Викендов бев за Белград. Натанкав 98 октанско гориво од Окта. Возев околу 120/140 на темпомат со вклучена клима нон-стоп.
Возилото потроши неверојатни 8.3 литри просек до Белград.
Бидејќи ова ми се немаше случено никогаш претходно, а сум идел неколку пати до Белград прво се посомневав на некаков механички пропуст кај возилото. Бидејќи потрошувачката беше навистина висока. Нормално не успеав да детектирам никаква аномалија, и почнав да се сомневам на горивото.
На враќање ставив цел резервоар 100 октани од Еко Петрол на излез од Белград.
Со истото темпо на возење дури на места и малку побргу до Скопје возилото потроши 6.7 литри.
Така да Окта, не ме гледате веќе кај вас на пумпа. Можеби за сладолед или во Гала кујна, ама гориво НИКАД више од Окта не полнам.
Во моментов нај константен квалитет (кој не е нешто ептен за фалење, споредено со Шел бензинските од Бугарија, Грција) држи Макпетрол.
Топ Трејд почнаа да се пекмезат, те имаат, те немаат 100 октанско гориво, и решив да ги одбегнувам и нив.
На другите бензински, не точам гориво и немам коментар за нивниот производ.