Автор Тема: Купување возила на Лизинг или Кредит  (Прочитано 67380 пати)

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6631
  • Бенве сие бенве
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #180 на: 02 Септември 2024, 06:33:03 am »
Не знам како било порано, но сега уште во првата рата ~2/3 од ратата е главница, 1/3 камата. Со секоја наредна рата делот на главница расте, делот на камата се намалува, додека вкупниот износ на ратата која се плаќа останува ист.
Еве од прилика колку евтино иде, ставив кола од 22000еур. Овде не гледам дека по завршувањето возилото треба да се откупи од компанијата. Има тука луѓе со факултет нека кажат колку по скапо доаѓа од парите на хауба.





Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #181 на: 02 Септември 2024, 07:23:48 am »
Од пазар чоек ти треба, со плајвас, не со факултет :) Вака од памет, без формули за теорија на релативитет испаѓа дека на лизинг компанијата ќе ѝ оставиш 26.000 евра за кола од 22.000 евра за 5 годишен договор. Овдека очигледно возилото се заложува во централен регистер на име на компанијата, а кога ќе истече лизинг договорот, се брише залогот од ЦР. 
« Последно менување: 02 Септември 2024, 07:30:44 am Simo - Carrier159 »

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1662
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #182 на: 02 Септември 2024, 07:54:46 am »
Ајде вака директна математика очигледно економистите слабо учеле па конобарска математика ефект:

Example

Купуваш Тојота корола цената на тојота е 20 илјади евра.

Идеш у тојота велиш јас работам во Кромберт имам плата 32илјади денари сакам да ја купам тојотата што е потребно и колку се ке ме излезе со учество и без учество месечено и колку години

Даваш 7илјади евра треба да вратиш уште 13 на колку години и колку е месечна рата

Не даваш учество имаш 20 илјади евра на колку години и месечна рата

Банката ке ти земе некои си 2 илјади евра камата на 20 илјади евра што ке ти одобри

Тојотата те кошта 22 илјади евра.

Годишен сервис филтер уље 100 еур.


Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1662
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #183 на: 02 Септември 2024, 07:56:34 am »
Ке прошетам нозе до шпаркасе ако стифнам денеска и точно на папир ке добиете одговор како што оди процедура мада мојата пресметка е таа

Присутен Power to the people

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6285
  • Медалист, Олимпијада за Сарказам Перу '98
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #184 на: 02 Септември 2024, 08:10:27 am »

Не даваш учество имаш 20 илјади евра на колку години и месечна рата

Банката ке ти земе некои си 2 илјади евра камата на 20 илјади евра што ке ти одобри

Тојотата те кошта 22 илјади евра.

Годишен сервис филтер уље 100 еур.

Добар виц, на 20,000€ најмалку 25 ќе вратиш.

Плус, 100€ ќе биди дома ако си го правиш сервисот.  ;D

Отсутен Simo - Carrier159

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43559
  • Il Moderatore
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #185 на: 02 Септември 2024, 08:11:01 am »
Со 32.000 денари плата сакаш кола од 20.000 евра да купиш?!

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Присутен andrejnaumovski

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 769
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #186 на: 02 Септември 2024, 08:15:17 am »
Да, за кредит е поизразено тоа со плаќањето камата првите години. 
Секако, ова важи за кредити кои се подолги, ако можеш да сервисираш кредит или лизинг од 3 години, тогаш не е така страшно.

Или така, или земаш на најдолг можен рок и го исплаќаш предвреме во кеш, ако можеш да си дозволиш тоа.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6414
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #187 на: 02 Септември 2024, 08:19:21 am »
Се додека каматата е во нормални размери не е ништо страшно. Ако ја земеш колата на 5 години веќе последните 2 во голема мера е исплатена каматата зошто на почетокот највеќе се исплаќа каматата во месечната рата а помалку главницата. Така да ако земеш оперативен лизинг на 5 години, возилото е 20.000 евра, даваш учество 20% односно 4.000 евра, остаточна вредност после 5 години е 30% односно 6.000 тогаш банката тебе те финансира 10.000 евра. Ако после 5 години ти можеш да го продадеш возилото за над 6.000 евра тогаш си во добивка. Ако го продадеш за 7.000, даваш 6.000 назад на банката и 1.000 во џеб. Ако неќеш да се замараш после 5 години го враќаш возилото и тоа е тоа. Или ако сакаш да го задржиш возилото тогаш го продолжуваш кредитот за уште 2 години или тие 6.000 евра ги даваш кеш и возилото е твое.

За тие што сакаат да возат нови возила најдобро е остаточната вредност да биде што повисока после завршеток на лизингот. Плаќаш помала месечна рата.

Јас голфот на пример го земав на оперативен лизинг со 20% учество на 5 години, па после на средина од кредитот исплатив уште 20% да ми се намали ратата и после го исплатив малце порано од 5 години

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1662
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #188 на: 02 Септември 2024, 08:21:40 am »
Да, за кредит е поизразено тоа со плаќањето камата првите години. 
Секако, ова важи за кредити кои се подолги, ако можеш да сервисираш кредит или лизинг од 3 години, тогаш не е така страшно.

Или така, или земаш на најдолг можен рок и го исплаќаш предвреме во кеш, ако можеш да си дозволиш тоа.
да на тоа и мислев

Отсутен Jimny

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1662
  • Skriven i ćutljiv crv rešeta moćno drvo.
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #189 на: 02 Септември 2024, 08:23:57 am »
Се додека каматата е во нормални размери не е ништо страшно. Ако ја земеш колата на 5 години веќе последните 2 во голема мера е исплатена каматата зошто на почетокот највеќе се исплаќа каматата во месечната рата а помалку главницата. Така да ако земеш оперативен лизинг на 5 години, возилото е 20.000 евра, даваш учество 20% односно 4.000 евра, остаточна вредност после 5 години е 30% односно 6.000 тогаш банката тебе те финансира 10.000 евра. Ако после 5 години ти можеш да го продадеш возилото за над 6.000 евра тогаш си во добивка. Ако го продадеш за 7.000, даваш 6.000 назад на банката и 1.000 во џеб. Ако неќеш да се замараш после 5 години го враќаш возилото и тоа е тоа. Или ако сакаш да го задржиш возилото тогаш го продолжуваш кредитот за уште 2 години или тие 6.000 евра ги даваш кеш и возилото е твое.

За тие што сакаат да возат нови возила најдобро е остаточната вредност да биде што повисока после завршеток на лизингот. Плаќаш помала месечна рата.

Јас голфот на пример го земав на оперативен лизинг со 20% учество на 5 години, па после на средина од кредитот исплатив уште 20% да ми се намали ратата и после го исплатив малце порано од 5 години
и можеш да кажеш колку ти излезе голфот пример ако е бил 21илјади на крајот кога се собра тотал колку излезе ?

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6414
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #190 на: 02 Септември 2024, 08:27:14 am »
Голфот беше 19300 мислам нов, кога го земав, тотал се собра 20.300 односно 1.000 евра камата за 5 години.

Отсутен MAPJAH

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6631
  • Бенве сие бенве
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #191 на: 02 Септември 2024, 09:01:49 am »
Ти го зема голфот кога колите беа евтини, а каматите смешни. Сега е друго време.


Sent from my iPhone using Tapatalk

Отсутен Спенсер

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7348
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #192 на: 02 Септември 2024, 09:23:22 am »
Голфот беше 19300 мислам нов, кога го земав, тотал се собра 20.300 односно 1.000 евра камата за 5 години.

Ако имаш кредит од 2%, топ е. Проблем е кај нас одат 4.5-5-6%..  ;D

Присутен Skywalker

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3664
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #193 на: 02 Септември 2024, 09:25:27 am »
Кај нас се 6-7-8% моментално :D

Веројатно слично е и низ другите земји пошо сите централни банки ја кренаа основната камата.
Lt. Commander Data: "I will always be puzzled by the human predilection for piloting vehicles at unsafe velocities"

Отсутен MecheTo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 14157
  • Пудингот на шоферството
Одг: Купување возила на Лизинг или Кредит
« Одговори #194 на: 02 Септември 2024, 09:25:33 am »
Моментално во Де за кола е 6-7 %...
2% беше за станови,за коли никогаш не било толку.
God created Turbo Lag to give VTECs a Chance! :D