Така де, немаме сите лаборатории по дома, па да испитуваме, затоа секоја (колку-толку релевантна) информација за квалитет или неквалитет на горивото треба да ја почитуваме, не дека се праиме експерти, споделуваме искуства, а не да покажуваме атитјуд...
Мене не ми треба лабораторија за да кажам дека србите имаат срање бензин, откако после 1800км извозени со германско гориво, кога стаив во србија 15-20л за до македонија, после кратко време ми светна чек енџин а дијагностиката си покажа „knock sensor out of ...(шо и да беше)“. Исто така, кога ја земав 159, тестирав со сите горива кај нас (од колку-толку нормални пумпи), меѓу нив и супер-трејд, пошто тогаш беа трет по големина увозник, со удел скоро колку лукоил, тестирав и 95-ки и високооктански, истото со палење на чек енџин, ми се деси со 95-ка од Luk, и еднаш со 98-ца од Окта (наточено на премин Богородица).
Со помалку осетливите мотори на стилото и 166ката немав толкави проблеми, кај нив ептен кога ќе стаиш некое ѓубре што ја праи колата полошо да иде него на плин, јасно ти е дека треба што побрзо да надополниш на друга пумпа нешто поасално.
Кај некои коли пак, одговара некое гориво повеќе отколку друго, кое одговара на други коли. Eве конкретно кај дизлово приметуем, со лук повеќе километри, ама погруба е работата (и тро димче, ништо значајно, трактор е). Со макпетрол дизелот, го нема тој проблем, работата е потивка и помалце вибрации има, мада се осеќа малце поголема „неодлучност“ при газење, можда пласибо, можда не.
Знам пријател со 159 2.4 јтд кој наеба со гориво од Макпетрол, па празнеше резервоари, чистеше дизни, едната продужи да му тропка малце повеќе до ден денес, мада е у толеранции со корекциите, и не сака веќе никад да ги види макпетрол.. нема што сеа ја да го убедувам него дека макпетрол има поарно гориво од лук, кога чоекот имал најгадно искуство што може да ти се деси со гориво....
Тоа се моите 5 центи на темава, ако некој знае кај има квалитетна 98-ца или 100-ка која не содржи многу етанол, нека ми пријави