Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 570910 пати)

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2070 на: 25 Јули 2017, 08:28:49 am »
Така така...лукоил, макпетрол и окта не чинеле ама од супертрејд било најбоље горивото, повеќе влечела колата  ::)
(Фотографијата е скриена. Кликни тука за да ја прикажеш..)
Не го елабориравме ова пред месец, месец ипол? И пред 5-6 дена пак?
Тоа што некој „бизнисмен“ решил да си го ујебе рејтингот после нецела година асално работење не значи дека сите горива во државава се исти. Пролистај ја темава, ќе видиш дека дури и на исти бензински, луѓе кои имале доверба во квалитетот на тие, им се случувале лоши работи кои „мистериозно“ исчезнуваче по следно точење на гориво.
Желбата на колата да и овозможиш најдобри услови за работа (меѓу другото, чисти филтри и квалитетно гориво) е побудена од тоа да си немаш поголеми проблеми со истата во животот.
Ти таму кај што живееш не знам како е, но веројатно си многу долго надвор од државава, па си заборавил како „функционира“ македонскиот бизнис.
Јас сум точел на сите бензински, со 166 и стилото, бензинот не правел некоја драма разлика. Но со 159-ката е друг муабет, прилично е осетлива на неквалитетно гориво. Најмал сомнеж дека нешто не е во ред со горивото, и менувам бензинска. Кај мене Супертрејд не се веќе во игра од поодамна. Не е дека развиваме култови спрема некои увозници, не си праите филмои тука :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2071 на: 25 Јули 2017, 09:17:40 am »
Ниту јас, ниту ти, ниту некој на форумов неможе да докаже дека супертрејд (пример) носи неквалитетно или квалитетно гориво. Но, факт е дека според официјални извори во 2017 они си увезувале нафта од Албанија, за истава што во Косово ја блокирале. Тука не е фер да прејудицираме, ама имаме сомнеж, толку.

Убаво си имаше напишано Саше_91
Цитат
Супертрејд има забрана за зимање на горива од Корал грција и продавање на истите под името Шел, забранава е уште од Октомври/Ноември, правеле некој дубари. Дали уште важи незнам, сепак на доста цистерни им беа одлепени по една или повеќе букви од шел за да се изгуби смислата на името. Информацијава ми е од другар кои што работи со горива и држи бензиски, он зимаше гориво од Супертрејд.

Исто како претходно, повторно може само да шпекулираме какви биле тие дубари. Едно е да увезеш шел гориво, а друго е што му правиш понатаму пред да го продадеш. Штом во Октомври/Ноември била таа забрана (2016-та година) тоа автоматски значи дека пред тој период се правеле тие дубари, што и да било. А тука на велико се фалеше горивото од Супертрејд цела 2016 година. Факт.

Ставајте си макпетрол/лукоил и терајте.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2072 на: 25 Јули 2017, 11:06:46 am »
Така де, немаме сите лаборатории по дома, па да испитуваме, затоа секоја (колку-толку релевантна) информација за квалитет или неквалитет на горивото треба да ја почитуваме, не дека се праиме експерти, споделуваме искуства, а не да покажуваме атитјуд...

Мене не ми треба лабораторија за да кажам дека србите имаат срање бензин, откако после 1800км извозени со германско гориво, кога стаив во србија 15-20л за до македонија, после кратко време ми светна чек енџин а дијагностиката си покажа „knock sensor out of ...(шо и да беше)“. Исто така, кога ја земав 159, тестирав со сите горива кај нас (од колку-толку нормални пумпи), меѓу нив и супер-трејд, пошто тогаш беа трет по големина увозник, со удел скоро колку лукоил, тестирав и 95-ки и високооктански, истото со палење на чек енџин, ми се деси со 95-ка од Luk, и еднаш со 98-ца од Окта (наточено на  премин Богородица).

Со помалку осетливите мотори на стилото и 166ката немав толкави проблеми, кај нив ептен кога ќе стаиш некое ѓубре што ја праи колата полошо да иде него на плин, јасно ти е дека треба што побрзо да надополниш на друга пумпа нешто поасално.

Кај некои коли пак, одговара некое гориво повеќе отколку друго, кое одговара на други коли. Eве конкретно кај дизлово приметуем, со лук повеќе километри, ама погруба е работата (и тро димче, ништо значајно, трактор е). Со макпетрол дизелот, го нема тој проблем, работата е потивка и помалце вибрации има, мада се осеќа малце поголема „неодлучност“ при газење, можда пласибо, можда не.
Знам пријател со 159 2.4 јтд кој наеба со гориво од Макпетрол, па празнеше резервоари, чистеше дизни, едната продужи да му тропка малце повеќе до ден денес, мада е у толеранции со корекциите, и не сака веќе никад да ги види макпетрол.. нема што сеа ја да го убедувам него дека макпетрол има поарно гориво од лук, кога чоекот имал најгадно искуство што може да ти се деси со гориво....

Тоа се моите 5 центи на темава, ако некој знае кај има квалитетна 98-ца или 100-ка која не содржи многу етанол, нека ми пријави :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Molec

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 4757
  • (Oo\(|||)°(|||)/oO)
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2073 на: 25 Јули 2017, 12:46:00 pm »
На атмосферски бензинец 1.4 со 109кс јас лично приметив маргинална разлика во бучава на мотор и повеќе/помалку сила на ниски обртаи од гориво до гориво. На турбо дизелов искрено не осеќам никаква разлика, а до сега никогаш не сум приметил да чади.

Сите што сум ги прашал локално сервисери, пумпаши...луѓе со повеќе коли (дизел/бензин) па и тука на форумов, сите ми кажале различни искуства и преференци. Единствен важен заклучок од сите совети/мислења е дека треба да се избегнуваат мали непознати брендови на бензински станици и да се точи на понови пумпи затоа што се таложи некое срање во резервоарите на пумпите, па колку постара пумпата толку повеќе талог. Тој талог бил штетен за модерните мотори, се затињале дизни, филтри итд.


Отсутен Lucinefer

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2074 на: 25 Јули 2017, 16:09:36 pm »
Глупаво е да се генерализира, дури и најдоброте брендови знаат да кикснат. Некој претходно добил впечаток дека ние македонците сме нихилисти... Да, се согласувам со тоа, ама стварно неможам да кажам дека имаме подобро гориво од грците, кога јебига неаме... Ете имаме подобри дупки на автопат а и бааѓи поголеми. Дали имаме лошо гориво? По стандардите што се пропишани, не би требало... Искрено се надевам... Тоа дека на некој му светнало check engine ваму или таму, може но и немора да биде чиста коенциденција. Многу е возможно дека дефектот веќе бил активен, фалеле 10км за да се манифестира со check engine. Доколу се отворат шел бензиски и се коректно контролирани, тогаш точно знам каде би полнел гориво.

Отсутен SaleSk

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6111
  • 69
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2075 на: 25 Јули 2017, 17:09:11 pm »
Нека отворат Шел претставништво, мене за директор па ке ви кажам дали е или не е добро :)
После ке ме благосиљате :)
Dusevno bolniot covek nikogas ne napagja bez pricina.Po toa se razlikuva od normalnite ludje.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2076 на: 25 Јули 2017, 17:19:11 pm »
Тоа дека на некој му светнало check engine ваму или таму, може но и немора да биде чиста коенциденција. Многу е возможно дека дефектот веќе бил активен, фалеле 10км за да се манифестира со check engine.

Битна е причината за „светнувањето“. Не е овербуст, нее е мисфајр, не е рандом, си пишува точно: нок сензорот не може веќе да го  ретардира палењето преку мапата, за да не дојде до спонтани детонации. Детонациите се јавуваат со максимално ретардирано палење.
Зошто е тоа така? Најверојатна причина е ниско ниво на октанската вреднност на горивото.
Зошто е ниска октанската вредност на горивото? Најверојатно затоа што некој во процесот од производство до дистрибуција не почитува стандарди, или сака да ќари со разни далавери и надеж дека „а бе нема да приметат 1т керозин у 10т бензин“ муабет.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен Lucinefer

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 18
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2077 на: 26 Јули 2017, 00:48:49 am »
Интересно, доколку е добиена таа грешка и притоа имаш исправен knock sensor, би требало да станува збор за лошо гориво со голема веројатност. На која бензиска си имал вакво искуство?

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43650
  • Il Moderatore
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2078 на: 26 Јули 2017, 01:20:46 am »
Да не беше исправен, во овие 2 и кусур години колку што ја имам колава ќе го сменев... Пишав погоре на кои пумпи и со кои горива, тоа беше пред 2 години. Сеа можда е време пак да свртам „тура“ по бензинскиве да видиме кој што ќе каже :)

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен marchesk

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 796
Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2079 на: 28 Јули 2017, 00:25:41 am »
Како што и мислев, пуштена лажна вест од големите со цел да се загрози угледот на оние што им зимаат залак. До некаде им се оствари. Верувам и со другите инволвирани е слична ситуацијата.

Отсутен vlatko.klp

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6447
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2080 на: 28 Јули 2017, 07:18:38 am »
Јас во текстов никаде не гледам БМ ОИЛ

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 788
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2081 на: 28 Јули 2017, 08:42:52 am »
Како што и мислев, пуштена лажна вест од големите со цел да се загрози угледот на оние што им зимаат залак. До некаде им се оствари. Верувам и со другите инволвирани е слична ситуацијата.

Од BM Oil полни некој? Како се тие со квалитет? Тие како што гледам не земаат од Supertrade туку увезуваат дирек од Coral - Грција
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен mkm

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1297
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2082 на: 29 Јули 2017, 00:13:49 am »
Пред Х време знам дека овластен сервисер на КИА имаше спор со Топ трејд ( каде што сум корисник и задоволен со квалитетот барем до сега) . Киата под гаранција, а сервисот тврдеше дека е од горивото. Ги познавам и едните и другите, ама приказнава со горивото не ми одеше во глава. Едниве тврдеа едно, другите со сертификати за квалитет тврдеа друго. Сега некако добива смисла. Не знам што да кажам, ама изгледа се е можно.

Отсутен achtung

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 6642
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2083 на: 29 Јули 2017, 00:25:21 am »
Легендата вели дека постоело некој овластен сервис во мкд што рекол дека не е до горивото...

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk


Отсутен zeroSignal

  • FEARLESS LEADER
  • Генерал Прва Класа
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 29604
    • CARclub.mk
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #2084 на: 29 Јули 2017, 11:03:45 am »
Горивата се дежурен кривец.