Фала ви на сите, не очекував дека бојата ќе добие толку внимание.
Немаш вуфер фабрички во резервно тркало?
Види тие под седиште што се ставаат зошто и така е мал багажникот па да не си го скратуваш уште со вуфер.
Немам вуфер во резервно тркало. Се нудат тие за под седиште негде во Ск/мк?
Супер количе со среќа!
Во врска со андроид ауто/епл карплеј работи многу подобро во моментов на андроид ауто и е можеби најдобрите 180 евра што ќе ги инвестираш. Имаш навигација, спотифај и работи без проблеми. Само треба да видиш дали воопшто системот го имаат вградено како можност да се инсталира андроид ауто. Ако во менито го немаш како избор каде што ти бара код од официјален сервис а.к.а 180 евра, тогаш чаре нема.
За среќа го има како опција, е сега читам дека за офлајн мапи е блокирано, т.е. за офлајн навигација преку телефон во други земји каде што не би сакал да користам роаминг. Има ли некој совет за офлајн апликација за андроид?
Мене Alor Blue и Lima Green повеќе ми лежат за леончево, јер е такво фанки, му стојат дречливи бои, али и во оваа изведба е супер.
Алор блу и мене многу ми се свиѓа. Имаат таков во Порше, 2.0 ТДИ ФР со сите дополнителни опреми што може да му се стават на Леон... нави, озвучување, 18" фелни, сончев кров, фул лед, алкантра седишта итн. Ама 2016та е, и јас не сакав ФР.
Убаво изгледа, само тоа решетката предна хромирана не ми се допаѓа баш.
Јас би ти рекол тие 150 евра за андроидот да ги пренасочиш за спирали (можда ќе треба да се додаде уште некое евро ама вреди).
Мене ми се свиѓа баш тоа.
Што би добил со спиралите?
Со здравје да си го возиш, го глеав у салон коа беше, искрено многу по разумен избор коа за истата цена имаш 1.6 голф трендлајн, вака добиваш многу повеќе за парите(башка коа ќе видиш и едното и другото е голф, барем по мене).
Тоа и ме доведе до одлуката да земам леон. Поскап е од 1.6 трендлајн ама поефтин од 2.0 комфортлајн, а има повеќе опрема од вториот. Единствената "слабост" споредено со Голфот за мене се изгледот/квалитетот на материјалите на шалт табла. Дури и воланот на леонот има реглери, многу ми се функционални.
Исто така заклучив дека за тест возење пред купување нова кола се потребни два дена, а не 30-60мин. Толку многу работи воочив во првите два дена откако ја купив, за среќа скоро сите се позитивни.