Автор Тема: Квалитет на горивата во МК  (Прочитано 599953 пати)

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 612
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3120 на: 12 Април 2022, 13:50:52 pm »
Кои се ТТ?
Топ Трејд ваљда, едно време се збореше Шел нафта се носела таму. И јас пола тенк планирам* од таму да удрам, чисто за проверка.

Отсутен balanar

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 2297
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3121 на: 12 Април 2022, 13:53:10 pm »
Да се копирам од темата за Леонот од неќна:

Минатата недела ставив 35.9L од Лукоил и поминав 577km (од кои 480 Штип - Скопје (и низ Скопје) - Штип и другото низ Штип. На крај на борд пишуваше Range: 45km, што значи ептен на резерва.
Просечна потрошувачка на сето ова излегува 6.22L/100km. Очекував малку помалку, ама можеби и очекувано, со оглед на гужвите додека влезам/излезам од Скопје, како и на автопат не ја пазам баш со 110-120km/h.

Вчера ставив 36.5L пак од Макпетрол. Денес колата ми работи далеку посмирено и потивко. Она со сецкањето при забрзување го нема, ама тоа го дијагностициравме дека не е до горивото, ќе се среди.
Ќе видиме колкава ќе е потрошувачката неделава.

Јас сум запрепастен од разликата. Како да возам друга кола со друг мотор.
Претходно ставав на истата Макпетрол со месеци, последните неколку пати колата работеше понемирно (некако се погоди и мал сервис во јануари и малку сумњав на филтрите/маслото) и викам ај да сменам претходната недела од Лукоил. И таму беше слично во поглед на полоша смиреност, гласност и рамномерност.

Не знам што прават со горивава. Дали сеуште се прилагодени за поладно (денес е крчан) со адитивите што ги додаваат, дали е до batch-от што го нудат моментално - немам идеја.

Отсутен Mikius

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10243
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3122 на: 12 Април 2022, 13:58:19 pm »
Шо мотори возите бе толку осетливи

Sent from my SM-G770F using Tapatalk
Јас на времето со југото мака мачев со различни бензински пумпи, на крај излезе финта со топлотна вредност на свекиците, кој да знае ако нема кој да ти каже :)

Низ годините потоа, никаква разлика немам приметено, за на крај изминативе 15 години строго на МП и се си е у реду :D

Отсутен osmica8

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 11754
  • Архитект
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3123 на: 12 Април 2022, 14:16:17 pm »
Ставив јас пола резервоар за проба од ТТ.
Пола го потроши планирано, пола многу повеќе. Дали имаше врска дека ме фати снег па се мачеше колата, незнам.
Ама нема веќе да ставам на таа бензинска бензин.

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1996
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3124 на: 12 Април 2022, 14:22:58 pm »
@ivanxh стави од бензинската спроти зефљуш. До сега се од таму ставаме, се е ок.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен ivanxh

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 612
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3125 на: 12 Април 2022, 14:32:58 pm »
@ivanxh стави од бензинската спроти зефљуш. До сега се од таму ставаме, се е ок.
Што имаше таму, Макпетролот до АМСМ? Немам ставено до сега, но генерално од Лукоил точам повеќе во последно време.

Отсутен s1n1sa

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 458
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3126 на: 12 Април 2022, 19:40:20 pm »
Јас на елантрата ставам веќе пола година и топ си иде а што се однесува до макпетрол повеќе пола литро троши(бензин)
Hyundai Elantra 6th G

Отсутен AUUU

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 7124
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3127 на: 12 Април 2022, 21:36:12 pm »
А што е финтава со Макпетрол што на сите им троши помалце?

Отсутен bear

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1996
  • If you can dream it, you can do it.
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3128 на: 12 Април 2022, 21:47:56 pm »
@ivanxh стави од бензинската спроти зефљуш. До сега се од таму ставаме, се е ок.
Што имаше таму, Макпетролот до АМСМ? Немам ставено до сега, но генерално од Лукоил точам повеќе во последно време.

Амсм мислам пишува. Макпетрол кај тебе е, казнена бензиска, пред тумац.
Никогаш не вели никогаш.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 9119
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3129 на: 14 Април 2022, 14:30:55 pm »
Mene isto mi troshi od koga ja imam kolava i isto klokoti

Отсутен yarre

  • Bearing Expert
  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1343
  • www.lagermax.mk
    • LAGERMAX
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3130 на: 17 Април 2022, 21:04:14 pm »
Ставив пола резервоар ( на ептен празен претходно ) дизел „од подобриот“ на Топ Трејд. Брзо се приметува „помеко“ работење. Наводно дотурале адитив ( спрема пумпашот ) на тој „подобриот“.
Циркус и овие.

Отсутен andrejnaumovski

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1239
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3131 на: 18 Април 2022, 01:35:32 am »
Треба ова да се проба.


Спроед некои извори Мијалков носи Shell

https://faktor.mk/shel-vleguva-na-makedonskiot-pazar

Официјално во Македонија моментално има само 2 Shell бензински, тие кај Смоквица. Грчка Корал, што се официјални застапници за Shell во Грција, ги има купено од Мијалков. Таа во Пинтија сѐ уште не е официјално потврдена дека носи Shell, така да не си ризикувајте моторите.

https://orbicolubricants.com/%D1%88%D0%B5%D0%BB-%D0%B2%D0%BE-%D0%BC%D0%B0%D0%BA%D0%B5%D0%B4%D0%BE%D0%BD%D0%B8%D1%98%D0%B0/

Отсутен HoLfElDeR

  • Почетник
  • *
  • Пораки: 35
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3132 на: 18 Април 2022, 10:30:16 am »
Од Бирото за метрологија признаваат дека квалитетот на горивото е на минималните граници пропишани со закон, објаснувајќи дека трговците потоа мора да го додадат потребниот квалитет во октани кај бензините, а цетан кај дизелот. Од минатиот месец ги зголемиле излетите по барање на Пазарниот инспекторат, па сега излегуваат два пати неделно да земат по два примерока, но не објаснуваат зошто горивата во земјава се трошат побрзо во последно време.

https://alsat.mk/mk/vozachite-se-somnevaat-vo-gorivata-rezervoarot-poln-kilometrite-kratki/

Отсутен darkserial

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 792
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3133 на: 18 Април 2022, 11:02:47 am »
Ova se kazuva... Isto vozam, a razlicna potrosuvacka, i podolu situacijata e slicna, unazad godini, sega posledno 7-8l pocna da mi trosi..  :D

btw Makpetrol se pozanigde, tamu pak mi se pojavi grcenje, i neramnomerno zabrzuva, mozda dizna, turbo, neznam, a so naftata od lukoil toa se sredi..




Eve za sporedba od porano
« Последно менување: 18 Април 2022, 11:26:07 am darkserial »
VW Golf 5 1.9 TDI - 77kw - 2005

Отсутен AngelSK

  • Редовен
  • ***
  • Пораки: 1822
Одг: Квалитет на горивата во МК
« Одговори #3134 на: 18 Април 2022, 11:33:23 am »
Од Бирото за метрологија признаваат дека квалитетот на горивото е на минималните граници пропишани со закон, објаснувајќи дека трговците потоа мора да го додадат потребниот квалитет во октани кај бензините, а цетан кај дизелот. Од минатиот месец ги зголемиле излетите по барање на Пазарниот инспекторат, па сега излегуваат два пати неделно да земат по два примерока, но не објаснуваат зошто горивата во земјава се трошат побрзо во последно време.

https://alsat.mk/mk/vozachite-se-somnevaat-vo-gorivata-rezervoarot-poln-kilometrite-kratki/

Дома готвам на плин. Пред 10 години плинот ми готвеше многу брзо, далеку побрзо од струјата. Последниве години плинот е за никаде, ќе се изначекаш додека свариш кафе.