Автор Тема: Купување возила на Лизинг или Кредит  (Прочитано 70155 пати)

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4219
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #195 на: 02 Септември 2024, 13:55:34 pm »
2.99% беше потрошувачки при крај на 2020 кога ја купив колата во Де. Како што ми кажаа од банката, нема стриктно кредити за коли, туку е потрошувачки кредит и за што сакаш троши ги парите.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #196 на: 02 Септември 2024, 14:23:46 pm »
2.99% беше потрошувачки при крај на 2020 кога ја купив колата во Де. Како што ми кажаа од банката, нема стриктно кредити за коли, туку е потрошувачки кредит и за што сакаш троши ги парите.

Други времиња се сега, ептен други :) 2.99 не ти даваат ни на станбен моментално.

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #197 на: 02 Септември 2024, 15:37:35 pm »
2021 кога прашував за королата беше околу 4.5 каматата за лизинг во мк.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #198 на: 02 Септември 2024, 19:02:50 pm »
Мислам дека и каско е задолжително да ти е колата цело време дур ја отплаќаш. Уште една  давачка секоја година покрај каматата.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #199 на: 02 Септември 2024, 19:14:38 pm »
Мислам дека и каско е задолжително да ти е колата цело време дур ја отплаќаш. Уште една  давачка секоја година покрај каматата.

Задолжително е, да. Е сеа, да дадеш 30 бона на (скоро) нова кола, мене би ми дошло природно да земам и каско, лизинг/нелизинг.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #200 на: 02 Септември 2024, 19:30:05 pm »
Секој со математиката дома, кој не ги осеќа парите дур отплаќа фала богу дека нема зијан да имаш каско ниту пак се замара дека 6000 евра  доплатил на 30000, за тој шо земал кредит/лизинг и ратата ја плаќа за кнап да го помине месецот, уште каско му фали да плаќа 10 години задолжително :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #201 на: 02 Септември 2024, 19:32:29 pm »
После сѐ ова што го прочитав се откажав од идејата за земање на возило на лизинг на 2 години. Само кеш бајо.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #202 на: 02 Септември 2024, 19:36:40 pm »
Секој со математиката дома, кој не ги осеќа парите дур отплаќа фала богу дека нема зијан да имаш каско ниту пак се замара дека 6000 евра  доплатил на 30000, за тој шо земал кредит/лизинг и ратата ја плаќа за кнап да го помине месецот, уште каско му фали да плаќа 10 години задолжително :D

Ако е ратата кнап за месецот, не е тој ценовен ранг на автомобил за тој купувач. Сѐ над 15, мааааксимум 20% од приходите месечно за автомобил е премногу.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #203 на: 02 Септември 2024, 19:38:27 pm »
После сѐ ова што го прочитав се откажав од идејата за земање на возило на лизинг на 2 години. Само кеш бајо.

Види, сфати го тоа вака - ако не можеш кеш да го купиш возилото не треба да го земеш ни на лизинг/кредит. Лизинг/кредит (зборувам за физички лица) им се исплати само на тие што веќе го имаат кешот ама имаат попаметен начин да го искористат и не сакаат да го врзат во нешто што губи 15% вредност годишно.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #204 на: 02 Септември 2024, 19:40:54 pm »
@andrejnaumovski
Па ако приходите се една просечна плата (некој јаде зелка, некој месо, заедно јадат сарми) тогаш 20% се 8390 ден, тука имаш пари само за гориво во реалност.

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #205 на: 02 Септември 2024, 19:45:57 pm »
Некогаш може и да е, има луѓе, (многу), кои се кнап а сакаат ново возило, земаат тоа што е најефтино и го возат 20-30 години. Не секој е лабав, да земе 30-40000 евра кола, месечно да плаќа 400е рата, каско 5-6 иљади евра во камата или по некоја година да го врати старо за ново, да доплати уште нешто па да си игра играчки пак. И така во весели кругови до крајот на животот.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #206 на: 02 Септември 2024, 19:55:19 pm »
@andrejnaumovski
Па ако приходите се една просечна плата (некој јаде зелка, некој месо, заедно јадат сарми) тогаш 20% се 8390 ден, тука имаш пари само за гориво во реалност.

https://autowelt.mk/vehicles/058133-renault-clio

100 евра рата со 25% учество. Ова беше првото што ми се најде. Не мора лизинг, земи потрошувачки за слична сума и купи друго возило во тој ценовен ранг. Слична ќе ти биде ратата.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2056
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #207 на: 02 Септември 2024, 20:04:02 pm »
Џабе се објаснуваш едноставно некои луѓе со сила ке му земеш неможеш да му ставиш тоа ти е пре ке вози каната и ке даде уште толку пари во нејзе и ке води инат,како вол во зелка запнат од колку да  стави месечно на страна 120,130 евра и да вози како човек нешто асално.Турците не биле луди коа не колнеле на бегање.Нема секој точно 10 илјади евра има 5 остали 5 на рата автомобил не е луксуз туку потреба во склад на човекот и неговите потреби од него.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #208 на: 02 Септември 2024, 20:16:27 pm »
Во северџанија се знае, прво е мама, колата па жената. Затоа јас не гледам зошто некој не би се заборчил за кола.

Отсутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #209 на: 02 Септември 2024, 20:22:02 pm »
@andrejnaumovski
Па ако приходите се една просечна плата (некој јаде зелка, некој месо, заедно јадат сарми) тогаш 20% се 8390 ден, тука имаш пари само за гориво во реалност.

https://autowelt.mk/vehicles/058133-renault-clio

100 евра рата со 25% учество. Ова беше првото што ми се најде. Не мора лизинг, земи потрошувачки за слична сума и купи друго возило во тој ценовен ранг. Слична ќе ти биде ратата.
6 години се многу за возило кое ќе му падне цената на пола во тој период...