Чисто за споредба на темава:
1. Ставено на Лукоил пред две недели: 35.9L, изминати 577km, просечна потрошувачка 6.22L/100km
2. Ставено на Макпетрол пред една недела: 36.5L, изминати 581km, просечна потрошувачка 6.28L/100km
Возено во 99% исти услови и ист стил на возење. Просечната потрошувачка не е по борд (на борд ми дава 5.2L/100km), туку рачно.
Три дена Штип - Скопје - Штип и градска во Скопје додека излезам после Шарлота (истата рута), другото градска во Штип.
Единствена замерка е што не забележав колку покажуваше range на бордот пред да ставам првично на Лукоил т.е не знам колку имаше внатре отприлика пред да дополнам.
Пред да ставам минатата недела на Макпетрол покажуваше 45km range. Синоќа ставив пак на Макпетрол, пак на 45km range како и минатиот пат. Ќе видам неделава колку ќе пројде.
Претходно (до пред некој месец), просечната потрошувачка на Леонот беше од 5.7 - 5.9L/100km на истата рута. Не по борд, туку исто рачно. И во ова сум убеден.
Најдов еден мој пост од 13.08.2021:
Се вратив вчера од Крф.
Од ,,техничките" податоци за овој форум - поминати 1500km.
Од Штип до Игуменица 477km (преку Радовиш, Струмица, Богданци, ГП Богородица).
На островот извртени цирка 550km.
Просечна потрошувачка на Леонот покажа 4.8L/100km.
За островот и за моите впечатоци ќе пишам малку подетален пост во следниве денови.
Првична оценка 3.5/5. И овие 3.5 ќе беа многу да не беше градот.
Она 4.8L/100km е по борд, сега рачунајќи рачно колку сум ставил литри нафта севкупно - треба 5.8
Прво мислев дека некако колата не ми е во ред, сега веќе не. Мада имам проблеми со клапната пред усисна грана (треба да се исчисти неделава), може и тоа има влијание.
Не се во ред горивата, како и во цела Северџанија, впрочем.