Автор Тема: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence  (Прочитано 38341 пати)

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #60 на: 08 Октомври 2017, 03:22:46 am »
Реплики се бандажите, да имаш во предвид
И поевтини се во Дог Секјурити

Мене ме изневираа малку пошто ми кажаа цена од 700 евра за ноу нејм бандажи (инаку ОЗ Супертуризмо се 800), аааааама со попуст ќе ми ги дале за 530

Ќе погледнам и во дог. Колку се добри/лоши репликите? Има начин сам да проверам?

Отсутен marjanot

  • Следен од Hammond на Инстаграм.
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 10967
  • 430i
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #61 на: 08 Октомври 2017, 07:03:42 am »
Ваљда нема како да се провери, за зимски сет може и да се добри
Провери во Пнеуматик, имаат на попуст бандажи, Алесио има за 400-500 евра

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #62 на: 09 Октомври 2017, 01:27:21 am »
Како што ветив, и по примерот на неколку други луѓе на форумов, ќе дадам мој опис на искуството со Барселонецот во првите 6500км. Ќе пробам да покријам најразлични аспекти, затоа не гарантирам супер организиран пост. :)

Леонот стана мој верен сопатник на било каква релација, под било каков начин на возење, од подефанзивен, преку нормален и до секако спортски. Секој нов поглед и качување во него претставува задоволство, мислам дека го одбрав најдоброто за парите и душата во даденото време.

Ќе почнам од моторот и менувачот. 2.0 ТДИ прави мерак кога треба, а не троши (сигнификантно) повеќе од 1.6 ТДИ. Секогаш кога имам потреба да стиснам на гаста ми причинува задоволство и се полнам со адреналин, тоа најчесто на угорници. За другите денови имам комфорт и прецизно менување брзини. Троши 5л на 100, 6,x во град и кога и ја возам спортски. Индикаторот за менување брзини е од помош, а темпоматот се користи на подолги патувања. Ќе бидам искрен со себе и со форумот дека во следната кола си посакувам адаптивен темпомат, а и можеби ДСГ. Најверојатно ДСГ. Уствари, 100% сакам ДСГ, ќе подостарам до наредната кола.

Возењето на почеток ми беше малку тврдо, иако се одлучив за Ексленс, а не ФР изведба. Со тек на време ми стана нормално, седиштата се супер удобни и за на долг пат. Бриџстон Туренца се исто супер. Воланот е директен. Почнав да пазам повеќе на нашите дупки. За наредната колa: ДЦЦ. А да, и зборот Купра ми се врти на ум, али тоа може да биде и дводевна-рента за Нордшлајфе, не мора да се чека до наредната кола. :)

Просторноста е сосема доволна и за возење 5 лица од просечна градба на средно далечен пат. Инфотејнмент системот и внатрешниот амбиент се сосема пријатни и интуитивни за користење. Командите на воланот, посебно реглерите се многу корисни. Мекоста на кожата на воланот во однос на ФР е една од оние работи, кои највеќе ме фасцинираат. Кога сме веќе кај тоа, на врвот на таа листа се наоѓаат ФУЛ ЛЕД светлата, кои и по долг пат се грижат за мојата одмореност и тук таму некоја оќоравена лисица. Истите се многу подобрени во однос на пре-фејслифт моделот(Source - германскиот форум за Леон). Озвучувањето е доволно, но не е премиум. Не докупив Фул Линк (андроид ауто итн.), не добивам многу сега за сега во Македонија. За музика од телефон фали сиик командата и плејлистата не е претставена на големиот екран. Кога сме веќе кај него, супер е, иако користам навигација со држач. Амбиент светлата се пријатни, покрај сите други ЛЕД светла во кабината. Гласовните команди функциниораат супер, ги користам чат пат за повици, ама реглерите на воланот се тука за да изберам контакт од листа на повици. Спомнав дека ги обожавам нив? Плус и копче се. Нека ги има и во наредната кола.

Автоматската кочница и ауто холд се од помош. 2-3 пати ја имам несакајќи кренато на 2/3 кмч... лош звук се случува...

Читањето User Manual на плажа во Хрватска дополнително ги врежува прочитаните информации, и ги елиминира скоро сите прашања од типот: "Зошто инжењерите го направиле ова баш вака?"!

Не е се така розово и во мистерично синиот барселонец!

Па така, ќе почнам од т.н.  First World Problems!
  • Ауто Старт Стоп функцијата е уклучена по дифолт, нема опција да не биде така. Сега се учам да стискам две копчиња кога ја палам колата  :-[
  • Наслонот за рака меѓу седиштата не се укочува најдобро (Позиција: горе и најнапред).
  • УСБ Портите се потешко достапни, и уште не ми е јасно што мислел инжињерот.

Second World Problems:
  • Остануваат бели линии од бигор  под ретровизорите после перење. Пробав да ги сушам  ретровизорите со фен после перење,
     за да не остануваа вода во нив, не помогна. Згора на се, сега старите траги не излегуваат. Ми треба помош околу ова, ако некој има идеја  :(
  • Пак убавите на изглед ретровизори. Прават шум на брзини над 150кмч, посебно приметливи за патниците позади. Во Германија има ТПИ за тоа,
     и менуваат цел ретровизор, тука ќе имам уште трпение

Интеракција со сервисерот, Порше Скопје:
  • Веќе во првата недела се појави чудна резонанца која на прв впечаток доаѓаше од шалт таблата. По првата интервенција/ потрага по изворот, не се елиминираше звукот и ми беше кажано да дојдам пак после мојот  веќе планиран одмор, осигурувајќи ме дека не е сериозно и не доаѓа од моторот. Поминав две недели со звукот кој влезе во малиот мозок и за жал постави многу прашања во мене. Активно се прашував што е работата, и да не има некој дефект. Се јавуваше секогаш само на загреан мотор и меѓу 1900 и 2400 обртаи, така да ,при секое менување втора-трета. На вториот термин после одморот, во Порше Скопје пак се посветија, и по пола ден со мое присуство, проблемот се анулираше.  Ко***ето се вика цевка за клима, и е изолирано и замолчено. Секоја чест на мајсторот и одговорниот за сервис, кои целосно се посветија
  • Лакот на колата имаше 2-3 предели со флеки(ситни затемнувања). Истите беа експресно исполирани
  • Во катна гаража во Скопје ми се одби метална решетка од топсифон и го удри долниот дел од прагот каде што испадна малце боја. Естетски незабележливо, но поради заштита од понатамошна корозија истото ќе биде средено. За неодговорноста на ЈП Градски Паркинг во друг пост... 
  • Задоволен сум од интеракцијата со сервисот, решенијата и професионалноста. Сакав да ја продолжам гаранцијата на 3 години (наместо две),
     но ми беше кажано дека тоа и после само два месеци од купувањето не е веќе возможно. Прво таму прашав за фелни за зимски гуми, цените се прилично високи

Работи, кои што ќе треба да ги купам наскоро:
  • Фелни 16" + комплет зимски гуми
  • Подобри бришачи
  • Гумено корито за во гепек (веќе нарачано од Аутолукс)

Се на се, презадоволен сум!

Отсутен Dzo

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 3030
  • GTI®
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #63 на: 09 Октомври 2017, 06:15:55 am »
Совет, разгледај реклама пазар. Имаш доста втора рака бандажи оем, кои ке ги најдеш  скоро како нови по поефтина цена од новите кинески.

Отсутен Cuore Sportivo

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 17675
  • Alfa155 & AlfaGT
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #64 на: 09 Октомври 2017, 07:15:44 am »
За ретровизорите пробај дал се вртат надоле, најубаво така се цедат и после само пребришуваш..

Отсутен volenos

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 337
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #65 на: 09 Октомври 2017, 07:54:10 am »
Oдчичнo aутo брaвo. Нoвo си е нoвo

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #66 на: 19 Ноември 2017, 20:32:21 pm »
Барселонецот си доби carport :)

Отсутен Sashe90

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 718
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #67 на: 20 Ноември 2017, 23:05:26 pm »
Кров над глава, што би се рекло 😀

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #68 на: 02 Декември 2017, 09:02:08 am »
Прв сервис на 10160км. Момците од порше професионални.

Отсутен Simo - Carrier159

  • Сам свој мајстор
  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 43722
  • Il Moderatore
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #69 на: 02 Декември 2017, 09:33:27 am »
За 150е промена филтри и уље, доктори очекувам да бидат.

Auto ko i svaka Alfa automatski nevalja. Da je najbolji auto na svijetu - opet nevalja jer je Alfa.
Da Alfa nevalja će ti potvrdit SVI koji nikad nisu vozili istu. Jer da valja onda bi je vozili. A kako nisu - nevalja.

Отсутен MarceCvarce

  • Легенда
  • *****
  • Пораки: 8964
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #70 на: 02 Декември 2017, 10:01:46 am »
Наредниот со филтер за гориво скоро 11к денари ќе биде.

Брзо си направил 10к км нема некоја опција за лонг лајф сервисни интервали?

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #71 на: 02 Декември 2017, 10:18:44 am »
Наредниот со филтер за гориво скоро 11к денари ќе биде.

Брзо си направил 10к км нема некоја опција за лонг лајф сервисни интервали?
Мајсторот во работилница и сервисерот на деск имаат различни ставови (но не беше прашано во ист ден).

Со лонг-лајф уље мислиш или генерално да не биде на 10000км?

Мајсторот вика 10000км (нафтата у мк како аргумент)

Одговорниот сервисер неколку недели пред тоа рече: прв сервис на 10000км, после на секои 15000км (му кажав дека најверојатно ќе правам 30-50 ккм годишно).


Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #72 на: 02 Декември 2017, 10:31:18 am »
Зошто филтер за полен само шо ја зема колата,  во Рек да ја возеше нема време да се извалка доволно.
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html

Отсутен hanacloud

  • Јуниор
  • **
  • Пораки: 226
  • Barcelona Mystery Blue
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #73 на: 02 Декември 2017, 10:39:43 am »
Денес одлучувам за зимски сетап(ко за чудо после 1 месец тркалање).

Имам 3 опции:
1. Да останам на истите бандажи (17") и купам само гуми за нив, иако поскапи.
2. Да купам дедицирани не-кинески 16" ал. Фелни + гуми за нив.
3. Некој од вас да ми каже каде да најдам не-кинески 16" челични бандажи + да си купам гуми за нив.

За гума 95% Мишелин а5, 5% (конти, гудјиар, данлоп).

Секој совет е добредојден!

Зошто филтер за полен само шо ја зема колата,  во Рек да ја возеше нема време да се извалка доволно.
Не знам. Да не е таков протоколот за сервис?
« Последно менување: 02 Декември 2017, 10:47:24 am hanacloud »

Отсутен vladic3110

  • Сениор
  • ****
  • Пораки: 5558
Одг: Seat Leon 2.0 TDI Xcellence
« Одговори #74 на: 02 Декември 2017, 10:44:53 am »
@hanacloud Кајмене на меганот на секој втор сервис го менуваат
Renault Megane 3 1.6 100hp, Authentique
http://forum.carclub.mk/index.php/topic,19609.0.html