Проблемот е кај нас што не сме пазар како немачка па да имаме огромен избор, ниту пак сите имаме бугарски пасоши па да си донесеме кола по избор од немачка. Треба ако начекаме нешто како стратро да го возиме тоа или да увеземе од немачка и да не кошта троа повеќе него што мислиме, или трето да увеземе нешто поефтинко од таму и да се молиме да нема премногу проблеми. Зборам за коли не постари од 3-4 години и со не повеќе од 50-60к км.
Ако давам 30,40,50к евра сакам да си купам кола како што сум замислил, или најблиску до тоа. А не место темно сива БМВ 5ка со големата навигација, аутоматик, кафеава кожа и М пакет да купам бела, без М пакет и со мануел, само затоа што таква кај нас имало во добра состојба или затоа што само со таква некоја ми искача математиката после давачките за увоз.
Дома сме имале и нови и скоро нови коли, така да во иднина зависи од ситуација и прилика така и би купил.