Една од најголемите дилеми како дојдов до форумов беше и ова прашање, за што помалку пари (до 33/35к па и 40к еур ако навистина вреди) да се добие што покомфортен седан, за долги патувања но воедно да е нов, модерен, штедлив, квалитетен... знаете македонче, сака за ич пари ол ин клузив
Изминатиов период истестирав 10тина автомобили од средна класа седани како Мазда 6, Ауди А4, Мерц ЦЛА, Пасат, Јагуар ХЕ и јас више не паметам...
Аудито има навистина перфектен ентериер, но за парите се останато паѓа во вода споредено со Маздата. Еден од факторите кога патувате долго е и звучната изолација, покрај технологијата, удобноста на возењето, подвозјето, прецизноста на воланот не дека ти треба којзнае колку Line Assist и Cruise Control но знае да спаси живот ако патуваш 27 часа со 3 паузи за полнење бензин
за останативе ќе полемизираме во друга прилика, интересен играч кој влегува во овој ценоврен ранг би бил новиот Пежо 508 иако и Мазда со новиов редизајн 2018та велат дека одат класа погоре во многу сегменти посебно во категориите кои мене ми се битни, иако сите ме убедуваат да не се фрлаат парите на нов автомобил, подобро да си купам Audi A6, BMW 5, Mercedes E-class на старо кој веќе изгубил 30% од сумата сепак пред да се одлучам би сакал да чујам повеќе мислења, кој седан по можност спортски седан е економичен, евтин за одржување а нуди квалитет, удобност и сигурност на автопат посебно нашиве изорани ко ниви. Секундарен фактор ми е моќноста на моторот, после економичноста а на трето место ентериерот да е френдли модерен како кај bmw, audi, mazda затоа што има фини коли како Volvo али тро ружнички у споредба:
Volvo S60 2018та
vs Audi A4 2017та
или новата мазда 2018та, која за 38.500еур дури и од слика се гледа дека им пркоси на Европјаниве.
и Пежо 508 2018та, а и не е така лошо голема кола со мал волан. Кога ја тестирав 3008цата баш беше забавно ко картинг да возиш