Од толку зборење за осетени разлики во горивата решив после подолго време повторно да пробам од друга пумпа, односно од Лукоил. Последна проба ми беше во 2012 или 2013 за да се исклучи факторот гориво како причина за блесавењето кај i10kata. 3 резервоари беа наточени, никаква разлика немаше, можеби нешто пониска потрошувачка, но сепак занемарливо.
Некни наточив бензин во i10 и не осетив ама баш никаква разлика во работењето на моторот, освен мирисот на бензин додека се точеше кој ми дојде некако поинтензивен

Сепак, ќе почекам уште барем 2 полнења за да исчезнат сите траги од претходното гориво за конечен суд.
Денес ставив дизел во i30, исто така никаква разлика во работа на моторот, и тука ќе почекам барем уште 2 резервоара полнење.
Ме изненади исчистената шофершајбна кога се вратив после плаќањето на каса, убав гест.
Дупло повеќе собрани поени отколку во МП кои мораат да се потрошат до крај на годината за да не пропаднат ко божем паметот ми е во поените цело време.