Автор Тема: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.  (Прочитано 30332 пати)

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« на: 07 Декември 2017, 19:47:02 pm »
После 2 месеца чекање конечно стигна: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС Momentum Business. Замена за Голф 6-та кој одлично ме служеше 7 години.

Од побитната опрема има:

-сите можни безбедносни системи :)
-Дигитална инструмент табла
-радио „high performance" 5" екран со усб и блутут интерфејс, 8 звучници 4x45W
-задни паркинг сензори
-амбиентално осветлување
-греење на прскалки и ретровизори
-активни ЛЕД светла
-прскалки на предните светла
-темпомат и лимитер на брзина
-алуминиумски фелни 17” Segomo + летни гуми Continental Sport Contact 5 225/45/17
-боја: Denim Blue металик

Цена на промоција моментално со додадена опрема од моја страна: 25.400 евра.

Првичните впечатоци ми се позитивни. Вози како поголема класа на кола, внатре е тивко, има одлична звучна изолација, моторот работи рафинирано (како за дизел), нема вау ефект нормално од 120КС ама на пат е одличен крузер. Споредено со голфот, помек е а подобро држи во кривини со минимално навалување. Убаво ги впива нерамнините (дупките) на пат. За другите работи (потрошувачка и сл.) е рано. Имам поминато 500км и потрошувачката е 6.6Л комбинирана. Очекувам пониска, моторот е неразработен.

Веднаш е монтиран зимски сетап во Олимпико со МАК Stockholm 16" фелни + Michelin Alpin 5 205/55/16.

Едина глупа работа сега за сега ми е резервоарот кој собира 40Л гориво и е мизерно мал според мене. Ама па од друга страна се полни до врв за 2000 ден.  ;D

Поради некоја необјаснива причина ниеднаш не сум ја сликал внатре, ќе го направам тоа деновиве...

































« Последно менување: 09 Декември 2017, 15:10:28 pm brasica »

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #1 на: 07 Декември 2017, 19:49:28 pm »
Одличен избор! Ептен кул возило. Со здравје да се вози, супер аутце.
Ја би го земал со друг бандаш - еднобоен, но тоа е индивидуално (и лесно менливо). :)


Edit: гледам сега дека ти е зимски сет бандашот, така да со летниот сигурно е и по мој вкус :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #2 на: 07 Декември 2017, 20:01:47 pm »
Фала ти Симо, поубава да се враќа. Летниот сетап е перверзии, бандажот е титаниум мат боја само немав време да го сликам 😁

Отсутен Inter1

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2821
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #3 на: 07 Декември 2017, 20:02:14 pm »
Bravo!!! So zdravje da se vozi :-) mojata omilena firma. Jas pak epten gi bendisav bandazive. Bravo uste ednas 10/10 :-)

Присутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7387
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #4 на: 07 Декември 2017, 20:12:44 pm »
Честитки за новото количе. Интересен и порзазличен избор од она што сме навикнати да го гледаме, браво за тоа. Моторот треба да е доволно јак а економичен, сигурно е угушен од секоја можна страна и затоа испорачува само 120кс. 

Едина глупа работа сега за сега ми е резервоарот кој собира 40Л гориво и е мизерно мал според мене. ;D

Wait... what ??? Ужас, благо речено катастрофа.  Кој генијалец инжинер го смислил ова ? ;D :D

Отсутен Banzai

  • Blitzqueen
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9998
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #5 на: 07 Декември 2017, 20:18:49 pm »
Супер промена од Голф на Волво, малце да се одвоиш од мнозинството :)

И мене ми е супер количе вака на прва, со здравје да си го возиш.
За вкусовите не се дискутира, по нив се плука.

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #6 на: 07 Декември 2017, 20:23:46 pm »
Фала дечки, да си купите што си сакате 😀

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #7 на: 07 Декември 2017, 20:35:33 pm »
Со здравје да си ја возиш и убава да му е среќата.

Sent from ЗА ЖИВОТ ВО МАКЕДОНИЈА!!!


Отсутен igor_xxxx

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 440
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #8 на: 07 Декември 2017, 21:02:29 pm »
Честито, ептен ми прави ќеиф :)

Отсутен M3V8

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2675
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #9 на: 07 Декември 2017, 21:06:14 pm »
Od Golf si "spadnal" na Volvo pa kako be taka :)

Respect za izborot, cenam luge sto vozat Volvo.
V40kata izgleda strasno dobro, steta samo sto izgleda ima mal bagaznik kako za V?
V ili XC me vlece nataka kog i da gi vidam...
So zdravje da se vozi ;)

I mene bandasot mi izgleda ubavo legnat.
Neka se razraboti, motorot place za da go otvoris malce poise od 120ks :)

Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29671
    • CARclub.mk
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #10 на: 07 Декември 2017, 21:12:00 pm »
Школски, честито! :) За арно, за убаво! Убава боја и убава опрема!

Отсутен brasica

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 296
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #11 на: 07 Декември 2017, 22:08:36 pm »
Благодариме благодариме, поубава да се враќа. Околу багажникот да, мал е со 335Л но не ми беше пресуден при изборот. Едноставно ми "легна" вожњата.

Отсутен Zile

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7833
  • Плинаш!!!
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #12 на: 07 Декември 2017, 22:40:41 pm »
Перверзно добро изгледа волвово. Само стварно го осакатиле со резервоарот. Пунтово има 42 литра резервоар, али што е тоа е. Чекаме слики од внатре и долго да те служи.

Sent from my MI 4S using Tapatalk


Отсутен skorpion

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2215
  • Burn the tires, not your soul!!!
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #13 на: 07 Декември 2017, 22:44:37 pm »


Со здравје да си го возиш колега, честитки и чекаме слики и овде

https://www.facebook.com/groups/volvo.macedonia/
Jedno upozorenje!
Kad prelazite ulicu, uvek gledajte u automobile a ne u semafor!
Semafori retko kad udare čoveka.

Отсутен riki_staff

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5856
Одг: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС 2017г.
« Одговори #14 на: 07 Декември 2017, 22:47:35 pm »
Со здравје да се вози
Оваа ми е фаворит од ВолВоКола

Sent from my Lenovo K33a48 using Tapatalk