После 2 месеца чекање конечно стигна: Volvo V40 D2 2.0Л 120КС Momentum Business. Замена за Голф 6-та кој одлично ме служеше 7 години.
Од побитната опрема има:
-сите можни безбедносни системи
-Дигитална инструмент табла
-радио „high performance" 5" екран со усб и блутут интерфејс, 8 звучници 4x45W
-задни паркинг сензори
-амбиентално осветлување
-греење на прскалки и ретровизори
-активни ЛЕД светла
-прскалки на предните светла
-темпомат и лимитер на брзина
-алуминиумски фелни 17” Segomo + летни гуми Continental Sport Contact 5 225/45/17
-боја: Denim Blue металик
Цена на промоција моментално со додадена опрема од моја страна: 25.400 евра.
Првичните впечатоци ми се позитивни. Вози како поголема класа на кола, внатре е тивко, има одлична звучна изолација, моторот работи рафинирано (како за дизел), нема вау ефект нормално од 120КС ама на пат е одличен крузер. Споредено со голфот, помек е а подобро држи во кривини со минимално навалување. Убаво ги впива нерамнините (дупките) на пат. За другите работи (потрошувачка и сл.) е рано. Имам поминато 500км и потрошувачката е 6.6Л комбинирана. Очекувам пониска, моторот е неразработен.
Веднаш е монтиран зимски сетап во Олимпико со МАК Stockholm 16" фелни + Michelin Alpin 5 205/55/16.
Едина глупа работа сега за сега ми е резервоарот кој собира 40Л гориво и е мизерно мал според мене. Ама па од друга страна се полни до врв за 2000 ден.
Поради некоја необјаснива причина ниеднаш не сум ја сликал внатре, ќе го направам тоа деновиве...