Секоја бензинска има различен однос пропан/бутан на плинот. Да речеме дека во колата си имал плин од Макпетрол (кои имаат 60/40 однос пропан/бутан) и си отишол на штелување на мапата. Потоа, си ставил плин од Арачиново Петрол кои имаат 75/25 однос на пропан/бутан. Секако дека „вредностите“ на плинар ќе бидат лудница. Односиве ги лупам од памет.*
Затоа е препорачливо да одиш на штелување со плин кој планираш да го користиш најчесто со цел оптимално да работи моторот и целосно да согорува горивото. Живееш блиску до Нас Гас? Стави плин од таму, иди си на штелување. Живееш блиску до Лук/Макпетрол? Наполни таму, иди на штелка.
Јас кога ставив плински уред на Алфата, во боцата имаше плин од некоја локална бензинска и со тоа иницијалната мапа ја наштелувале на тоа гориво. ЕДИТ: На излегување од плинар, наточив фул боца за 1000 денара, да осетам и јас како е да исклучи пумпа а 1000 денара да платам. Перфекција работеше колата, ама после во Гостивар си точев на Макпетрол, и сецкаше, гушеше, пцуев и плин и кола и све. Со полна боца Макпетрол плин, отидов на штелување, ја дотера мапата, и од тогаш до денот кога ја продадов немаше никакви сецкања, гушења и проблеми.