Морав да кликнам на Прикажи ми ја пораката за да одговорам на вакви идиотштини.
Не те разбирам дали стварно до толку си слеп или што е работава.
Погорното дискутирано и она што ми ги цитираш е после менување на акумулатор. Се збркаа/избришаа вредностите/меморијата и му требаше малку време на ECU-to повторно да почне да пресметува исто како и пред менување на акумулаторот.
Да објаснам малку посликовито пошто ти дефинитивно имаш некои проблеми како ги перципираш работите на форумов и си вадиш муабети од газот.
Ако range покажуваше XXX километри при ставање на иста количина гориво на исто преостанато гориво во резервоарот - после промена на акумулаторот таа бројка на range од XXX километри прилично се измени, за да после извесно време пак се врати како што покажуваше првично. Тука не станува збор во какви услови се вози колата или колку гориво има дополнето, па да дебатираме зошто range-от ги покажувал толку и толку, туку за ресетирање на ECU-то т.е се избриша почетната апроксимативна проценка.
Ништо повеќе, ништо помалку.
Значи да повторам - никогаш не сум зборел и дебатирал како работи, што означува и како функционира range пошто добро знам како работи, она што си ги цитирал погоре како прле пред магаре е пишувано зaтоа што се изменија вредностите после промена на акумулатор.
Aко ти не ја гледаш разликата во она за што се пожали членот bekanMEN и она што јас сум го пишувал - тука јас не можам да ти помогнам.
Сега е стварно последен пост кон тебе, немам намера повеќе да трошам букви, време и енергија на бесцелни ботови.
Покажувало повеќе, покажувало помалку, буљиш у ренџото брат 
И јас мислам дека имаш мала опсесија со членот погоре. Не ве познавам ни двајцата, ама се фаќаш за нешто скроз небитно секој негов пост, како да го следиш кога ќе пише и мораш да му вратиш.
Ништо лично и кон двајцата, само посматрано од страна така личи.
Ако темата е за одмор, ако немаш нешто убаво да напишеш, да додадеш,да пофалиш, зашто уопште си ја арчиш тастатурата, како малце да има негативна енергија секаде околу нас па мора и тука да се пљука. Ете има за тие работи фејсбук, твитер, КАМ....
Еве јас на пример со членот влатко.клп имаве некои расправии, ама се погоди да е дојден у државава, се начекавме на раскрсница со терање у три лепе со кршење ретровизори, дојдоа не раздвоија, седнавме секој у своја кола, мојата не запали, кај него се погоди да се упали чек енџин, заклучивме дека фолцваген е ѓубре и ја на шлеп, он у лимп моуд си продуживме по патот.