PS and 175 Nm for a 0 to 100 km/h time of 10.8 seconds." Појакиот има 200Nm, 115hp и 6 брзини.
Се чудам зошто постои тој од 95 во земји како Германија. Тоа мислев дека е за земји од 8ми свет.