Автор Тема: Купување возила на Лизинг или Кредит  (Прочитано 70147 пати)

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2057
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #210 на: 02 Септември 2024, 20:27:22 pm »
@andrejnaumovski
Па ако приходите се една просечна плата (некој јаде зелка, некој месо, заедно јадат сарми) тогаш 20% се 8390 ден, тука имаш пари само за гориво во реалност.

https://autowelt.mk/vehicles/058133-renault-clio

100 евра рата со 25% учество. Ова беше првото што ми се најде. Не мора лизинг, земи потрошувачки за слична сума и купи друго возило во тој ценовен ранг. Слична ќе ти биде ратата.
6 години се многу за возило кое ќе му падне цената на пола во тој период...

стегни душа...


Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #211 на: 02 Септември 2024, 20:31:19 pm »
@andrejnaumovski
Па ако приходите се една просечна плата (некој јаде зелка, некој месо, заедно јадат сарми) тогаш 20% се 8390 ден, тука имаш пари само за гориво во реалност.

https://autowelt.mk/vehicles/058133-renault-clio

100 евра рата со 25% учество. Ова беше првото што ми се најде. Не мора лизинг, земи потрошувачки за слична сума и купи друго возило во тој ценовен ранг. Слична ќе ти биде ратата.
6 години се многу за возило кое ќе му падне цената на пола во тој период...

Што е поарно, да даваш пола плата на автомобил?

Реалноста е дека со таа плата ако возилото ти е секојдневна потреба ти не си во можност да размислуваш за препродажна цена. Или збираш 3000 евра кеш и купуваш возило од 3000 евра, или даваш 2000 учество, 1000 ти остануваат за недајбоже и земаш рата од 120 евра.

Крајно неодговорно е на 700 евра колку што е просечна, 300-350 да ти одат на возило.


Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2057
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #212 на: 02 Септември 2024, 20:42:01 pm »
700 евра ако двајце се да ама од човек тешко 700 евра у макпетрол не зимат, једино девојчето несторче ако е завршило средно прегни/ вработи го во шумберт минимум 6 месеци да има у стопанска ке ти дадат до 10 без проблем  нека ти потпише земи 10 сома  за почеток и нешто до тој буџет ти не се потпишувај никаде ако те сака вистински....се останато ти е јасно веке ги гледаш работиве

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14287
  • Пудингот на шоферството
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #213 на: 02 Септември 2024, 20:55:59 pm »
Познаник пред некој месец купи Ц220 2016/17г,150-160Ккм за 27750€.
Го зеде на отплаќање без денар влог,на 7г мислам по 350€ месечно и последната рата му е околу 9000€.

Таа кола после 7г ќе биди 13-14г,а тој ќе треба да доплати 9К за кола која не вреди толку на пазарот(мада и да вреди не е битно).
Ако ги нема да ги плати,тогаш има опција и тие да продолжи да ги плаќа на рати уште 2-3-г како ќе договори таму со банката или авто-куќата.Ако се одлучи на тој чекор нему ќе му излези дека една половна кола ја плаќал 10-11г и со камати со се ќе дојди дека ја платил исто како нова од фабрика. ;D

Другиот пример подобро да не го ни споменувам. ;D

Во моментов очи ми имаат истечено од гледање коли,имам и за влог,можам да си дозволам и повисока рата без проблем,покрај сите мераци(рс,амг достижни се) ама мислам дека се надвор од моја лига.
Плус да лупнам 30-40К за кола која ќе дреми пред зграда, некако не сум расположен.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7385
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #214 на: 02 Септември 2024, 23:35:43 pm »
@MecheTo  брату отвори тема финансиски совети🤣

Отсутен Sase_91

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3838
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #215 на: 03 Септември 2024, 00:12:55 am »
Секој со сопствената математика за кола, кој како му одговара нека си зима. Ама за нова кола, до 6-7 год е греота да нема каско, особено со нашиве смешни суми за Каско од 300/400 евра годишно (со 500 еу франшиза). Со сума од едно седнување во кафана месечно се осигурува влогот од 10/15/20к евра кој што треба да не служат со години.
If everything seems under control, you're not going fast enough.  /  KKBA

Отсутен Sephiroth

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 405
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #216 на: 03 Септември 2024, 05:09:35 am »
За човек да има комотен живот и паричка за други работи, колата што ќе ја купи не треба да му биде повеќе од една годишна нето плата. А домот не повеќе од 5 годишни нето плати. Све над тоа е добра рецепта за банкрот (бавен). А да купиш нова кола од 20-40к евра и да не купиш каско, треба да си начисто луд...

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6737
  • Бенве сие бенве
Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #217 на: 03 Септември 2024, 07:57:12 am »
Раат ќе биде за возење ако те послушаат.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен kimi makedonski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2744
  • Слобода или смрт
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #218 на: 03 Септември 2024, 08:46:56 am »
Според некоја германска статија всушност за автомобилот беше 6 плати. Меѓутоа ова беше пред ненормалната автомобилска инфлација од последниве 4 години. Инаку некаде имам прочитано дека во југославија југо коштал 37 просечни плати.

Присутен nestor04

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5902
  • Шо да пишам тука?🤔
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #219 на: 03 Септември 2024, 09:01:40 am »
Фиќото било 8 директорски плати.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #220 на: 03 Септември 2024, 10:33:59 am »
За човек да има комотен живот и паричка за други работи, колата што ќе ја купи не треба да му биде повеќе од една годишна нето плата. А домот не повеќе од 5 годишни нето плати. Све над тоа е добра рецепта за банкрот (бавен). А да купиш нова кола од 20-40к евра и да не купиш каско, треба да си начисто луд...
Еве 12 години без каско ги истерав жив сум и јас и колата. Жими првата беше каско колку да не ме почеша ѓаолот. Моментално возилото помалце ми вреди  него  парите за каско шо би ги плаќал досега.
Каското ти покрива ако си абдал по твоја вина да ја направиш и уште неколку други глупости
-
" Разни настани, на коишто немате никакво влијание, како вонредни временски непогоди, природни незгоди, кражба,
непристојни однесувања на други лица и други посебни настани;

Настани во сообраќајот, за коишто лично сте одговорни.

Заради посебни настани: пад на летало, помош на повредени лица, попречување на поголеми штети на ствари (екстремна акција) "

Не ми падна Авион на возилото во овие 12 години и не го направив тоталка возејки пијан, за град носам заштита.
Ако ме потчукне некој има европски. За овие погорните работи ако се десат тури му Кур*т и на возилото и на самиот себеси.

Поарно една свеќа в црква ќе палам отколку да плаќам 500 евра годината за во случај да не ми падне авион на колата или ја прегазил тенк во акција.


« Последно менување: 03 Септември 2024, 10:45:27 am vladic3110 »
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #221 на: 03 Септември 2024, 10:37:44 am »
Сигурно знаеш што е каско осигурување, така? Те било кое осигурување и зашто некој го плаќа, кога е опционално, и зашто некој нејќе.

Присутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5548
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #222 на: 03 Септември 2024, 11:06:22 am »
Сигурно знаеш што е каско осигурување, така? Те било кое осигурување и зашто некој го плаќа, кога е опционално, и зашто некој нејќе.
Па пишав погоре зошто ЈАС лично никогаш не би платил. Секој со својата математика.
Да имав егзотично возило, некој добар беемвеец, Мерцедес Сув или нешто слично и да одам Бургас Бугарија на одмор. Не само Каско шо ќе извадам, и брава во летва ќе се мести и обд2 ќе се крие и на секое паракливче по пат ќе се крстам оти една од ставките во каското 90% ќе биде исполнета :D
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен ficomk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4218
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #223 на: 03 Септември 2024, 11:22:02 am »
Се разбираме, јас кога го пишав постот твојот не беше изменет, ама нема врска, јасно е.
Јас плаќам каско зашто не е некој голем трошок или товар на буџетот, и ме покрива од некои ризици, или штети по моја вина, или некои на кои немам влијание, како на пример кражба.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1000
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #224 на: 03 Септември 2024, 11:26:57 am »
Се разбираме, јас кога го пишав постот твојот не беше изменет, ама нема врска, јасно е.
Јас плаќам каско зашто не е некој голем трошок или товар на буџетот, и ме покрива од некои ризици, или штети по моја вина, или некои на кои немам влијание, како на пример кражба.

Немаше лани (или пред некоја година) огромен број на возила сериозно оштетени од град?