Дојде време и јас да го претставам мојот Сеат Леон 2.0 ТДИ Екселенс. Благодарност до сите што ми помогнаа при изборот на нова кола на форумот, а посебно до класниот, кој ме поттикна уште еднаш да го погледнам Леонот, во повисоко ниво на опременост од референс.
Првите импресии се одлични,
Барселонецот има талент и во првите денови пријатно ме изненадува. Моторот е прилично забавен на ридски терени, и секако на автопат. За околу 10 дена ќе се оди на еуро-трип со него, па тогаш ќе се присоберат многу повеќе впечатоци.
Еве некои спецификации:
- 2.0 ТДИ 150 КС
- Рачен шесто степен менувач
- Фул Лед осветлување (мојот личен хајлајт до сега)
- Фабрички затемнети стакла
- 17" ал. фелни
- сензори напред и назад
- 8" Медиа систем плус
- предни седишта со лумбална поддршка
- темпомат
Се мислам дали да докупам Фул Линк поврзување за медиа системот (андроид ауто етц.), по странските форуми не се импресионирани. Би ме чинело околу 180еур.
Еве и неколку слики од салон и после регистрација: