Денес, направив промена на маслото. Не направив километража ама го почитувам тоа правило на промена на масло на една година.
Во консултации со мајстор Жаре
одбравме мислам добро масло.
Се работи за Petronas 5W40 (Syntium 3000)
Според кажувањата на Жаре е доста погодено масло, особено за возила со DPF.
Први импресии во споредба со GM Dexos 2 е дека навистина има разлика во работењето на моторот.
Можда ми е субјективно чувство, но мислам дека работи за нијанса посмирено.
Сепак е рано да се кажи што како.
Проверив и предница, кочници. Кај предницата имам за промена на пролет, задна голема чаура на десна вилушка и долгата спона изгледа сомнително ама ќе се види убаво на пролет.
За сега нема никакви тропања и делува доста стегнато. Сепак на пролет ќе добие освежување.