Како и во сите други земји, така и кај нас ќе треба време да се надминат стереотипите за тоа колку треба да чини Хјундаи или Киа (или било кој друг formerly-буџетарски бренд). И луѓето од Киа кај нас се свесни за тоа. Знаат дека нема да продадат ни 5% од Пасатите што ги продава Volkswagen, but that's not the point really. Важно е да ги има колите по улица, да расте Brand Awareness, да се гледаат, да се возат, да привлекуваат други купувачи во салон, да си купат Сидче, Стоникче..
Ме интересира твоето експертско мислење, зошто кај нас не успеа 1.1 crdi моторот?
Да бидам искрен, никад не ми улетало возило со 1.1 CRDi. Претпоставувам дека се вградувал моторот во минатото Rio.
Иако не сум возел кола со тој мотор, нааајверојатно е заради цена. Луѓе сè уште имаат проблем со плаќање повисоки суми за Kia/Hyundai. Особено ако се работи за помало количе. Иначе ние сме многу дизел-настроен пазар за нови возила.