31.03.2023 Монтирани 4 нови Michelin Primacy 4+ како летен сет.
Претходните Michelin Pilot Sport 4 беа фантстични пневматици, имаа уште месо за возење ама морав да ставам потивка туринг гума зашто колата буквално само на автопат ја возам во последниве 2 години и тоа на долги релации.
На Michelin Pilot Sport 4 им давам 9 од 10. Еден поен ќе го тргнам заради бучавост и тврдост на возење. Самото возило има доста круто потпирање и во комбинација со тие пневматици беше на моменти турбулентно со мали деца и пат со нерамнини. Фантастични се како пневматик, држат одлично и на суво и на влажно, ама не се за комбесто возило. Си бара туринг гума и самото потпирање. Веројатно на седан или хеч истата гума би била одличен избор 10/10 ама кај мене искуството беше такво. Би рекол презадоволен, ама со мало пре. преЗАДОВОЛЕН отприлика.
Ќе видиме како ќе се покажат новите Michelin Primacy 4+ DOT 1222.