Конечно да измерам и јас со новиот Голф.
Стигнав на локација со 83% батерија. Го ресетирав Since Start бројачот, ставив во Hybrid и тргнав.
Одлучив овој пат цело време да возам во Hybrid, со вклучен адаптивен темпомат и да си ја остаам колата сама да си брка работа. Резултатите се:
4.3 литри на 100 километри.
Мислам дека ако самиот ги контролирам работите и си играм со режимите на возење ќе успеам да извадам уште пониска потрошувачка, но и од ова сум сосем задоволен. Добиената потрошувачка е одлична. Просечната брзина ми ја потспуштија ептен лошото исклучување кон обиколница, пар таленти кои се претркуваа со 110-115 на саат и работните зафати на делот кај Дени Интернационал.
Едит: И едно сликиче од кај Белви, чисто онака.