Почитувани Лоши Патишта
Ќе го трпиме твоето ширење на дезинформации, невистини и негативна енергија додека мораме и додека не ни ску*чи. Со постов немам намера да те подучам бидејќи тоа до сега се докажа дека е НЕВОЗМОЖНО! Идеата ми е да спречам правилно да ги дезинформаираш читателите кои можеби ќе ги прочитаат невистините и дезинофрмациите кои свесно ги пишуваш и ќе ги абсорбираат како валидна информација.
Па да почнеме прво со единиците мерки. Како што читаме терминот КС (Коњска сила) ти го толкуваш како физички предмет подеднакво како и круши, леблебии, овци и друго. Понатаму, кога зборуваме за множина КС (коњски сили) според тебе еден мотор е исто што и корпа со круши, фишек леблебии и стадо овци. Значи оваа логика е добра за еден земјоделец, семкар и овчар. Но не и за технички-образовано лице кое знае што е мотор со вантрешно согорување на фосилни горива и какви се неговите карактеристики.
Па добро, сите знаеме дека мотор не е исто што и стадо овци и фишек леблебии, ама кога ти е потребно ти така го поистоветуваш во функција на твоето ширење невистини.
За информација на аудиториумот, бидејќи ова до сега повеќе пати сум ти го објаснил, а ти не си го сватил или си го сватил но си го игнорирал, карактеристиките на моторот не се искажуваат со една или две единствени бројки, туку се сложени функции од бројот на вртежи.
На пример тие 136KS и 165NM напишани во флаерот за Елантра и со кои не отече уште од рани зори се фиктивни бројки од максималните вредности на тие сложени функции кои во реалноста кај Хјундаи досега никогаш не постоеле. Да го опишеме тоа со график од мерење на предметниот мотор:

Како што се гледа од графикот на лагата и се куси нозете. Елантра при оптоварен мотор:
1) На 2000 вртежи има 30КС
2) На 3000 вртежи има 57КС
3) На 4000 вртежи има 82КС
4) На 5000 вртежи има 102КС
5) На 6000 вртежи има 115КС
6) На 6500 вртежи има 120КС
Секој нормален човек кој вози бензинец го вози од 2000 до 4000 вртежи. А тоа значи дека при нормално возење Елантра има од 30КС до 82КС. Или пак тоа е просек од 56КС, а не 2.5 пати повеќе односно 136КС со што ЛП ни ги потече тестисите.
За псоредба ќе го земам на пример и Широко и тоа најефтиното со најосновниот мотор 1.4TSI 160KS(
http://www.vw.com.mk/files/mk/download/datei/scirocco_cenovnik.pdf) кој се нуди кај нас. Извини ЛП, ама најдобриот 1.4 бензински мотор не е оној од i30 косилицата со феноменалните „109“КС на хартија. VW нуди едно чудо мотори за своите автомобили, а не навијани косилици (Нели тоа беше соодветен термин за автомобилите со 1.4 атмосферски бензинци) како Хјундаи.
http://www.supersprint.com/en/prod-p-7028-10166-8-vw_scirocco_14_tsi_160_hp__08_E28093E280BA_.aspxКако што се гледа и кај VW декларираната максимална моќност не е истата со онаа во реалноста, но овде наместо 13% помалку како кај Елантра и Сплескан Меган(a.k.a. Veloster) Широко нуди 5% повеќе максимална снага по дифолт.
Широко во случајов при оптоварен мотор:
1) На 2000 вртежи има 70КС
2) На 3000 вртежи има 100КС
3) На 4000 вртежи има 130КС
4) На 5000 вртежи има 165КС
5) На 6000 вртежи има 170КС
6) На 6500 вртежи има 165КС
Или ако земеме нормално возење од 2000 до 4000 вртежи тоа е од 70КС до 130КС, односно просек од 100КС. Да сумираме VW лаже за коњите дека има 1.6 пати повеќе од реално, а Хјундаи за 2.5 пати.
Па ајде да направиме една идиотска математика која некој ја користи за да лажира податоци. Но во случајов ќе има допир со реалноста, а не со бројката која ја трпи хартијата:
Стадо од 136 коњи на Хјундаи Сплескан Меган во реалноста нуди просечно 56КС.
Стадо од 160 коњи на Цеца Широко во реалноста нуди просечно 100КС.
Ако цената на автомобилот треба да ја делиме по коњи како што некој овде сака да презентира тогаш:
1 коњ на Хјундаи Сплескан Меган со декларитивни 136КС чини 20000евра / 56 коњи = околу 360 евра
1 коњ на Цеца Широко со декларативни 160КС чини 25000 евра / 100 коњи = околу 250 евра
Значи според оваа сточна логика Хјундаи ги пустоши своите купувачи речиси за 50% повеќе одошто VW. Епа драги горди сопственици на i30 со 1.4 атмосферски бенизнец, слободно и понатаму игнорирајте го фактот дека меѓу другото Хјундаи од вас направи горд идиот што ве измами да платите 10000 евра за косилица која во реалноста нуди 2.5 пати помалку добиток од оној деклариран по флаерите и билбордите.