Лонг тајм ноу апдејтс.
Ајде да порбаме со ред. Пред некој ден ги поминавме 25000 км заедно. Во последниве десетина иљадарки ги има следниве измени и сервиси:
1. Заменети делови на подвозјеПолуосовинаПрвиот проблем што се појави кој не би го категоризирал како нормален потрошен материјал е лева полуосовина која почна да вибрира при забрзување. Проблемот беше тешко да се лоцира од која страна се јавува. Во МиДа успешно ја погодија. Заменета цела полуосовина со SKF заменска.
Предни задни чаури на предни вилушки.При прегледот кај Жаре, заклучивме дека задните чаури на предните рамења се доста деградирани па нарачав ПУ варојанта. Целата авантура испадан доста утната. Пред се' заради лошото конструктивно решение. ПУ уметок доста се движеше низ металното куќиште, предизвикувајќи разни звуци и ризик на едната страна да излезе од лежиште. После еден обид да се спаси нешто со прицврстување на метални прстени, нарачани и заменети чаурите со стандардни.
Задна баланс штанглаНема што да додадам. Оваа промена беше препорачана од многу форуми каде што се бараа ефикасни варијанти за подобрување на возните својства. Замената помина едноставно. Мораа да бидат сменети стабилизаторите кои ги земав заедно со балансштанглата.
Држач на менувач - Torq MountИ овој дел го сменивме во иста тура. беше напуканата и доста лабава гумата.
2. Естетски дополнувања
Мрежи за задна врата и странични задни прозори - Volvo OEM
Рачка за менувач
За да се комплетира со воланот и папучите. Средена кај Дено. (сликава е несредена)
Кедар на задна вратаТоа поткинатиот ми одеше на живци па го заменив со оригинал користен кедар. Освен естетски немаше друга причина за промена. Не пропушташе.
3. Клучна измена
БандафчеПосле долга потрага по нешто што ќе го подобри возењето (свето стројство: ARB, гуми, PU) и нема да го наруши ОЕМ изгледот сепак се решив да се сложам на разумен компромис и ги набавив овие бандаши:
Се работи за бандаши модел
Regor со димензии 17x7J 5х108 ЕТ50, кои можеле фабрички да се набават со моделите V70 и S80 2007-2013г.
Бандашите се земени од Ниш на старо, исправени кај Борче, офарбани кај еден дечко во Ѓорче.
ГумиMichelin PS4 225/45/17 94Y ExtraLoad
4. Сервиси
Редовен сервис во МиДа, заменети сите филтри и мотороно масло.
Центрирање на предница кај Мето - Кисела Вода